домаФоторепортажаУништувањето на Водно од страна на државата и претприемачите

Уништувањето на Водно од страна на државата и претприемачите

Водно е познат како дом на природата, планина исполнета со флора и фауна, некои видови кои се ендемични за тоа подрачје. Пред втората светска војна, тоа не било случај. Планината немала никаква вегетација, но после војната, македонската власт во склоп на СФРЈ засадила огромен број на дрвја и растенија за да поттикне развој на животната средина.
Но денес, имаме комплетно различен пристап на Водно. Наместо да се негуваат и одгледува флората и фауната, тие се уништуваат. Во последните две три декади, отсечени се небројни дрва со цел државата да ги реализира нејзините проекти или пак во интерес на приватни претприемачи, градење на хотели за „престижниот поглед”. Голем дел, ако не и цело долно Водно е уништено и исполнето со хотели и куќи за луѓето од повисоката класа кои можат да си го дозволат овој луксуз. Сликите подолу се претстава за денешната состојба на Водно:

Фоторепортажата ја изработи Натрикс.

RELATED ARTICLES