домаКултурни дописиFILM WEEKEND ROJAVA се одржа во СЦ Дуња

FILM WEEKEND ROJAVA се одржа во СЦ Дуња

Изминатиот викенд во организација на Социјален центар Дуња, се одржа дводневниот настан насловен „ROJAVA FILM WEEKED“.

Првиот ден се проектираше филмот „Kobane“, кој е курдски воен филм и се однесува на опсадата на Кобане и борбата која се водеше од октомври 2014 до јануари 2015 година меѓу курдските Единици за одбрана на народот (YPG) и Единиците за заштита на жените (YPJ) против Исламската држава. Филмот е продуциран од страна на Филмската комуна Рожава, а е снимен во Ал-Тавра и Тебка во Сирија. Во филмот најголем фокус е даден на улогата на курдските жени во герисликте борби.

Вториот ден се прикажуваше документарниот филм Jiyan’s story, кој го отсликува животот на Џијан. На почетокот на Арапската пролет, таа се приклучува на протестите против Асад, а подоцна го брани регионот од Исламската држава како герилски борец. Таа се бори не само за независност на Рожава, туку пред се и за независност на жената.

Присутните имаа можност да ја слушнат презентацијата на член на Академијата за демократски модернизам, во однос на историскиот контекст за развој на курдското движење, за демократскиот конфедерализам за надминување на државата и капитализот, за практичната имплементација и актуелната состојба.

Двата дена беа проследени со дискусија, каде се отворија теми за тоа, дали е можна таква трансформација на општеството да се случи и во други земји, за клучноста на учеството на жените во борбата, за функционирањето на системот на комуни, за заедничарењето, солидарноста и отпорот како најсилни алатки во борбата против капитализмот.

Во 2012 година, во пресрет на сириската граѓанска војна во северна Сирија, се појави Демократската федерација на Рожава. Нејзината главна цел не беше формирање на курдска држава во Сирија, туку општество засновано на родова еднаквост, заштита на природата и основната демократија. Овој утописки обид од самиот почеток беше придружен од уметничкиот медиум на филмот.

Ако катастрофалната војна во Сирија донесе и нешто добро со себе, тогаш тоа е радикално трансформираната улога на жените на Блискиот Исток, поточно во курдската Рожава.

RELATED ARTICLES