домаКултурни дописиПроекција на филм: „The Hip – Brainstorm“

Проекција на филм: „The Hip – Brainstorm“

Социјалниот центар Дуња на 22.12.2023г со почеток од 19ч, организира проекција на филмот „The Hip – Brainstorm”, во режија на Јане Алтипармаков.

Како што се вели во описот на настанот „Јане Алтипармаков со својата режија не враќа во времето на една разгорена алтернативна музичка сцена во Македонија од која произлегуваат бендови кои својот печат го оставаат врз нашата музичката историја. The Hip и останатите музички групи кои се спомнуваат во филмот, направиле една прогресивна промена во младинската култура, а за нивното „раѓање “, патешествие како и ефектите на нивната музика кои перзистираат и денес, говорат бројни познати имиња од македонската алтернативна сцена. Анализата на нивните музички дела и текстови, како и анализата на општествено – политичкиот контекст во кој тие музичари твореле ќе ни овозможат една музичка едукација но и евоцирање на позитивни сензации испреплетени со носталгични чувства“.

Филмот ќе се прикаже со превод на англиски јазик. После проекцијата присутните ќе имаат можност да дискутираат околу филмот со режисерот. После дискусијата следува алтернативна рок музика и дружба.

Линк од настанот тука.

RELATED ARTICLES