Социјалниот центар Дуња оваа сабота (18.11) во 11:55 часот, организира протестен собир пред Владата.
Од Колективот велат:
-Ги поддржуваме барањата за итен прекин на нападот над Газа и операциите во Западниот Брег,
-Протестираме против угнетувањето и уништувањето на народот на Палестина.
-Протестираме и го изразуваме нашиот револт против срамната и нечовечна одлука на Владата со која не ја поддржа Резолуцијата на Обединетите Нации за хуманитарен прекин на огнот.
-Протестираме и бараме КРАЈ НА ОКУПАЦИЈАТА, ослободување на сите политички затвореници, враќање на бегалците во нивните домови, и постигнување на долготрајно решение за траен мир врз принципите на еднаквост, правичност и взаемно почитување“.
Овој протест е дел од серијата на активности кои ги организираат колективот и поддржувачите на С.Ц Дуња, што се однесуваат на палестинското прашање, држејќи ја темата отворена и во т.н мирнодопски услови. Имено, во текот на изминатиот месец беше проектиран документарниот филм „Газа се бори за слобода“ и беше одржана трибина на тема: „Палестина, Израел и ние“. Целта на овие настани секако е поддршка и солидаризирање со угнетениот палестински народ, но и давање на друга перспектива на реалноста, мотивите, начините и целите, кои стојат позади оваа стварност.
Пред две години во мај 2021г беше организиран и протстен собир на плоштадот Македонија во знак на поддршка и солидарност со палестинскиот народ.
Линкот од настанот може да го најдете тука.