Од Социјалниот центар „Дуња“ најавија нова проекција на филм и дискусија по филмот за самоуправуваната фабрика „Вио.ме“ од Солун. Проекцијата и дискусијата ќе се одржат на 16 Март, 2023 година, со почеток во 19:00 часот. Подолу можете да ја погледнете најавата за настанот:
„Вио.Me е фабрика која по нејзиниот банкрот, со години е самоуправувана и окупирана од страна на работниците. Работниците успешно и самостојно управуваат со производството на еколошки производи за чистење, последните шест години во окупираната фабрика. Нема газди во оваа фабрика на источната страна на Солун, вториот по големина град во Грција. Тие докажуваат дека може да се достигне вистинска самоуправа и слобода на работникот без газди.
Но, фабриката денес е под закана да биде затворена од страна на судската власт и капиталот, бидејќи парцелата каде што се наоѓа беше продадена пред еден месец.
Во таа насока во солидарност со работниците од Вио.Ме во четврток (16.03.2023) со почеток од 19 часот организираме проекција на документарен филм.
Документарецот е со времетраење од 90 минути и превод на англиски јазик, а по проекцијата ќе следи и дискусија.“
Одете и поддржете ги социјалните и културните содржини во Социјалниот центар „Дуња“.