Социјалниот центар Дуња, на 15.11.2023г со почеток од 19:30 часот организира трибина на тема „Палестина, Израел и ние“. Од колективот велат дека дискусијата ќе биде во насока да се информираме за моменталните состојби во Палестина и Израел и да продискутираме околу можностите за траен мир во Палестина и Израел, за нужноста за надминување на воспоставениот апартхејтски режим и за ослободувањето од него на луѓето таму, Палестинци и Израелци. Ќе се разговара и околу нашата одговорност да се вклучиме во интернационалниот притисок за стопирање на војната.
Оваа трибина се организира поради тоа што Израелската агресија на Газа и Западниот Брег продолжува. Безброј недолжни цивили се убиени. Во Газа во просек на секои 10 минути убиваат дете. Светските центри на моќ и многу извикани борци за човековите права молчат пред злосторствата на израелскиот режим. Но обичните луѓе ширум светот, како ретко кога, излегоа на улиците и бараат итен прекин на воените дејствија.
Од Колективот на С.Ц Дуња, исто велат дека дискусијата ќе биде и најава на протестот за солидарност со народот на Палестина, кој ќе се одржи во сабота (18.11.2023) во пет до дванаесет пред Влада.
Линк од целосниот настан може да најдете тука.