домаВестиПочина Благојче Илиевски, го уби државата

Почина Благојче Илиевски, го уби државата

Благојче Илиевски, кој две години добиваше ветувања дека ќе го добие скапиот лек за цистична фиброза, ја изгуби битката со болеста. Тој беше дел од осумте пациенти кои беа во критична состојба, и за кои се бараше обезбедување на лекот Тикафта.

Во продолжение го проследуваме известувањето на Асоцијацијата за цистична фиброза:

Згасна еден живот- згасна еден свет!

Асоцијацијата за цистична фиброза со преголема тага и скршеност известува дека денеска изгуби еден свој соборец, кој до последен здив веруваше дека ќе ја дочека новата терапија со Трикафта, надеж која заедно со него ја крепевме со последните атоми, стотина пациенти во државата, главно деца и млади со ЦФ.
Заради ова, нашиот револт, огорченост и потресеност се исклучително големи, особено затоа што како АЦФ лекот го бараме од 2020 г. и апелиравме постојано за итноста од воведување современа модулаторна терапија.
Испраќаме длабоко сочувство до семејството, нема соодветни зборови за да ги утешиме, зашто Благојче се храбреше и не храбреше во напорите дека ќе го добиеме лекот Трикафта, а тој не го дочека, а за време на својот краток живот веруваше дека новата терапија ќе стигне на време, за да почне да живее понормално, за да може да биде присутен во животот на своите најблиски.

RELATED ARTICLES