Оваа сабота (11.2.2023) во 19:00 ч. ќе се одржи промоција на новиот број од списанието „Нова искра“ во С. Ц. „Дуња“.
Подолу можете да го прочитате повикот на Марсистичката организација „Црвени“:
Марксистичката организација „Црвени“ ве поканува на промоција на новиот печатен број на „Нова искра“ – марксистичко списание на работниците и младината.
Настанот ќе се одржи на добропозната локација во Социјален центар ДУЊА (кај автобуската постојка спроти Градежен факултет) на 11.02.2023 година (Сабота) со почеток од 19:00 часот.
Новиот број носи повеќе актуелни содржини, домашни и интернационални, поврзани со потрошувачката кошница, состојбите во здравството, масовните движења во Иран и Перу, како и генералниот штрајк во Грција. На промоцијата членовите на МО „Црвени“ посебно ќе се освртат на темата за минималната синдикална потрошувачка кошница и за потребата од синдикално и работничко организирање, по што ќе се отвори дискусија.
Сите заинтересирани ќе можат да купат примерок од списанието по цена од 50 денари.
Се гледаме на промоција!
Одете и поддржете ги „Црвени“ и „Дуња“.