домаФоторепортажаИзвиднички поздрав ЗДРАВО!

Извиднички поздрав ЗДРАВО!

Мисијата на извидници е да придонесат во образованието на младите, преку систем на вредности врз основа на извидничиот Завет и Закони, да помогнат да се изгради еден подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. 
Ова се постигнува со  вклучување на младите во неформалниот образовен процес со користење на специфичниот извиднички метод што го прави секој поединец главен агент во неговиот развој.


Завет на извидничкото движење
„Давам чесен збор, дека ќе ја запознаам и сакам својата татковина дека ќе ја прифатам духовната реалност и ќе го барам нејзиното потполно значење, дека секогаш ќе им помагам на луѓето, дека ќе живеам и работам по извидничките закони“.


Извиднички Закони
На извидникот му е чест да му веруваат
Извидникот е корисен
Извидникот е добар другар
Извидникот е учтив
Извидникот е оптимист
Извидникот е верен и одговорен
Извидникот постојано учи и ги применува стекнатите знаења
Извидникот ја цени природата
Извидникот ги цени и развива духовните и културните вредности
Извидникот е чесен во мислите, зборовите и делата


Во Статутот на извидниците се вели…
Да допринесува во развојот на своите членови и во достигнувањето на нивните физички, умствени и општествени можности, како на поединци, како на одгворни граѓани и членови на пошироката општествена заедница. Да се развива кај своите членови љубов кон природата и животот во неа, разбирање на нејзините закони, да ги учи да ја чуваат и негуваат флората и фауната и другите природни богатства и да ги вклучува во акции за заштита на природата, човековата работна и животна средина. Сестрано да ги воспитува своите членови и кај нив да развие позитивни особини како што се: работливост, скромност, истрајност, снаодливост, храброст, искреност, чесност, штедливост, смисла на живеење во помали и поголеми групи, пружање на помош на другите, како во природата така и во елементарни непогоди. Да развива кај своите членови чувство за почит кон луѓето, пријателство помеѓу луѓето и народите, почитување на нивното лично, верско и политичко убедување, неполитичност на организацијата и нејзините единици и да поттикнува кај своите членови љубов и почит кон татковината.


Развигорецот е добар пријател, храбар и чесен
Развигорецот ги почитува своите родители и постарите
Развигорецот добро учи, вреден е, и несебичен

Во оваа категорија спаѓаат децата кои посетуваат настава од шесто до деветто одделение во основно училиште. Овие членови се ораганизираат во групи од 6 до 8 членови кои се нарекуваат патроли кои имаат свој водач, свое знаме и свое име. Ова е категорија која полека почнува да навлегува во извидничкото неформално образование во кое спаѓаат почетна ориентација, морзе, семафор, патни знаци и сл. Ова е прва категорија која има право на учество на натпревари како на одредски и меѓуодредски така и на државното натпреварување за оваа категорија – РАПИ (Републичка Акција за Помлади Извидници). Најчести активности за оваа категорија се: игри, натпревари, кампувања, зимување, летување, ориентација, хајкови и сл.


Химна на извидниците

Пламен се дига
Пламен се дига, а искри пламтат
А нас не слуша ела и бор.
Дур од долини мириса липа
Од братски грла се слуша пој.

Долини мили вашите води
За браќа биле вилински рај
Планино мила вечно слободна
Ти си ни била на земја рај

Да се заколнеме во името на мајка
Дека за правда ќе рушиме пат
Правда и чесност не се сал бајка
Тук врвна цел на нашиот пат.


Фоторепортажата ја изработи Ѓорги Трпески

Ѓорѓи Трпески е дипломиран Филмски и ТВ снимател, дипломирал на ФДУ во 2014 година. Истражувач и ентузијаст во полето на фотографијата и видеото, вработен во МРТ како снимател.
RELATED ARTICLES