Второ Азно организира летна размена на облека во Социјалниот центар Дуња, која ќе се одржи на 15.07.2023 година, со почеток од 19 до 21 часот.
Зошто претпочитаме облека од втора рака? Поради следните факти:
-Текстилната индустрија користи околку 79493647464000 литри вода годишно.
-Користи 20.000 хемикалии за производство и боење на текстилот, од кои повеќето се карциногени, а се отпуштаат во водите.
-Со согорување јаглен со цел добивање енергија за производство на текстил, фабриките испуштаат околу три милијарди тони саѓи, кои предизвикуваат загадување на воздухот, респираторни проблеми и срцеви болести.
-повеќето текстилни фабрики се наоѓаат во т.н. земји од трет свет, каде што дополнително се загрозува животниот стандард, животната средина и се врши континуирана експлоатација на ефтина работна сила.
На настанот ќе се разменуваат летните парчиња, како што се вели во самиот опис, време е за сезонска чистка на плакарите и наоѓање нови омилени парчиња! Нема ограничување во однос на земање/оставање – единствен услов е облеката да биде испрана и во уредна состојба.
Се нагласува дека настанот не е од донаторски или хуманитарен карактер.
Облеката од која само сакате да се ослободите или не е во употреблива состојба нема да биде прифатена.
П.с Оставете донација за поддршка на независниот простор кој ни овозможува да организираме ваков настан.