домаВестиПротест на работниците во ЈП „Комунална хигиена“

Протест на работниците во ЈП „Комунална хигиена“

Вработените во ЈП „Комунална хигиена“ веќе неколку дена протестираат и бараат повисоки плати, подобри работни услови, исплата на К15 и враќање на отпуштените колеги од работа. Синоќа, исто така излегоа на протест, но протестот по барање на директорката на претпријатието беше „посетен“ од страна на полицијата, во чија придружба стигната и самата таа.
Иако директорката со полициска придружба ги замолила работниците да излезат на терен и работат, тие кажале дека сепак нема да го сторат тоа, се додека не се исполнат нивните барање.
Работниците изјавуваат:
Директорката дојде со полиција да не однесе на работа. Зошто повикала специјална единица, никој не и се заканувал, ние имаме наши барања и не одиме на работа додека не се исполнат.“
„Јас 35 години сум овде, не ни требаат специјлни единици за да работиме. Ние тука храниме семејства, не сме криминалци
“.

Со остра реакција настапи Сојузот на синдикатите на Македонија, од каде изразија поддршка на работниците и осуда кон раководството на ЈП „Комунална хигиена“. „Сојузот на синдикатите на Македонија најостро ги осудува заканите кон вработените во Комунална хигиена Скопје по објавеното видео во медиумите каде што се слуша како Директорката на Комунална хигиена упатува закани и навреди кон вработените. Истовремено, ССМ најостро го осудува потегот на раководството да избрка од работа поголема група на вработени како и да го избрка од работа претседателот на Синдикатот на Комунална хигиена при СУТКОЗ, Дели Дардишта, кој има над 30 години работно искуство и тоа исклучиво поради синдикалната борба која ја води за работниците. Укажуваме дека на Претседател на синдикат не може и не смее да му се откажува договор за вработување и дека ССМ ќе ги искористи сите расположливи механизми за заштита на Претседателот Дели Дардишта од нечовечкиот однос на раководството во ЈП Комунална хигиена. Последната одлука на раководството, кога според работниците, без никаква причина не им се продолжени договорите на десетици нивни колеги а многумина бидејќи протестирале во минатото добиле опомена за отказ, само ја прелила чашата, а апелираме функционерите нивната неспособност да не ја кријат со обвинувања кон вработените.

Потсетуваме дека работниците во комуналните претпријатија низ државата се едни од најексплоатираните и најугнетените работници, кои долги години работат преку договори на дело, и на истие не им се исплаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Многу често платите им се доцнат и по четири или пет месеци, а при нивните обиди за протест или штрајк, се заплашувани дека нема да им бидат продолжени договорите. Таков беше и случајот со работниците во ЈП „Комунална хигиена“ Гостивар, каде и во овие моменти на работниците им се должат мајмалку две плати.

Протестите на работниците од ЈП „Комунална хигиена“, продолжуваат во Скопје.

RELATED ARTICLES