домаКултурни дописи7 години С.Ц Дуња

7 години С.Ц Дуња

На 6-ти октомври оваа година, се навршуваат 7 години од отварањето на социјалниот центар Дуња.


Социјалниот центар Дуња, активно учествува во борби кои имаат за цел коренити општествено-економски промени, преку штрајкови, протести и блокади, а преку активностите во центарот се труди да покаже дека друг вид на социјализација е возможна, искрена, блиска и другарска. Така, преку многуте проекции на филмови и документарни, преку поетски читања и дискусии, преку акциите на размена и донирање и преку заедничарењето, како основен облик на еднаквоста, Колективот и поддржувачите на С.Ц Дуња, успеаја од жолтата куќичка да изградат едно мало општество, налик на она за кое се борат. Седум години во С.Ц Дуња се негува духот на отпорот и борбата, учејќи ја истрајност.

Седмиот роденден ќе биде одбележан дводневна програма:

Петок (06.10):
20:00 – 23:00 ќе настапат Die Angst (post-positive-punk) кои доаѓаат од Берлин, Германија. А како локална поддршка ќе настапат Vagina Corporation (garage rock, kraut rock, post-punk). Влезот е препорачана донација од 150 денари за артистите.

Сабота (07.10):
16:30 – 18:30 Проекција и дискусија: „Капитализмот уби (најмалку) 3.4 милијарди луѓе“
„Се вели дека комунизмот уби над 100.000.000 луѓе во текот на само 70 години. Во современиот политички дискурс, ова тврдење се користи како главен аргумент против наводната брутална и авторитарна тиранија на социјализмот во 20 век. Како и повеќето други регургитирани антикомунистички фрази, и оваа не содржи интелектуална искреност или кохерентна аргументација.
Во вториот дел, ќе бидат претставени истражувања и анализи, користејќи слична, но сепак поискрена логика, за да се пресмета сеопфатен биланс на загинати во капиталистичкиот систем, како споредба со обвиненијата кои се нафрлени на социјализмот.

18:30 – 19:00 Отварање на групна уметничка изложба

19:00 – 21:00 Работилница: „Културната индустрија и капитализмот“
Критичката теорија отстапува на многу начини од традиционалниот марксизам. Во структурализмот и Франкфуртската школа, овие разлики се гледаат во новите концепти, термини и гледишта.

21:00 – 23:00 Друштвени игри, музика и дружба 

Целосниот настан може да го најдете тука.

RELATED ARTICLES