Почитувани читатели имате кратко време за да се организирате и да се подготвите за четвртиот настан на „Антидот“, овојпат во соработка со „Култура Бета“, што ќе се одржи денес на 27.1.2023, со почеток во 20:00 часот, на добро познатата локација Социјалниот центар „Дуња“.
Изложба ќе имаат уметниците Ана Димитриевска и Афродита Хаџи Лега. Поетско читање ќе имаат Дамјан Златановски, Софија Тодоровска, Иван Николов, Вефикс и Анонимус, додека пак за музичкиот дел од програмата задолжени се Waiting for May и Futility.
Во прилог целосно го пренесуваме текстот од официјалната објава на „Антидот“:
На 27ми освен визуелна и аудитивна уметност, ќе има и литературна од автори од Антидот и Култура Бета
Ќе проучуваме некои идеи околу револуција, бегство, неподвижност, распаѓањето на човечкото тело и сексулани табуа
Сите работи стануваат дел од нас, рефлекции, трауми, животни идеи, перспективи, мемории и искуства
Тоа е
Чудно
Направен е светот тие моменти да не ги искусиш често
Живееме во константен Лимбо
А нашиот живот е како вода
Плови, се менува, еволвира со време
Но, ако е заглавен во пластика има траен рок
Иако е постар од сонцето
Затоа треба да се движиме и бориме
За да не умре духот во нас
Многу сме среќни да ви ја покажеме уметноста на Ана Димитриевска и Афродита Хаџи Лега, две генерациски таленти.
Посетете не во Дуња во 19.30 часот за да ја видите уметноста, прочитате статиите и слушнете уште нов перформанс од нов бенд, како и саканите Меј и Џорлев, и првпат џем сешн од Фјутилити.
Иван Николов, Софија Тодорова и Дамјан Златановски се неверојатни и едвај чекам да прочитате тоа што јас го прочитав.
Договорете се, организирајте се, одете во С. Ц. „Дуња“, грижете се за добробитта на другиот, не фрлајте отпушоци и отпадоци во дворот на Социјалниот центар и уживајте во вечерта.