домаКултурни дописиНова средба на Читачкиот клуб при КСП „Јадро“

Нова средба на Читачкиот клуб при КСП „Јадро“

Насловна страна на „Критичка психологија“, уредена од Иан Паркер
Насловна страна на „Критичка психологија“, уредена од Иан Паркер

Почитувана публика, Читачкиот клуб при КСП „Јадро“ ја најави новата средба за утре – 14 Јуни, 2023 г., со почеток во 19:00 ч. Сите заинтересирани може да отидат и да го посетат Клубот, да слушнат некои нови предизвици на полето на психологијата, односно критичката психологија и да ги збогатат своите согледувања кон хуманистиката како наука и како практика. Во прилог е поставен повикот за средбата:

„Нова средба на читачкиот клуб за критичка психологија во Центар-Јадро!

Утре (среда), со почеток во 19:00 часот ќе се одржи нова средба на Читачкиот клуб за Критичка психологија при КСП „Центар-Јадро“ на која што ќе се дискутираaт есеи од книгата „Прирачник за критичка психологија“ чиј уредник е Иан Паркер.

Секој кој е заинтересиран за психологијата, критичката психологија, психотерапијата, психијатријата е добредојден да учествува на некаков начин на средбата, а слободно може и да ја проследи.

Во време кога особено се потенцира да се внимава на менталното здравје е од претерана важност да се расправа за дисциплините што нудат третман за подобрување на душевната состојба на човекот.

Ова се есеите кои ќе се дискутираат утре:

– Емоција: поместување oтаде мејнстримот од Пол Стенер;

– Биолошки и еволутивни психологии: лимитот на критичката психологија од Џон Кромби;

– Личност: технологија, комодификација и патологија од Кина Милс;

– Теорија на активност: теорија и практика од Манолис Дафермос.

За Иан Паркер

Паркер е еден од најважните современи критичари на конвенционалната психологија. Автор е на 25 книги, кои му носат огромна репутација во областа на критичката психологија, марксистичката психологија и психоаналитичката теорија. Тој е соработник на Bританското психолошко здружение, почесен професор на Универзитетот во Лестер и уредник на Annual Review of Critical Psychology. Паркер, исто така, е практикант психоаналитичар и член на Центарот за Фројдовска Анализа и Истражување и на Лондонското здружение на Новата Лаканска школа.

Тема за оваа сезона: Критичка психологија.

Критичката психологија, во суштина е дисциплина што се занимава со преиспитување на позициите на академската и практичката психологија, но претставува плуралност на идеи, учења, ставови и нови практики за поопширно разгледување на нечии психолошки предизвици и проблеми. Критичката психологија е насочена кон тоа што традиционално се поима како социјална психологија и го анализира контекстот во којшто човекот кој се судрува со одредени проблеми се наоѓа. Критичката психологија не е само научна дисциплина, изземена од општествените текови, туку таа е и политичка алатка за надминување на системските недостатоци во поглед на создавањето на луѓе кои ќе бидат третирани како луѓе со лични психолошки проблеми.

Самото основање на психологијата како наука е проткаено со низа предизвици, од една страна како дисциплина се наоѓа на крстопатот во поглед на самиот зачеток на хуманистиката и општествените науки, а од друга страна се обидува да се воспостави како сигурна, односно егзактна наука врз основа на позитивизмот ново-воспоставената епистемологија.“

RELATED ARTICLES