домаКултурни дописи„Куќа на духови“ во С.Ц. „Дуња“

„Куќа на духови“ во С.Ц. „Дуња“

Постер за „Куќа на духови“
Постер за „Куќа на духови“

Театарот „Златен елец“ ќе ја изведе претставата „Куќа на духови“ во Социјалниот центар „Дуња“. Претставата ќе се одржи на 19.2.2023 година (недела) со почеток во 20:00 часот. Препорачаната влезница за поддршка на независната театарска група е 200 денари. Подолу можете да го прочитате повикот на Театарот:

Дневникот на лудиот 3:
„КУЌА НА ДУХОВИ“
според Ги Де Мопасан

🗓19.02/20ч. (резервации на фб/инстаграм со порака
или на [email protected])
🎟Препорачана цена на билети: 200ден.

📍Локација: Социјален центар “ДУЊА” Скопје (@sc_dunja )

режија: Ѓорѓи Ризески
актер: Бобан Алексоски
асистент на режисер: Тамара Стојаноска
превод на текст: Наташа Пеевска
композитор: Алмир Бајрамски
фотографии и видео: Емил Пачковски

Дизајн на слика: @batarinjo

„Куќа на духови“ е последниот дел од трилогијата „Дневникот на лудиот“ после Дневникот на лудиот 1 според Николај Гогољ и Дневникот на лудиот 2: „Човекојадство“ според Лу Син. Во месец април 2022 година проектот прослави 50 изведби и 4 награди за претставата (три за најдобар актер и една за најдобра режија).

Во третиот дел од трилогијата, Аксентие за последен пат преку ретроспекција на настаните се обидува да си објасни себеси дека не е луд и бара начин да ја разбере својата болест и да се справи со своите трауми. Во Аксентие се кријат повеќе ликови кои дејствуваат како засебни личности со посебни животи, интереси и идеологии. Човечкиот мозок е неистражена територија која секогаш бара различни начини за да се заштити од траумите и лошите моменти од животот. Публиката која овојпат е повикана на тајна вечера, конечно ќе се соочи со сите делови од Аксентие. Аксентие од првиот дел, Аксентие Човекојадецот од вториот дел и сите останати сенки меѓу кои и самиот актер Бобан.

“Да создаваш и да уништуваш! Во овие два збора е содржана историјата на универзумот,
сето минато на сите светови, се што постои, сѐ!” – Ги Де Мопасан

RELATED ARTICLES