домаКултурни дописиКултурата на исхрана во студентските домови во Скопје / Kultura e të...

Културата на исхрана во студентските домови во Скопје / Kultura e të ushqyerit në konviktet e studentëve në Shkup

Оброк во С.Д. Гоце Делчев 4
Оброк во С.Д. Гоце Делчев 4

Многу често низ годините, храната во студентските домови била мета на критики. Последниов период, делува како економската криза да има свој ефект и врз исхраната на оние кои се хранат во студентските мензи. Зголеменото незадоволство на студентите, меѓу другото е насочено и кон она што им се нуди на трпеза. Од друга страна пак, Министерството за образование и наука (МОН) втора година по ред ветува „Студентски оброк“, а премиерот Ковачевски преку рекламно видео покажува колку се грижел за стандардот на студентските домови и исхраната на студентите. Од двете страни на паричката, различни луѓе имаат различни мислења за овој проблем, но каде е тука реалната слика? Дали храната во студентските домови ги задоволува нутритивните потреби на студентите, дали е количински доволна и дали е вкусна?

Генерациите кои порано студирале имале поразличен начин на користење на студентските мензи. Студентите имале бонови кои можеле да ги искористат како замена за храна. Боновите се добивале секој месец, а јадењето не било ограничено, односно можело да се земе колку што се сака храна во денот, сѐ додека се плати со нив. Студентите можеле да јадат во било кој студентски дом, без разлика дали престојуваат во истиот или во некој од другите, а исто така имало бифеа во рамките на студентските домови и факултетите, каде што студентите, исто така можеле да ги искористат своите бонови. Денешниот систем е различен. Секој студент има посебен идентификационен број кој се внесува во компјутерот во мензата и на таков начин се евидентира дали студентот јадел тој ден. На овој начин студентите имаат право на три оброци во текот на денот: појадок, ручек и вечера. Бифеата во факултетите и домовите се веќе минато.

Покрај тоа што на овој начин секој студент има загарантиран оброк и сите студенти го јадат истото јадење во денот, голем дел од студентите изјавуваат дека трите оброци најчесто не се доволни и тие повторно се гладни и се принудени дополнително да купуваат храна. Можеби за некого ќе изгледа сосема нормален фактот што студентите купуваат дополнително храна поради желба за разновидност во исхраната и посебни преференци на вкус, сепак тука мораме да ја земеме предвид и состојбата на собите во домовите. Студентскиот дом „Гоце Делчев“ е единствен кој нуди простор кој служи како кујна во два блока: А и Б. Во тој простор има мал фрижидер и мал електричен шпорет. Собите во останатите блокови, како и во останатите студентски домови немаат ваква опција, па обично секоја година е креативен предизвик како да се направи пофункционален простор за чување прехрамбени производи во собата, а во зимските месеци прозорите и терасите се еквивалент на фрижидер за чување храна на ладно. Оваа година, поради штедењето, и тие студенти кои ја имаа привилегијата да имаат кујна во својата соба, се оставени без можност за готвење и чување храна во фрижидер. Овие апарати се исклучени, а паралелно студентите имаат правила за забрана на користење на решоа и грејни тела. Ограничувањата околу подготовката и чувањето на храна во собите, како и состојбата на храната во мензите, ги остава студентите во ситуација да мораат да припремаат или чуваат ограничени видови храна (како на пример тестенини и сл.) или се приморани да купуваат готова храна. Најчесто најдостапна и најефтина (во однос на количината храна која најадува) е сепак брзата храна и белите пецива. А особено во ноќните часови, кога еден студент би се почувствувал гладен ако не му било доволно јадењето од менза, сепак најчесто единствени опции за купување храна се местата кои нудат брза храна, пецива и некои трафики кои продаваат грицки, чипсови, чоколада…

Штедењето опфати многу аспекти од животот на студентите во студентските домови. Се штеди на основни потреби на студентите, меѓу кои и храната во мензите, а според студентите  состојбата во домовите е поочајна од било кога. Годинава студентскиот дом „Кузман Јосифоски Питу“ беше затворен под изговор за реновирање, но според изјави на студенти кои минатата година престојувале таму, откако поскапиле цените на производите, квалитетот и разновидноста на храната значително се намалиле. Па така, од поразновидната исхрана, различни манџи, повеќе видови месо, десерти и слично, студентите сѐ почесто добивале пире, само пилешко месо, тестенини, како и бајато овошје за десерт. Се разбира, ова не било 100% од времето, меѓутоа зачестеноста на тие оброци, очигледно на студентите им оставило впечаток дека квалитетот на храната се намалил. Моментално, студентите кои анонимно дадоа изјави, кажуваат дека храната во студентскиот дом „Гоце Делчев“ и студентскиот дом „Стив Наумов“ е многу слична. Студент кој престојува во студентскиот дом „Гоце Делчев“ објасни дека студентите сами се организираат да одат на состаноци со надлежните вработени за да се побунат за храната. Тие се пожалиле дека храната количински не е доволна и побарале од вработените да им притураат храна во чиниите доколку сакаат репете (нешто што вработените в менза не го правеле). Понатаму, се пожалиле дека храната не е разновидна, дека сакаат повеќе овошје, манџи, супа и различни видови салата. Често јогуртот кој го добивале бил скиснат, исто така не добивале десерт, нешто што било честа практика пред кризата. Други студенти се пожалиле и за чистотата на приборот за јадење. Една студентка кажа дека откако студентите се пожалиле, храната малку се подобрила: “И „Стив“ го подобрија јадењето заедно со “Гоце“, само не се знае колку ќе трае тоа, бидејќи обично од јануари многу го расипуваат“. На прашањето “Во која смисла е подобрена храната?“ таа одговори: „Па нели не беше добро јадењето. Појдоа кај таа што е главна и се жалеа дека не чини. И сега почнаа да даваат десерти, различни салати, малку поразновидна храна. Пример, со пире и плескавица ќе дадат плус брокула и карфиол“.

Студентите кои се вегетаријанци или вегани речиси и да немаат избор во мензите. Со оглед дека најголем дел од јадењето содржи месо, а мензите најчесто не нудат алтернатива, студент кој не јади месо е приморан да не јаде воопшто во мензата тој дел од денот или пак да јаде од тоа малку што е без месо како на пример пире или ориз и притоа да не биде доволно најаден. Но, освен овие студенти, на предизвик наидуваат и студенти кои не смеат да јадат одредена храна. Студентка која живее во „Гоце Делчев“ е нетолерантна на лактоза, а тоа значи дека таа не смее да јаде млеко, јогурт и други млечни производи. Таа кажува „Секаде ми е проблем искрено. Ама тоа е, сѐ е навика. Би било пожелно да има замена кога нешто е со сирење, кашкавал или зденки. Ама скапи се тие, така да не очекувам да има некоја промена. Не ни е таков стандардот за да очекувам јогурт без лактоза или кисело млеко“.

Студентка која престојува во „Пелагонија“ кажува дека таму храната не е толку лоша. „Претежно имаме распоред за тоа што ни даваат секој ден. Ама има денови кога сме само на истото“ кажува таа. „Во споредба со вечерата, ручекот е подобар. За вечера искрено малку е храната што ни ја даваат во споредба со ручекот. За ручек барем имаме салата. Вчера на пример за вечера имавме само ориз и ако имаш среќа можеш и месо да најдеш. Минатата недела повеќе дена по ред ни даваа само пица или баничка за јадење. Во понеделник претежно ни даваат грав и плескавица, вторник грашок, среда пире со гулаш, четврток компир манџа и петок пак грав. Ама како што кажав, има денови кога прават измени. За вечера понекогаш даваат овошје“. Но покрај се, кажа дека “Храната не е лоша. Најверојатно бидејќи „Пелагонија“ е полуприватен па подобра храна даваат во споредба со другите“.

Заклучок за состојбата на храната во студентските домови

СЗО нуди препораки за здрава исхрана, каде се потенцира јадењето овошје и зеленчук, мешунки, јаткасти плодови, риба итн., а апелира ограничување на внесувањето на шеќери, сол во поголеми количини и транс масти. За здрава исхрана потребно е внесување протеини, јаглехидрати, масти и тоа добивање на овие хранливи материи од здрави извори на храна. Исто така, неопходна е улогата на витамините и минералите.

Во домовите, недостатокот на овошје во храната, како и недостатокот на разновидни салати и свеж зеленчук прави недоволен извор на здрави јаглехидрати, витамини, минерали, растителни влакна. Јаглехидратите од храната во менза најчесто се добиваат од тестенини или различни банички и бел леб, како и компири, што е спротивно на препораките од СЗО. Протеини и масти се внесуваат преку одредени типови зеленчук, мешунки, месото и млечните производи, но исто така мензите често не нудат различни видови месо подготвено на здрав начин. Гравот, леќата, грашокот, боранијата и останатите манџи, сепак се во склад со препораките за здрава исхрана. Мензите исто така не нудат здрави алтернативи за студентите кои не можат да јадат одреден вид храна. 

Премиерот Ковачевски со видео реклама кажа дека го посетил студентскиот дом „Гоце Делчев“, каде што ручал во мензата заедно со студентите. Студент од истиот дом кажува дека за неговата посета „ги избришаа сите маси, за прв пат ни дадоа ножеви (обично има само лажици и виљушки), храната беше подобра тој ден, а добивме и „Витанова“ за десерт“. Но дали студентите треба да чекаат на вакви посети од претставници на Владата или пак да се приморани да се бунат кај вработените за да добијат подобра храна? Зарем „Државен студентски дом“ не треба постојано да се грижи за исхраната и здравјето на студентите, идните работници и чинители во општеството? Зошто надлежните одлучуваат да штедат на тој начин што ги кратат основните потреби на студентите? Каква е грижата на државата и Премиерот, доколку ова е состојбата во студентските домови?

Заплашувачки е податокот дека единствениот дом во кој студентите до некој степен се задоволни со исхраната е полуприватниот „Пелагонија“. Државата мора да цели кон зголемување на стандардот на студентите, бидејќи спротивната опција, за нив да се „грижат“ приватни сопственици претставува сценарио кое не смееме да дозволиме да се случи. Приватната сопственост значи само потрага по профит, а студентите мораат да бидат доволно свесни дека борбата по профит не е борба за подобар студентски стандард. Студентите мора активно да се обединуваат во своите барања за подобра храна, како и за решавање на другите проблеми во студентските домови.

 Студентите мора да бидат нахранети, здрави и да живеат во средина која им нуди простор за образување и просветлување. На празен стомак или со нарушено здравје, тешко доаѓа концентрацијата за учење.

Симона Наумоска

Shumë shpesh ndër vite ushqimi në konvikte ka qenë cak i kritikave. Në periudhën e fundit duket sikur kriza ekonomike ka ndikimin e saj në ushqimin e atyre që ushqehen në mensat e studentëve. Pakënaqësitë e studentëve në rritje, i drejtohen ndër të tjera edhe asaj që u ofrohet në tavolinë. Ndërsa nga ana tjetër, Ministria e Arsimit dhe Shkencës (MASH) për të dytin vit radhazi premton “Vakt Studentor”, ndërsa kryeministri Kovaçevski përmes videos reklamuese tregon se sa kujdeset për standardin e konvikteve studentore dhe ushqimin e studentëve. Në të dyja anët e medaljes, njerëz të ndryshëm kanë mendime të ndryshme për këtë problem, por ku është këtu tabloja reale? Vallë ushqimi në konvikte i plotëson nevojat ushqimore të studentëve, a është i mjaftueshëm në sasi dhe a është i shijshëm?

Gjeneratat që studionin më parë kishin një mënyrë tjetër të përdorimit të mensave të studentëve. Studentët kishin kupona që mund t’i përdornin si zëvendësim për ushqimin. Kuponat merreshin çdo muaj dhe ngrënia nuk ishte e kufizuar, domethënë mund të merrje ushqim sa të duash gjatë ditës, për aq kohë sa pagoje me to. Studentët mund të hanin në çdo konvikt, pavarësisht nëse qëndronin në të njëjtin apo në njërin nga të tjerët, si dhe kishte edhe bufe brenda konvikteve dhe fakulteteve, ku studentët mund të përdornin edhe kuponët e tyre. Sistemi i sotëm është i ndryshëm. Çdo student ka një numër të veçantë identifikimi që futet në kompjuterin në mensë, dhe në këtë mënyrë regjistrohet nëse nxënësi ka ngrënë atë ditë. Në këtë mënyrë studentët kanë të drejtën e tre vakteve gjatë ditës: mëngjes, drekë dhe darkë. Bufetë në fakultete dhe konvikte, tashmë janë një gjë e së shkuarës.

Përveç faktit se në këtë mënyrë çdo student ka vakt të garantuar dhe të gjithë studentët hanë të njëjtin ushqim gjatë ditës, një numër i madh i studentëve deklarojnë se zakonisht tre vaktet nuk janë të mjaftueshme, dhe sërish janë të uritur dhe detyrohen të blejnë. ushqim shtesë. Ndoshta për disa do të duket krejtësisht normale që studentët të blejnë ushqim shtesë për shkak të dëshirës për shumëllojshmëri në ushqimin e tyre dhe preferencave të veçanta të shijes, megjithatë këtu duhet të kemi parasysh edhe gjendjen e dhomave në konvikte. Konvikti studentor “Goce Dellçev” është i vetmi që ofron një hapësirë ​​që shërben si kuzhinë në dy blloqe: A dhe B. Në atë hapësirë ​​ka një frigorifer të vogël dhe një sobë të vogël elektrike. Dhomat në blloqet e tjera, si dhe në konviktet e tjera studentore, nuk e kanë këtë mundësi, kështu që zakonisht çdo vit është një sfidë krijuese, se si të bëhet një hapësirë ​​më funksionale për ruajtjen e produkteve ushqimore në dhomë, ndërsa në muajt e dimrit dritaret dhe tarracat janë ekuivalente me një frigorifer për ruajtjen e ushqimeve në të ftohtë. Këtë vit, për shkak të masave shtrënguese, edhe ata studentë që kishin privilegjin të kishin një kuzhinë në dhomën e tyre, mbeten pa mundësi të gatuajnë dhe ruajnë ushqimet në frigorifer. Këto pajisje janë të fikura, dhe në të njëjtën kohë, studentët kanë rregulla që ndalojnë përdorimin e reshove dhe ngrohësve. Kufizimet në përgatitjen dhe ruajtjen e ushqimit në dhoma, si dhe gjendja e ushqimit në mensa, i lë studentët në një situatë ku ata duhet të përgatisin ose ruajnë lloje të kufizuara ushqimesh (si makarona, etj.) ose janë të detyruar të blejnë ushqime të gatshme. Ushqimi i shpejtë dhe pastat e bardha,  zakonisht janë më të disponueshmet dhe më të lirat (për sa i përket sasisë së ushqimit që ngopë). Dhe sidomos gjatë natën, kur një student do të ndihej i uritur nëse nuk i ka mjaftuar ushqimi nga mensa, prapë se prapë të vetmet mundësi për të blerë ushqime janë vendet që ofrojnë ushqime të shpejta, pasta dhe disa dyqane që shesin ushqime si çipsa, çokollata…

Masat shtrënguese kapën shumë aspekte të jetës studentore në konvikte. Kursehet në nevojat elementare të studentëve, përfshirë ushqimin në mensat dhe sipas studentëve, situata në konvikte është më e dëshpërueshme se kurrë. Konvikti studentor “Kuzman Josifoski Pitu” këtë vit ishte mbyllur me pretekstin e renovimit, por sipas deklaratave të studentëve që kanë qëndruar aty vitin e kaluar, pas rritjes së çmimit të produkteve, kualiteti dhe shumëllojshmëria e ushqimeve ra dukshëm. Pra, nga ushqimet më të larmishme, gjellët e ndryshme, më shumë lloje mishi, ëmbëlsira e të ngjashme, studentët gjithnjë e më shpesh merrnin pure patatesh, vetëm mish pule, makarona, si dhe fruta bajate për desert. Natyrisht, kjo nuk ishte 100% e rasteve, por shpeshtësia e atyre vakteve, studentëve qartë u linte përshtypjen se cilësia e ushqimit ishte ulur. Aktualisht studentët të cilët kanë dhënë deklarata anonime thonë se ushqimi në konviktin studentor “Goce Dellçev” dhe në konviktin studentor “Stiv Naumov” është shumë i ngjashëm. Një student që qëndron në konviktin “Goce Dellçev” sqaroi se studentët vetë organizohen që të shkojnë në takime me punonjësit kompetentë, që të protestojnë për ushqimin. Ata u ankuan se sasia e ushqimit nuk ishte e mjaftueshme, dhe u kërkuan punonjësve të vënë ushqim në pjatat e tyre nëse dëshironin repete-tepricë (gjë që punonjësit e mensës nuk e bënin). Më tej, ata u ankuan se ushqimi nuk ishte i larmishëm, se donin më shumë fruta, gjellëra, supë dhe lloje të ndryshme sallate. Shpesh kosi që merrnin ishte i thartuar dhe gjithashtu nuk merrnin ëmbëlsirë, diçka që ishte një praktikë e zakonshme para krizës. Studentë të tjerë u ankuan për pastërtinë e takëmeve të ushqimit. Një studente tha se pasi u ankuan studentët, ushqimi u përmirësua pak: “Edhe “Stivi” e përmirësoi ushqimin bashkë me “Gocen”, por nuk dihet sa do të zgjasë, sepse zakonisht nga janari e prishin shumë. ” Pyetjes “Në çfarë kuptimi është përmirësuar ushqimi?” ajo u përgjigj: “Po ushqimi nuk ishte i mirë apo jo?”. Ata shkuan te ajo që është  kryesore dhe u ankuan se ushqimi nuk bën. Dhe tani filluan të japin ëmbëlsira, sallata të ndryshme, pak më shumë larmi ushqimesh. Për shembull, me pure patatesh dhe qofte, ata do të japin plus brokoli dhe lulelakër.”

Studentët që janë vegjetarianë apo veganë, pothuajse nuk kanë asnjë zgjedhje në mensat. Duke pasur parasysh se shumica e vakteve përmbajnë mish dhe mensat zakonisht nuk ofrojnë alternativë, një student që nuk ha mish detyrohet të mos hajë fare në mensë për atë pjesë të ditës, ose të hajë pak nga ajo që është pa mish, si pure patatesh ose oriz dhe në të njëjtën kohë  të mos jetë mjaftueshëm i ngopur. Por, përveç këtyre studentëve, me sfida përballen edhe studentët që nuk lejohen të hanë ushqime të caktuara. Një studente e cila jeton në “Goce Dellçev” është intolerante ndaj laktozës, që do të thotë se ajo nuk mund të hajë qumësht, kos dhe produkte të tjera të qumështit. Ajo thotë: “Sinqerisht, për mua është problem kudo. Por kaq, gjithçka është shprehi. Do të ishte e dëshirueshme të kishim  zëvendësim kur diçka është me djathë, kaçkavall ose zdenkë. Por ato janë të shtrenjta, kështu që nuk pres ndonjë ndryshim. Standardi ynë nuk është i tillë që të pres jogurt pa laktozë apo kos të thartë”.

Një studente që qëndron në “Pelagonia” thotë se ushqimi atje nuk është edhe aq i keq. “Kryesisht kemi orar të asaj që na japin çdo ditë.” Por ka ditë kur jemi vetëm në të njëjtën gjë”, thotë ajo. “Në krahasim me darkën, dreka është më e mirë. Për darkë, ushqimi që na japin është sinqerisht pak në krahasim me drekën. Të paktën kemi sallatë për drekë. Dje p.sh. kishim vetëm oriz për darkë, dhe nëse keni fat mund të gjeni edhe mish. Javën e kaluar, për disa ditë me radhë na dhanë vetëm pica ose byrek për të ngrënë. Të hënën më së shumti na japin fasule dhe një qofte, të  martën bizele, të mërkurën pure me gullash, të enjten gjellë me patate dhe të premte sërish fasule. Por siç thashë, ka ditë që bëjnë ndryshime. Ata ndonjëherë japin fruta për darkë”. Por krahas të gjithave ajo tha se “Ushqimi nuk është i keq.  Kryesisht për shkak se “Pelagonia” është gjysmë private, ofrojnë ushqim më të mirë në krahasim me të tjerët”.

Konkluzion për gjendjen e ushqimit në konviktet e studentëve

OBSH ofron rekomandime për ushqim të shëndetshëm, duke vënë theksin te ngrënia e frutave dhe perimeve, bishtajoreve, frutave bërthamore, peshkut etj., dhe apelon që të kufizohet marrja e sheqernave, kripës në sasi të mëdha dhe yndyrave trans. Për ushqim të shëndetshëm kërkohet marrja e proteinave, karbohidrateve, yndyrave dhe marrja e këtyre lëndëve ushqyese të jetë nga burime ushqimore të shëndetshme. Roli i vitaminave dhe mineraleve është gjithashtu i domosdoshëm.

Nëpër konviktet, mungesa e frutave në ushqim, si dhe mungesa e sallatave të ndryshme dhe perimeve të freskëta, e bën atë një burim të pamjaftueshëm të karbohidrateve të shëndetshme, vitaminave, mineraleve, fibrave bimore. Karbohidratet nga ushqimi i mensës merren më së shumti nga makaronat apo pastat e ndryshme dhe buka e bardhë, si dhe patatet, gjë që është në kundërshtim me rekomandimet e OBSH-së. Proteinat dhe yndyrat merren përmes disa llojeve të perimeve, bishtajoreve, mishit dhe produkteve të qumështit, por mensat gjithashtu shpesh nuk ofrojnë një shumëllojshmëri të mishrave të përgatitur në mënyrë të shëndetshme. Fasulet, thjerrëzat, bizelet, bishtajat dhe gjellët e tjera janë ende në përputhje me rekomandimet për një ushqim të shëndetshme. Mensat, gjithashtu nuk ofrojnë alternativa të shëndetshme për studentët që nuk mund të hanë disa lloje ushqimesh.

Kryeministri Kovaçevski me video-reklamë tha se e ka vizituar konviktin e studentëve “Goce Dellçev”, ku së bashku me studentët ka drekuar në mensë. Një student nga i njëjti konvikt thotë se për vizitën e tij “kanë fshirë të gjitha tavolinat, për herë të parë na kanë dhënë thika (zakonisht ka vetëm lugë dhe pirunë), ushqimi ka qenë më i mirë atë ditë, dhe na dhanë Vitanova për desert”.  Por vallë a duhet studentët të presin vizita të tilla nga përfaqësuesit e qeverisë apo duhet të detyrohen të ankohen te punonjësit për të marrë ushqim më të mirë? A nuk duhet që  “Konvikti Shtetëror Studentor” vazhdimisht të kujdeset për ushqimin dhe shëndetin e studentëve, punëtorëve të ardhshëm dhe aktorëve të shoqërisë? Pse autoritetet vendosin të kursejnë në atë mënyrë që të shkurtojnë nevojat elementare të studentëve? Cili është kujdesi i shtetit dhe i kryeministrit, nëse kjo është situata në konviktet e studentëve?

Është e frikshme të dihet se i vetmi konvikt në të cilin studentët janë disi të kënaqur me ushqimin e tyre është “Pelagonia” gjysmë-private. Shteti duhet të synojë rritjen e standardit të studentëve, sepse opsioni i kundërt, që ata të “kujdesen” nga pronarët privatë, është një skenar që nuk duhet ta lejojmë të ndodhë. Pronësia private nënkupton vetëm kërkimin e fitimit dhe studentët duhet të jenë mjaft të vetëdijshëm se lufta për fitim nuk është luftë për një standard më të mirë studentor. Studentët duhet të bashkohen në mënyrë aktive në kërkesat e tyre për ushqim më të mirë, si dhe për zgjidhjen e problemeve të tjera nëpër konvikte.

Është e domosdoshme që studentët të jenë të  jenë të ushqyer, të shëndoshë dhe të jetojnë në një mjedis që u ofron atyre hapësirë ​​për arsimim dhe ndriçim. Me stomakun bosh ose me shëndet të dëmtuar, është e vështirë të përqendrohesh në mësim.

Simona Naumoska

Leximi: E. M.

Përktheu E. M.

Симона Наумоска е родена во 1997 година во Прилеп. Таа е студентка по општа медицина на Медицинскиот факултет во Скопје. За време на средното образование била извидник, а паралелно учествувала во еколошки активности и иницијативи за помош на социјално загрозени категории. Како студентка била дел од студентски организации на Медицинскиот факултет. Сега е дел од колективот на Социјалниот центар „Дуња“. Таа е активист за работнички права, социјална правда, женски и ЛГБТИ права. 

Simona Naumoska ka lindur në vitin 1997 në Prilep. Ajo është studente e mjekësisë së përgjithshme në Fakultetin e Mjekësisë në Shkup. Gjatë shkollimit të mesëm ka qenë skautiste, dhe njëkohësisht ka marrë pjesë në aktivitete dhe iniciativa mjedisore për të ndihmuar kategoritë e padrejtësuara sociale. Si studente ka qenë pjesë e organizatave studentore në Fakultetin e Mjekësisë. Tani ajo është pjesë e ekipit të Qendrës Sociale “Dunja”. Ajo është një aktiviste për të drejtat e punës, drejtësinë sociale, të drejtat e grave dhe LGBTI.

RELATED ARTICLES