домаВестиПОВИК ЗА ПРОТЕСТ НА 13.01.2023

ПОВИК ЗА ПРОТЕСТ НА 13.01.2023

После грозоморното масовно убиство на уличните кучиња во Струга, здруженијата за заштита на правата на животните упатија повик за протестен собир, кој ќе се одржи на 13.01.2023 година во 16 часот, пред Владата на Македонија.

Повикот првично беше објавен од страна на Хепи Шелтер, а се приклучија и останатите здруженија за заштита на животните.

Во целост го пренесуваме повикот за протест:
Драги љубители на животни
Ве повикуваме на мирен протест, на 13.01.2023-та година, во 16:00 часот, за да дадеме глас на безгласните животни! Како што сите сме сведоци, насилството врз нив не престанува, тука само станува се покрволочно, што можеме да го видиме по последниот случај во Струга! Изживувањето и убивањето на бездомните животни мора да запре!
Затоа, дојдете заедно со нас, да покажеме дека уште има луѓе во нашава држава и да се обидеме да ги разбудиме заспаните државни институции!

RELATED ARTICLES