Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари на Македонија ги повикува сите медиумски професионалци на протестен марш на кој заеднички и сплотено ќе го изразиме нашето незадоволство од нападите врз новинарите и медиумските работници, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите и медиумските работници, лошата социо-економска состојба…
На маршот, кој за членовите на ССНМ ќе поаѓа од пред канцеларијата на синдикатот, ќе бидат испратени пораки од претставници на ССНМ и ЗНМ, а ќе бидат доставени и следните барања до Владата и до Собранието:
– Итно донесување на неопходните закони кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање
– Јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите
– Крај на агресивниот државен пи-ар
– Поддршка за локалните новинари и медиуми
– Почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници
– Безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници
Маршот ќе започне пред Владата, а ќе заврши пред Собранието на Македонија.