Интервју со Борис Богдановски
„За себе никогаш не размислував дека ќе станам уметник. Тоа се случи како што се случи животот. Колку што можам да се сетам откако се вклучив во уметноста, уживам да создавам работи и секогаш ќе уживам во тоа. Уметноста стана дел од мене. Уметноста се претвори во чувство како отсекогаш да била дел од мене. Конекцијата која ја почувствував со уметноста можам да кажам дека е магија. Преку уметноста ја изразувам мојата креативност, правам работи во кои верувам и покрај тоа што сум имал многу причини да престанам да верувам.
Имам посетувано голем број работилници, преку кои се запознав се’ повеќе со оваа уметност па така се запишав на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип“. – Борис Богдановски
Никола Шиндре: „Борис Богдановски е танцувач и Битолчанец. Во минатото јавноста наизуст ги знаеше актерите, а деновиве започнува да ги запознава и учи и танцувачите како дел од културното милје препознавајќи ја важноста на танцот како дел од уметничката игра.
Танцот е уметноста која се занимава со движењето на телото, односно се служи со ритамот. Изразувањето преку движењата е особено тешка задача за уметникот – танцувач затоа што од него се бара да го надмине звукот. Каков е односот на танцувачот со своето тело, а преку него со ритамот?“
Борис Богдановски: „Пред се’ сакам да ти се заблагодарам за прекрасната можност што ми ја пружи. Односот на танчерот со неговото тело за мене претставува нешто уникатно што е ескапизам и тоа на некој начин означува ослободување. Ова го велам затоа што можете да истражувате на многу начини и да го затегнете овој однос користејќи: сила, простор, време и различни форми. Се разбира, со додаток на креативност.
Морам да бидам свесен за моето тело, свесен за она што е потребно, на некој начин треба да бидете подготвени пред да направите било што, што значи да имате разговор со вашето тело за да се провери дали е се’ добро, тоа значи да го негуваш своето тело и да се грижиш за него, бидејќи штом се воспостави врската, ритамот следи сам по себе, ритамот доаѓа природно според мене. Сите ние следиме ритам во секојдневните рутини, првата врска почнува кога се будиме и го правиме првото истегнување уште во кревет, па затоа велам дека штом имаш добра врска (однос) со своето тело, ритамот само следува.
Н. Ш. Изведувачките уметности, како танцот го обременуваат времето и просторот, а потоа исчезнуваат, но остануваат во меморијата на публиката и на можните интерпретации на тие кои гледале. Како неповторливоста на моментот на творењето влијае врз тие кои танцуваат?
Б. Б. Да бидам искрен, за мене тоа не влијае, како човек кој живее во моментот на случувањата на нештата, па кога поминува останува во минатото, но сепак морам да признаам дека дел останува до одреден период, ама не успева да влијае. Не влијае затоа што со оваа уметност доаѓа наредна интерпретација. Секое гледање се доживува поразлично од претходното и носи нови моменти за различни интерпретации.
Н. Ш. Класичните (народните) изведби на танцот, балетот или орото секогаш се со придружба на музиката, вокална или инструментална. Кои се разликите во изведбата меѓу инструменталната и акапела музичка придружба, поточно што повеќе предизвикува танцувачот да се впушти во изведбата?
Б. Б. Досегашното искуство ме научи дека за мојата професија не е потребна музика, без разлика дали е инструментал или акапела. Современиот танц дава голема слобода што музиката доаѓа на последно место, така што не гледам дека има некоја разлика. За да се впуштам во изведба потребен е само фокус и свесност за тоа што го правам. Ако се подготвува некоја изведба музиката е избор на кореографот, а танчарите се адаптираат на тоа.
Н. Ш. Современата уметност пак, повеќе се насочува кон повторно спојување на уметностите. Човекот сака да ужива во сите сетилни перцепции, па така сликата, музиката, танцот се спојуваат за да се случи изведбата. Како денес танцот се бори за своето место во синкретизмот?
Б. Б. Tанцот може да се спои со секоја уметност и како алатки за инспирација се употребуваат многу уметнички дела како на пример слики, тоа се случува на начин што гледајќи одредена слика може да доведе до секакво чувство, тоа чувство може да се прикаже преку танц. Исто така, сликите може да се донесат во „живот“ со тоа што го гледаме и го изведуваме преку танц, а со тоа секој детал на сликата е пренесен на гледачот преку телото, истото се случува и со другите уметности, па така мислам дека танцот нема потреба да се бори, туку дека своето место си го има обезбедено.
Н. Ш. Треба да се остави простор и за играта. Една од најзначајните теории за уметноста е третманот на уметноста како игра. Така и „игра“ е глагол што е синоним на „танцува“. Како е да се игра на сцена и какво е чувството кога играта престанува?
Б. Б. Да се игра на сцената за мене е една голема возбуда, чувство на адреналин кој трае и кога играта ќе заврши, момент што лесно не заминува од меморијата. Играњето на сцена во мене буди чувства за кои и не сум бил ни свесен дека ги поседувам и ги чувствувам. Кога играта престанува, тие чувства се присутни и траат сè до наредната изведба. Додека се игра на сцена мора да се има свест макар и да е солистичка изведба, мора активно да се следи целиот тек на изведбата додека се игра затоа што ако дозволиме малку да се изгуби фокусот може да биде фатално, па тука се јавува и мало чувство на страв кое е присутно, но сепак победено од сигурноста и посветеноста која се вложува во играњето на сцена. На самиот крај кога започнува аплаузот од публиката и знаеш дека играта престанала одеднаш сè исчезнува и со тоа чувствувам само среќа, радост, се чувствувам ценето и со тоа и самодовербата станува поголема.
Н. Ш. Играта е стварност, но стварноста не е само игра. Голем проблем за културата и работниците во културата се начините на обезбедување финансиска извесност. Каква е реалноста во однос на заработувачката и издржувањето на танцувачите кај нас и регионално?
Б. Б. За регионално не сум многу запознаен коку заработуваат танчарите, тука кај нас во моето досегашно искуство заработувачката не е баш најдобра, тоа е донекаде затоа што сè уште некои го перцепираат танцот како хоби. Заработувачката за мене е сведена од еден проект на друг и со тоа некоја сума на хонорар, но свесно знам дека нема што да се очекува кога доаѓа на тема заработувачката која мене лично не ми е толку битна затоа што го правам она што го сакам и на крајот сум среќен. Тажно е што, баш тука во Битола познавам неколку професионални танчари кои работат друга работа, а не го работат тоа за коешто завршиле образование, па поради тоа размислувам мојата кариера да продолжи некаде надвор од овие граници.
Н. Ш. Проблемите и препреките го одбележуваат човечкиот живот. Вие сте млад, но има и помлади од Вас. Што би им порачале на тие кои сакаат да се занимаваат со танц, а што на тие кои сè уште не се заинтересирале за оваа уметност?
Б. Б. Бидете присутни во моментот, немојте да се предавате, иако можеби нема да добиете голема поддршка, бидејќи луѓето го прават тоа и ќе ве натераат да не ви се допаѓа она што го сакате и ќе останете заглавени, а за момент и ќе се чувствувате изгубено и ќе се запрашате „што сега?“, „што сакам да правам освен ова?“ затоа што може да дојде до големо обесхрабрување од луѓето кои ги сметате за најблиски. Ќе ви кажат дека нема приход во уметноста и дека треба да правите нешто друго, ќе ви кажат да мислите на својата иднина, јас сум поминал низ ова.
Не дозволувајте да ве измамат дека кога правите нешто поврзано со уметноста е хоби затоа што не е! Она што би помогнало е да ја следите животната линија, како што велам бидете во сегашноста, не гледајте во минатото, не патувајте во иднината, само бидете присутни во моментот на сегашноста, па така сите делови од твојата сложувалка ќе си дојдат на свое место.
Ако сте заинтересирани, јас исто така би предложил, направете истражување што ќе ви помогне, читајте, учете, гледајте видеа. Истражувајте колку што можете повеќе и мотивацијата ќе стане поголема.
Подолу можете да погледнете неколку фотографии и видеа од настапите на Борис Богдановски.
Лектура: Е. М.
Intervistë me Boris Bogdanovskin
,,Nuk e kisha menduar kurrë për vete se do të bëhesha artist. Ndodhi ashtu siç ndodhi jeta. Për aq kohë sa mbaj mend që kur u përfshiva me art, kënaqem të krijoj gjëra dhe gjithmonë do të kënaqem në atë. Arti u bë pjesë e imja. Arti është kthyer në ndjenjë sikur gjithmonë ka qenë pjesë e imja. Mund të them se lidhja që kam ndjerë me artin është magji. Nëpërmjet artit shpreh krijimtarinë time, bëj gjëra në të cilat besoj, pavarësisht se kam pasur shumë arsye për të mos besuar.
Kam ndjekur një numër të madh të punëtorive, përmes të cilave u njoha më shumë me këtë art, kështu që u regjistrova në katedrën e vallëzimit bashkëkohor në Universitetin ,,Goce Dellçev” në Shtip”. – Boris Bogdanovski
Nikolla Shindre ,,Boris Bogdanovski është valltar dhe me origjinë nga Manastiri. Në të kaluarën, publiku i njihte përmendsh aktorët, dhe këto ditë ka filluar të njihet dhe të mësojë për valltarët si pjesë e mjedisit kulturor, duke njohur rëndësinë e vallëzimit si pjesë e lojës artistike.
Vallëzimi është arti që merret me lëvizjen e trupit, pra shërbehet me ritmin. Shprehja përmes lëvizjes është një detyrë veçanërisht e vështirë për artistin-valltarin, sepse atij i kërkohet të kapërcejë tingullin. Cili është raporti i valltarit me trupin e tij, dhe nëpërmjet tij me ritmin?”
Boris Bogdanovski: ,,Së pari dua t’ju falënderoj për mundësinë e mrekullueshme që më dhatë. Marrëdhënia e valltarit me trupin e tij, për mua përfaqëson diçka unike që është arratisje, dhe e cila në një farë mënyre nënkupton çlirim. E them këtë sepse mund të eksplorosh shumë mënyra dhe ta forcosh këtë marrëdhënie duke përdorur: forcën, hapësirën, kohën dhe forma të ndryshme. Sigurisht, me shtimin e kreativitetit.
Unë duhet të jem i vetëdijshëm për trupin tim, i vetëdijshëm për atë që nevojitet, në një farë mënyre duhet të jeni të përgatitur para se të bëni ndonjë gjë, që do të thotë të keni një bisedë me trupin tuaj për të kontrolluar nëse gjithçka është në rregull, kjo do të thotë që duhet të e mirëmbash trupin tënd dhe të kujdes për atë, sepse sapo të vendoset lidhja, ritmi vjen vetvetiu, ritmi vjen natyrshëm për mendimin tim. Ne të gjithë ndjekim një ritëm në përditshmërinë tonë, lidhja e parë fillon kur zgjohemi dhe bëjmë tërheqjen e parë që në shtrat ende, ndaj them që sapo të keni një lidhje (marrëdhënie) të mirë me trupin tuaj, ritmi thjesht pason.
N. Sh. Artet skenike, si vallzimi, e rëndojnë kohën dhe hapësirën, dhe më pas zhduken, por mbeten në kujtesën e publikut dhe interpretimet e mundshme të atyre që e ndoqën. Si ndikon papërsëritshmëria e momentit të krijimit tek ata që vallzojnë?
B. B. Të them të drejtën, nuk më prek mua, si person që jetoj në momentin e ndodhjes së gjërave, ndaj kur kalon mbetet në të shkuarën, por më duhet ta pranoj që një pjesë mbetet deri në një periudhë të caktuar, por nuk arrin të ndikojë. Nuk ka rëndësi sepse me këtë art vjen një interpretim tjetër. Çdo shikim përjetohet ndryshe nga ai i mëparshmi dhe sjell momente të reja për interpretime të ndryshme.
N. Sh. Shfaqjet klasike (popullore) të vallëzimit, baleti ose vallja, gjithmonë janë në shoqërimin e muzikës, vokale ose instrumentale. Cilat janë ndryshimet në performancë midis shoqërimit muzikor instrumental dhe atij acappella, konkretisht çfarë e bën valltarin të angazhohet më shumë në performancë?
B. B. Eksperienca e deritanishme më ka mësuar se profesioni im nuk kërkon muzikë, qoftë instrumentale apo acappella. Vallzimi modern të jep shumë liri që muzika të vijë e fundit, ndaj nuk shoh se ka ndonjë ndryshim. Hyrja në një performancë kërkon vetëm fokus dhe vetëdije për atë që po bëj. Nëse po përgatitet një shfaqje, muzika zgjidhet nga koreografi dhe valltarët përshtaten me të.
N. Sh. Arti bashkëkohor, nga ana tjetër, është më i orientuar drejt ribashkimit të arteve. Njeriu dëshiron të shijojë të gjitha perceptimet shqisore, kështu që imazhi, muzika, vallzimi bashkohen për të realizuar performancën. Si lufton vallëzimi sot për vendin e tij në sinkretizëm?
B. B. Vallzimi mund të kombinohet me çdo art dhe shumë vepra arti përdoren si mjete frymëzimi siç janë pikturat, ndodh në atë mënyrë që shikimi i një pikture të caktuar mund të çojë në çdo ndjenjë, ajo ndjenjë mund të shfaqet përmes vallëzimit. Gjithashtu, pikturat mund të sillen në “jetë” duke i parë dhe realizuar përmes vallëzimit, dhe kështu çdo detaj i pikturës përcillet te shikuesi përmes trupit, e njëjta gjë ndodh edhe me artet e tjera, ndaj mendoj se vallëzimi nuk ka nevojë. për të luftuar, por që ai e ka siguruar vendin e tij.
N. Sh. Gjithashtu duhet lënë hapësirë edhe për lojën. Një nga teoritë më të rëndësishme për artin është trajtimi i artit si lojë. Pra, “luaj” është një folje që është sinonim me “vallëzim”. Si është të luash në skenë dhe si ndihesh kur loja ndalon?
B. B. Të luash në skenë për mua është një emocion i madh, një ndjenjë adrenaline që zgjat edhe kur loja mbaron, një moment që nuk ikën kollaj nga kujtesa. Loja në skenë tek unë zgjon ndjenja që as nuk kam qen i vetëdijshëm që i kisha dhe i ndjeja. Kur loja ndalon, ato ndjenja janë të pranishme dhe zgjasin deri në shfaqjen tjetër. Gjatë lojës në skenë duhet të jesh i vetëdijshëm edhe nëse është një performancë soliste, duhet të ndjekësh në mënyrë aktive të gjithë rrjedhën e performancës gjatë lojës, sepse nëse lejojmë një humbje të vogël të fokusit mund të jetë fatale, kështu që këtu vjen një ndjenjë e vogël e frikës që është e pranishme, por ende e kapërcyer nga siguria dhe përkushtimi që shkon për të luajtur në skenë. Krejt në fund, kur nisin duartrokitjet nga publiku dhe e di që loja ka ndalur, papritur çdo gjë zhduket dhe me këtë ndjej vetëm lumturi, gëzim, ndihem i vlerësuar dhe me këtë rritet edhe vetëbesimi.
N. Sh. Loja është realitet, por realiteti nuk është thjesht një lojë. Problem i madh për kulturën dhe punonjësit e kulturës janë mënyrat për të siguruar sigurinë financiare. Cili është realiteti për sa i përket fitimeve dhe mbështetjes së kërcimtarëve këtu tek ne dhe në rajon?
B. B. Për rajonalisht, nuk jam shumë i njoftuar se sa fitojnë valltarët, këtu në përvojën time, fitimi nuk është bash më i mirë, deri diku kjo është kështu sepse disa njerëz, vallëzimin ende e perceptojnë si një hobi. Fitimi për mua është nga një projekt në tjetrin dhe kështu një sasi e honorarit, por me vetëdije e di se nuk ka asgjë për të pritur, kur bëhet fjalë për temën e fitimit, e cila për mua personalisht nuk është aq e rëndësishme, sepse bëj atë që dua. dhe ne fund, jam i lumtur. Është e trishtueshme që pikërisht këtu në Manastir njoh disa valltarë profesionistë që punojnë në punë të tjera dhe nuk e bëjnë atë për të cilën kanë mbaruar shkollimin, ndaj po mendoj që karriera ime të vazhdoj diku jashtë këtyre kufijve.
N. Sh. Problemet dhe pengesat e shënojnë jetën e njeriut. Ju jeni i ri, por ka edhe më të rinj se ju. Çfarë do t’u thoshit atyre që duan të merren me vallëzim, dhe çfarë atyre që ende nuk janë interesuar për këtë art?
B. B. Jini prezent ne moment, mos u dorëzoni, edhe pse mund të mos keni shumë mbështetje, sepse njerezit e bëjnë atë dhe do të ju detyrojnë të mos e doni atë që ju pëlqen, dhe do të mbeteni të ngecur, dhe për një moment do të ndiheni të humbur dhe do të pyetni veten ,,çka tani?”, ,,Çfarë dua të bëj përveç kësaj?” sepse mund të ketë dekurajim të madh nga njerëzit që i konsideroni më të afërt. Do të ju thonë që nuk ka të ardhura në art, dhe duhet të bëni diçka tjetër, do të thonë të mendosh për të ardhmen tënde, unë e kam kaluar këtë.
Mos lejoni të ju mashtrojnë sepse kur bëni diçka që lidhet me artin është një hobi, sepse nuk është! Ajo që do të ju ndihmojë, është të e ndiqni linjën e jetës, siç them unë, jini në të tashmen, mos shikoni në të kaluarën, mos udhëtoni në të ardhmen, thjesht jini të pranishëm në momentin e tanishëm, dhe thjesht të gjitha pjesët e enigmës suaj do të bien në vend.
Nëse jeni të interesuar, unë gjithashtu do t’ju sugjeroja të bëni disa kërkime që do t’ju ndihmojnë, lexoni, studioni, shikoni video. Eksploroni sa më shumë që të mundeni, dhe motivimi do të bëhet më i madh.
Më poshtë mund të shihni disa fotografi dhe video nga performancat e Boris Bogdanovskit.
Lekturoi: E. M.
Përktheu E. M.