домаВестиЈавна трибина: „Патот напред во Грција и Македонија“

Јавна трибина: „Патот напред во Грција и Македонија“

Постер за јавната трибина „Патот напред во Грција и Македонија“

Утре на 4 Јануари, 2023 година, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи јавна трибина во С. Ц. „Дуња“, насловена „Патот напред во Грција и Македонија“ на која што ќе се расправа за потенцијалните соработки и инспирации меѓу работниците од Грција и Македонија. Во целост ви го пренесуваме соопштението од организаторите и линкот до објавата.

„Ја почнуваме новата година офанзивно. Заедно со нашите другари од Грција организираме трибина на која ќе се зборува за состојбата во нашите две земји на планот на работничката борба против континуираните напори на властите и капиталистите од двете земји да ни’ ги намалат или одземат правата, да го одржат или зголемат профитот и да ја одржат стабилноста на капитализмот.

2023 ќе биде кризна година според многу најави. Кој е нашиот пат напред во Грција и Македонија, но и заедно?

Говорници:
Јоргос Михаилидис, член на интернационалниот комитет на НАР
Зоран Василески, член на марксистичката организација Социјалистичка зора

Модератор:
Никола Крстевски

Повелете на нашата дискусија, да научиме нешто и да се инспирираме меѓусебно во борбата!“

Одете, посетет го настанот и учествувајте во дискусиите за да придонесете и вие во работничката борба против капитализмот.

С. Ц. „Дуња“
С. Ц. „Дуња“
RELATED ARTICLES