домаВестиНапад на „Црни ован“ и „ЦК13“ на денот на Победата над фашизмот

Напад на „Црни ован“ и „ЦК13“ на денот на Победата над фашизмот

Младинскиот центар „ЦК13“ и „Црни Ован“ во Нови Сад, синоќа повторно беа мета на организиран напад.

Овие два локали имаат јасни антифашистички позиции и се меѓу ретките места кои нудат алтернативен начин на социјализација. Локалите се познати по организирање антифашистички трибини, активистички работилници и хуманитарни акции. Поради ова, често се соочуваат со напади од страна на неонацистите. Тоа беше случај и синоќа, кога група од седуммина напаѓачи кои имале фашистишки обележја ги нападнале двата локали кои во тоа време биле празни. Бојан Шовљански од „Црни Ован“, вели дека нападот е организиран неслучајно за 9 Мај, Денот на победата над фашизмот.

Претходно, на 15 јануари три маскирани млади лица, вооружени со боксирачи, палки и нож, упаднале во локалот „Црни Ован“. При нападот физички биле повредени сопственикот на локалот и уште еден гостин, што било и трауматично искуство за уште една гостинка во шести месец на бременост. Напаѓачите имале на себе кукасти крстови и други фашистички обележја, а конфронтацијата ја започнале со прашањето: „Каде ви се српските знамиња?“

На 28 јануари оваа година во кафе-книжарница Буква се одржа трибина во повод овој настан, во знак на поддршка на другарите од Нови Сад.






RELATED ARTICLES