На 11 септември 2023 година се навршуваат 50 години од воениот удар во Чиле. Годишнината е важна не само затоа што пучот собори социјалистичка влада и инсталира брутална воена диктатура во Чиле. Туку и затоа што со пучот отпочна неолибералистичкиот експеримент во светски рамки, што предизвика огромно страдање и огромна концентрација на богатството во рацете на најбогатиот 1%. Капиталистичката пропаганда сака да тврди дека експериментот започнал со Тачер и Реган, во „демократските“ држави. Но, реалноста е дека експериментот започна со диктатурата во Чиле и дека нему постојано му требаше насилството на државата за да ја „шири слободата на пазарот.“ Толку од пропагандниот наратив за „потиснување на државата“ на пазарните екстремисти!
Годишнината ќе биде одбележана со прикажување документарен филм во С.Ц Дуња, по што ќе следува дискусија. Ќе биде прикажан документарниот филм „Другиот 11 Септември“, во кој се реконструираат настаните од кобниот ден за Чиле и за целиот свет (вклучително и за нас). Во него свои спомени споделуваат луѓе што биле со претседателот Салвадор Аљенде до самата негова смрт: неговата ќерка, неговиот лекар, неговите телохранители, како и останати сведоци на тоа како се гази демократијата секогаш кога таа не им одговара на „демократските“ центрите на моќ.
Документарецот ќе биде прикажан на англиски јазик.