домаКултурни дописиПроекција на „Сако и Ванцети“ во „Дуња“

Проекција на „Сако и Ванцети“ во „Дуња“

Постер за проекцијата на „Сако и Ванцети“ во „Дуња“
Постер за проекцијата на „Сако и Ванцети“ во „Дуња“

Почитувана публика, овој четврток, на 15 Јуни, 2023 г., со почеток во 20:00 ч. ќе биде прикажана проекција на италијанскиот филм „Сако и Ванцети“ во Социјалниот центар „Дуња“. Поттикнати од империјалистичките војни во светот, а особено војната во Украина колективот на „Дуња“ реши низ проекција на филм и низ дискусија да расправа и за овие особено важни прашања. Во прилог целиот текст од повикот за настанот:

„Го прикажуваме овој филм за да протестираме против војната во Украина, во која завојуваните страни арчат човечки животи како потрошен материјал, експлодираат гасоводи и брани, го делат светот на два непријателски блока. Тоа што тие се борат за превласт и над малото селце што ги носи имињата на Сако и Ванцети, валкајќи го нивниот спомен, е дополнителен повод да бидеме против оваа војна.

Го прикажуваме овој филм за да протестираме и против историскиот наратив што ја издигнува Нацијата како единствен субјект на Историјата и се’ друго фрла на маргините. Нема никаков аксиоматски доказ дека Нацијата е субјектот на Историјата. Постои историја на Човечката еманципација и борбата за похуман свет, а во таа наша историја свое заслужено место, меѓу безбројните други борци, заземаат и Сако и Ванцети.

Го прикажуваме овој филм и поради самите Бартоломео Ванцети и Никола Сако. Борците за похуман свет не смеат да ги заборават овие двајца анархисти, обични работници, кои капиталистичката држава во САД ги осудила на смрт и ги егзекутирала на електрична столица во 1927 година фактички зашто се дрзнале да се борат за почовечен систем од капиталистичкиот.

Филмот е на италијански јазик, а ќе биде прикажан со англиски превод.“

Одете, гледајте и расправајте за подобро утре.

RELATED ARTICLES