Модерниот човек homo sapiens се здобил со интелигенција неспоредлива со другите видови од животинското царство. Но, наместо да ја користи за добро, човекот ги има и се’ уште продолжува да ги убива, експлоатира и да ги искористува другите видови животни за сите негови потреби. Правото на животното било ретко гледано како вистински феномен, до пред стотина години животните не се ни перцепирале како свесни битија од страна на човекот. Но, неодамешни научни истражувања од последниве стотина години имаат докажано дека преку 100 видови ‘рбетници и безрбетници се свесни битија со емоции и размислување. А се’ уште постои толку многу што не ни знаеме за други животни, голема е и според мое мислење сигурно е дека ќе се зголеми листата. Според овие факти, зошто продолжуваме да ги игнорираме правата на животните?
Јас лично од моето здобивање со критичко размислување не сум ја пропуштил шансата да разговарам на оваа тема која е многу често исмејувана и оставена настрана. Како член на организацијата АКОМ (Анархо-Комунистичка Организација на Македонија) еден од нашите идеали е филозофијата и идеологијата на веганизмот. Но, како стои Македонија во тој поглед? До кој степен се “заштитени” животните и нивните права?
Правата на животните во Македонија се непостоечки зборови за народот. Од една страна, ги имаме животните кои живеат на улица, најчесто без вакцинација или соодветна ветеринарна грижа. Мачки, кучиња, птици, и многу други видови се оставени на сопствената судбина во урбаната џунгла. Илјадници и ијладници кучиња и мачки се бездомни низ улиците на Македонија.
Од друга страна, животните кои се искористувани за сточарски потреби, секоја година милиони, овие животни се убивани без право на било каков збор. Како можеме да зборуваме за слобода, ако метафоричните “соседи” до нас се масакрирани за месо кое луѓето не ни имаат потреба да го јадат? Човек може да најде многу замени за месото и животинските продукти, тофу, сејтан, темпех, лажно месо и уште многу други примери за замена.
Свесните животни заслужуваат да ги добијат сите права кои човекот ги ужива, бидејќи иако тие не го имаат капацитетот за јазик, да можат се изјаснат дека не сакаат да бидат експлоатирани, не треба многу размислување да се разбере дека личност/животно не може да каже не, значи дека не смее да се искористува на било каков начин.
- Законите за права на животните во сточарството
Во Македонија, законите кои ги заштитуваат сточарските животни се малку на број. Постојат правилници регулирани од Агенција за храна и ветеринарство, кои бараат животните да се “поштедат од секоја непотребна болка”. Но тие животни пак ќе бидат убиени и обработувани во прехрамбени продукти. Дури и овие правила поставени од државата се игнорирани и запоставени, условите во кои живеат сточарските животни се грозни и незамисливи.
Животниот рок на просечната домашна свиња (Sus Domesticus) е 15-20 години, но во Македонија, во рок од 7-8 месеци, свињата е убиена за месо. Повторно, неизбежен факт дека сточарските животни во Македонија, но и општо во светот не се заштитени од било каков закон. Дали можете да замислите колку е грозен фактот што таа свиња е убиена на возраста споредлива со човечко дете? Свињата е докажано многу интелигентно суштество со интелигенција, емоција и волја за живот.
Самата свест е премала за воопшто луѓето да обрнат внимание за нивните животни, а единствен начин тоа да се промени е да се крене свеста преку интелигентно дебатирање, класна свест, културни настани, и слично.
- Законите за правата на животните “миленици”
Од друга страна, ги имаме животните “миленици”, кои го имаат позитивниот луксуз да располагаат со повеќе организации што се ангажираат за нивните права. Кога ќе споменам “миленици” се подразбираат кучиња, мачки, и други животни кои се чуваат во домашни услови. Законот е ист, но постои признание и љубов за овие животни бидејќи не се искористувани за храна. Но, во секој случај, повторно се омаловажувани, злоупотребувани, и искористувани од луѓе. Оставани на улица бидејќи човек не може да се грижи за нив повеќе. Тие се втора класа, под човекот. Труење е секојдневно, луѓе активно се трудат да ги убијат овие животни кои ништо не им згрешиле. Емпатија е сугестија за нив. Урбаниот живот ги третира сурово, особено за бездомниците. Кола може да ги удри во секој момент. Не постојат соодветни начини за вдомување, стерилизирање и вакцинација на овие животни. Ако умре животно бездомник, фрлено е во депонија, без никој да обрне внимание што се случило. До тој степен е стигнат очајот и неразумноста на нивните животи.
Како што споменав, покрај самата држава која прави малку или ништо за да се заштитат овие животни, постојат организации кои се залагаат да обезбедат права за животните, да се подобрат условите и да се најде дом за секое животно. Меѓу нив може да се набројат Анима Мунди, и ЈП лајка. Но воопшто не е доволно ова. Две-три организации кои се трудат да помогнат на животните во споредба со цела држава? Како очекуваме промена ако државата активно не спречува тоа да го достигнеме?
(III) Правата на животните искористувани за експерименти, или таканаречена “Вивисекција”
Под вивисекција се подразбира намерна експериментација на животни со продукти и различни методи во името на науката. Да се остави на страна фактот што самата апликација на тестирање врз животни е неморална и неконсензуална, во Македонија законот е сообразувачки и не прави ништо да се барем намали болката на овие животни. Постои еден член во “Правилник за заштита и благостојба на експериментални животни” кој тврди “хумано убиство на експерименталните животни”. Нема ништо хумано во убиството! И да се убиени во најповолните услови, убиството е пак извршено. Живот е пак одземен.
Да поставиме хипотетичко прашање. Мачки, кучиња, глувци и свињи се често животни кои се користат во вивисекцијата. Тие се животни со слична и поголема интелигенција од 3 годишно човечко бебе. Дали би било во ред да ги земеме бебињата како заморчиња за наш бенефит? НЕ! Бидејќи и тие не можат да кажат не, како животните. Но, и животните можат да плачат и дефинитивно не би сакале да бидат ставени во грозни експерименти со ужасни последици за нивното ментално и физичко здравје.
Човек може да се согласи, животното не.
Гласот е слаб, законите уште помалку. Протестите кои се одржуваат се малкубројни, и не се создава доволно промена во Македонија. Просечниот граѓанин попрво би се фокусирал на непотребни политички дискусии за име, историја и национализам, додека животните во Македонија се убивани, искористувани, омаловажувани, труени и запоставени. Да се биде веган е само мала непријатност за човекот, но дело што може да спаси безбројни животни.
Сите овие животни во сите различни простори на човечката доминација се еднакво ескплоатирани и еднакво треба да се ставени на виделина. Либерацијата и ослободувањето на животното се единствени начини преку кои, ние како луѓе, би можеле да кажеме дека сме морални.
АКОМ како организација се залага да ги шири овие ставови со критичко размислување на секој можен начин, да бидат достапни ресурси за тоа како да се стане веган, докажување дека овие животни се најчесто исто свесни како и луѓето, само не доволно интелигентни да го изразат тоа. Семинари, дописи, есеи, видеа, музика, уметнички дела, протести и активно спротивставување против државата се начини кои организацијата ги користи и има намера да ги стави во план.
Да се прашаат неудобните прашања е единствениот начин да се стекне разлика во секојдневниот живот, вклучувајќи ги правата на животните.
ИЗВОРИ:
- ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ
- ЖИВОТНИТЕ И НИВНИТЕ ПРАВА – АНИМА МУНДИ
- ЗАКОНИ – АНИМА МУНДИ
- ПРАВИЛНИК ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ЖИВОТНИ
5. ЖИВОТНИ СЕ НАУЧНО ДОКАЖАНИ СВЕСНИ БИТИЈА
6. ЧОВЕКОТ НЕМА БИОЛОШКА ПОТРЕБА ОД МЕСОТО ИЛИ ЖИВОТИНСКИ ПРОДУКТИ
7. СВИЊАТА Е СВЕСНО БИТИЕ СО ЕМОЦИИ И ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Натрикс
Лектура: Е. М.
Njeriu modern homo sapiens ka fituar një inteligjencë të pakrahasueshme me speciet e tjera të mbretërisë së kafshëve. Por në vend që ta përdorë atë për mirë, njeriu i ka dhe vazhdon të i vrasë, shfrytëzojë dhe përdor llojet e tjera të kafshëve për të gjitha nevojat e tij. Të drejtat e kafshëve rrallë kanë qenë të shikuara si një fenomen i vërtetë, deri njëqind vjet më parë kafshët as që perceptoheshin si qenie të vetëdijshme nga ana e njeriut. Por kërkimet e fundit shkencore të njëqind viteve të fundit kanë vërtetuar se mbi 100 lloje vertebroresh dhe jovertebroresh janë qenie të vetëdijshme me emocione dhe me të menduar. Dhe ka ende aq shumë sa nuk dimë as për kafshë të tjera, është e madhe, dhe për mendimin tim është e sigurt që lista do të rritet. Duke pasur parasysh këto fakte, pse ne vazhdojmë të injorojmë të drejtat e kafshëve?
Unë personalisht , që nga përvetësimi i të menduarit kritik, nuk e kam humbur rastin të diskutoj këtë temë aq shpesh të tallur dhe të lënë mënjanë. Si anëtar i organizatës OAKM (Organizata Anarko-komuniste e Maqedonisë), një nga idealet tona është filozofia dhe ideologjia e veganizmit. Por si qëndron Maqedonia në këtë drejtim? Deri në çfarë mase janë “mbrojtur” kafshët dhe të drejtat e tyre?
Të drejtat e kafshëve në Maqedoni janë fjalë inekzistente për popullin. Nga njëra anë, kemi kafshët që jetojnë në rrugë, kryesisht pa vaksinim apo kujdes të duhur veterinar. Mace, qen, zogj dhe shumë lloje të tjera janë lënë të kujdesen për veten e tyre në xhunglën urbane. Mijëra e mijëra qen dhe mace janë të pastrehë në rrugët e Maqedonisë.
Nga ana tjetër, kafshët që përdoren për nevoja blegtorale, çdo vit vriten miliona nga këto kafshë pa të drejtën e fjalës. Si mund të flasim për liri, nëse “fqinjët” metaforikë pranë nesh masakrohen për mish që njerëzit as nuk kanë nevojë ta hanë? Njeriu mund të gjejë shumë zëvendësues të mishit dhe produkteve shtazore, tofu, seitan, tempeh, mish fallco dhe shumë shembuj të tjerë për zëvendësim.
Kafshët të vetëdijshme meritojnë t’u jepen të gjitha të drejtat që gëzojnë njerëzit, sepse edhe pse nuk kanë aftësinë për të folur, për të qenë në gjendje të deklarojnë se nuk duan të eksploatohen, nuk duhet shumë të mendohet për ta kuptuar. që një person/kafshë nuk mund të thotë jo, do të thotë se nuk duhet të përdoret në asnjë mënyrë.
(I) Ligjet për të drejtat e kafshëve për në blegtori
Në Maqedoni, ligjet që mbrojnë kafshët e fermës janë të pakta në numër. Ka rregullore të rregulluara nga Agjencia e Ushqimit dhe Veterinarisë, të cilat kërkojnë që kafshët të “kursehen nga çdo dhimbje e panevojshme”. Por këto kafshë do të vriten dhe do të përpunohen në produkte ushqimore. Edhe këto rregulla të vendosura nga shteti injorohen dhe neglizhohen, kushtet në të cilat jetojnë kafshët e fermës janë të tmerrshme dhe të paimagjinueshme.
Jetëgjatësia e derrit mesatar shtëpiak (Sus Domesticus) është 15-20 vjet, por në Maqedoni brenda 7-8 muajve derri vritet për mish. Përsëri, është fakt i pashmangshëm që kafshët e fermave në Maqedoni, por edhe në botë në përgjithësi, nuk mbrohen me asnjë ligj. A mund ta imagjinoni sa i tmerrshëm është fakti që ai derr është vra në një moshë të krahasueshme me një fëmijë njeriu? Derri është vërtetuar se është një krijesë shumë inteligjente me inteligjencë, emocion dhe vullnet për të jetuar.
Vetë vetëdija është shumë e ulët që njerëzit t’i kushtojnë vëmendje kafshëve të tyre dhe e vetmja mënyrë për ta ndryshuar këtë është rritja e ndërgjegjësimit përmes debatit inteligjent, vetëdijesimit të klasës, ngjarjeve kulturore, etj.
(II) Ligjet për të drejtat e kafshëve “të përkëdhelura”.
Nga ana tjetër, kemi kafshët “e përkëdhelura”, të cilët kanë luksin pozitiv të kenë më shumë organizata që angazhohen për të drejtat e tyre. Kur përmend “kafshët e përkëdhelura” kam parasysh qentë, macet dhe kafshët e tjera që mbahen në shtëpi. Ligji është i njëjti, por ka njohje dhe dashuri për këto kafshë sepse nuk përdoren për ushqim. Por në çdo rast, ata përsëri nënçmohen, abuzohen dhe shfrytëzohen nga njerëzit. I lënë në rrugë sepse nuk mund të kujdesen më për ta. Ata janë të klasit të dytë, më poshtë se njeriu. Helmimi është i përditshëm, njerëzit përpiqen në mënyrë aktive të vrasin këto kafshë që nuk kanë bërë asgjë të keqe. Empatia është një sugjerim për ta. Jeta urbane i trajton ashpër, sidomos të pastrehët. Një makinë mund t’i godisë në çdo moment. Nuk ka mënyra të duhura për të i strehuar, sterilizuar dhe vaksinuar këto kafshë. Nëse një kafshë e pastrehë ngordh, ajo hidhet në një deponi, pa i kushtuar vëmendje asaj që ndodhi. Dëshpërimi dhe paarsyeshmëria e jetëve së tyre ka arritur deri në atë pikë.
Siç e përmenda, përveç që vetë shteti bën pak ose aspak për të mbrojtur këto kafshë, ka organizata që përpiqen të sigurojnë të drejtat e kafshëve, të përmirësojnë kushtet dhe të gjejnë një shtëpi për çdo kafshë. Midis tyre mund të renditen Anima Mundi, dhe NP Lajka. Por kjo nuk mjafton aspak. Dy apo tre organizata që përpiqen të ndihmojnë kafshët në krahasim me një vend të tërë? Si e presim ndryshimin nëse shteti na pengon në mënyrë aktive ta arrijmë atë?
(III) Të drejtat e kafshëve të përdorura për eksperimente, ose të ashtuquajturat “Vivisection”
Vivisection i referohet eksperimentimit të qëllimshëm të kafshëve me produkte dhe metoda të ndryshme në emër të shkencës. Duke e lënë anash faktin se vetë aplikimi i testimit te kafshët është imoral dhe jo konsensual, në Maqedoni ligji është i përputhshëm dhe nuk bën asgjë që së paku të zvogëlojë dhimbjen e këtyre kafshëve. Ekziston një artikull nen në “Rregullore për Mbrojtjen dhe Mirëqenien e Kafshëve Eksperimentale” që pretendon “vrasje njerëzore të kafshëve eksperimentale”. Nuk ka asgjë njerëzore në vrasje! Edhe sikur të vriteshin në kushtet më të favorshme, vrasja përsëri është kryer. Një jetë është marrë përsëri.
Le të bëjmë një pyetje hipotetike. Macet, qentë, minjtë dhe derrat janë shpesh kafshë që përdoren në viviseksion. Ato janë kafshë me inteligjencë të ngjashme dhe më të madhe se një foshnjë njerëzore 3 vjeç. A do të ishte mirë t’i merrnim foshnjat si derra gini për përfitimin tonë? JO! Sepse edhe ata nuk mund të thonë jo, si kafshët. Por edhe kafshët mund të qajnë dhe ato definitivisht nuk do të donin t’i nënshtroheshin eksperimenteve të tmerrshme me pasoja të tmerrshme për shëndetin e tyre mendor dhe fizik.
Një njeri mund të pajtohet, një kafshë jo.
Zëri është i dobët, ligjet akoma më pak. Protestat që mbahen janë të pakta në numër dhe në Maqedoni nuk po krijohen ndryshime të mjaftueshme. Qytetari mesatar më mirë do të fokusohej në diskutime të panevojshme politike për emrin, historinë dhe nacionalizmin, ndërsa kafshët në Maqedoni vriten, shfrytëzohen, nënçmohen, helmohen dhe neglizhohen. Të qenit vegan është vetëm një shqetësim i vogël për njerëzit, por një veprim që mund të shpëtojë kafshë të panumërta.
Të gjitha këto kafshë në të gjitha hapësirat e ndryshme të dominimit njerëzor shfrytëzohen njëlloj dhe po aq duhet të dalin në dritë. Çlirimi dhe liberalizimi i kafshës janë mënyrat e vetme, me të cilat ne, si njerëz, mund të themi se jemi të moralshëm.
OAKM si një organizatë është e përkushtuar për përhapjen e këtyre pikëpamjeve me mendim kritik në çdo mënyrë të mundshme, duke vënë në dispozicion burimet se si të bëheni vegan, duke dëshmuar se këto kafshë shpesh janë po aq të vetëdijshme sa njerëzit, thjesht jo aq inteligjente për ta shprehur atë. Seminaret, letrat, esetë, videot, muzika, veprat artistike, protestat dhe rezistenca aktive kundër shtetit janë mënyra që organizata përdor dhe synon t’i vendosë në plan.
Bërja e pyetjeve të pakëndshme është mënyra e vetme për të bërë një ndryshim në jetën e përditshme, duke përfshirë të drejtat e kafshëve.
Burimet
1. LIGJI PËR MBROJTJEN DHE MIREQENJEN E KAFSHËVE
2. KAFSHËT DHE TË DREJTAT E TYRE – ANIMA MUNDI
3. LIGJE – ANIMA MUNDI
4. RREGULLORE PËR MBROJTJEN DHE MIREQENJEN E KAFSHËVE EKSPERIMENTALE
5. KAFSHËT JANË QENJE TË VETËDIJËSHME TË DËSHMUARA SHKENCËRISHT
6. NJERIU NUK KA NEVOJË BIOLOGJIKE PËR MISH APO PRODUKTE SHTAZORE
7. DERRI ËSHTË NJË QENJE E VETËDIJSHME ME EMOCIONE DHE INTELIGJENCË
Natrix
Lekturoi: E. M.
Përktheu: E. M.