ВЛАДАТА САМОВОЛНО ГИ СПОИЛА КОНЦЕСИИТЕ ЗА РУДНИКОТ ИЛОВИЦА – ТАКВИОТ ПРЕДЛОГ Е ОТФРЛЕН ОД СУДОТ!
Криминоген чин и демонстрација на самоволие – вака ја оценуваат активистите против рудници одлуката на Владата да ги спои концесиите на Еуромакс за рудникот Иловица. Според објавената пресуда, таквиот предлог е отфрлен од Управниот суд, но, сепак, Владата донесе одлука за спојување која пак, не се појави во известувањата од одржаната владина седница, туку директно во Службен весник.
Активистите сметаат дека владејачката партија СДСМ е во паника по силниот отпор на граѓаните против последните случувања со рудникот, како и вклучувањето на тетовски Еколог во целата приказна. Затоа повикот за референдумска разврска на иднината на рудникот Иловица го сметаат за чиста манипулација. Претходно, резултатите од локалните референдуми што се одржаа во неколку општини во Југоистокот се прогласија за неуставни, според одлуката на Уставен суд.
Активистите против рудници организираат голем протест овој викенд во Струмица. Повикуваат на поддршка од граѓаните и блокирање на централната раскрсница во Струмица кај трговскиот центар Глобал.”
Почитувани жители на Македонија, соборци, сограѓани, без разлика на пол, вера, социјален статус, политичка и било каква друга определба, на Струмичката Котлина ѝ се заканува грозоморно убиство! Со последниот потег на корумпираните судови и Владата, рударските корпорации се на чекор да го отворат геноцидниот и екоцидниот проект рудникот „Иловица-Штука“!
После алармантната вест за спојувањето на концесиите, реакциите на здраво-разумните луѓе не стивнуваат! Нивниот и нашиот став е кристално јасен – ќе се бориме до крај!
Во знак на протест на неразумната одлука, ве повикуваме СИТЕ ЗАЕДНО да го изразиме нашиот револт за да ја одбраниме Струмичката Котлина, (нејзините животоносни продукти, а со тоа и цела Македонија!) од алчните злосторници и нивните соработници, кои со отворањето на рудникот, подмолно и беспоштедно сакаат да нѝ ги отрујат трите основни извори за живот: водата, почвата и воздухот! А тоа води до трајно исселување од нашите огништа и засекогаш да ја напуштиме нашата котлина преполна со живот!
Затоа, ги повикуваме сите поединци, граѓански здруженија, спортски, велосипедски, планинарски, моторџиски и разни организации од Струмичката Котлина, од Југоистокот и од цела Македонија на ПРОТЕСТНА БЛОКАДА во Струмица!
Време е да ја земеме судбината во свои раце и јасно да им ставиме на знаење дека никаков рудник за злато и бакар нема да има во Иловица-Штука!
Освен граѓаните, повик е упатен и до функционерите и политичките претставници:
До сите свесни и совесни градоначалници, советници, пратеници од Југоисточна Македонија:
Ова што се случуваше изминатите 7 години и она што ќе се случува во следните месеци е само рефлексија и одговор на севкупната состојба во државата која целосно се распаѓа во морето на криминал и корупција и за која одговорност пред се имаат политичките елити на секое ниво!
Принудени сме да се браниме со сите расположливи средства и методи затоа што во Македонија веќе подолго време НЕ ПОСТОИ правен систем и правен поредок кој треба и мора да ги заштити граѓаните токму од вакви тешки злоупотреби на манипулативни и бескрупулозни функционери кои се целосно распуштени и без контрола, опиени од моќта поради контролата која ја имаат врз механизмите на власта.
Рудникот на смртта Иловица-Штука е зло кое мора да биде запрено и тука сите сме на јасно освен оние што имаат намера да профитираат врз маката на сите жители во Југоисточна Македонија!
Затоа испраќаме порака до сите, кратко и јасно:
ОНОЈ КОЈ НЕМА ДА СЕ ПОЈАВИ И ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ РУДНИКОТ НА СМРТТА ИЛОВИЦА-ШТУКА ОВАА САБОТА, ИЧ ДА НЕ СЕ МАЧИ ДА СЕ ПОЈАВУВА НА БИЛО КАКВИ ПОЛИТИЧКИ СОБИРИ ПОВЕЌЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА!!!
За оние што нема да се појават и да го поддржат протестот, ефектите за нив ќе бидат поразителни во политичка и морална смисла. Од постојано масовно и организирано повикување на одговорност секаде и секогаш, а особено во предизборна кампања, со отворена крајна цел да бидат одбележани како луди политички паразити кои го убиваат домаќинот што ги храни. Значи бетер од паразити! Оние што следат луди политики против здравјето и животите на граѓаните не смеат повеќе да бидат дел од некаква владејачка структура на било кое ниво!
Не постои неутралност, не постои компромис, постои само избор за или против рудникот на смртта Иловица-Штука!
Се гледаме во сабота 15ти ЈУЛИ 2023, со почеток во 11:00 пред Глобал во Струмица!
РУДНИК НЕМА ДА ИМА!