домаКултурни дописиШто нуди првиот печатен број на „Нова Искра“? – приказ на промоцијата...

Што нуди првиот печатен број на „Нова Искра“? – приказ на промоцијата / Çfarë ofron numri i parë i shtypur i “Nova Iskra”? – prezantimi i promovimit

Нова Искра - хартиена верзија
Нова Искра – хартиена верзија

На 22.10.2022 година, во С.Ц. „Дуња“, се одржа промоција на првиот печатен број од марксистичкото списание „Нова Искра“. Списанието зад себе има четири броеви во онлајн форма, но за прв пат имаме можност истото да го добиеме и во печатена верзија. Петтиот број на овој „марксистички глас на работниците и младината“ нуди три текстови за читање на актуелни теми кои како појави во историјата на капитализмот несомнено имаат влијание врз животот на работниците насекаде, а тие се: инфлацијата, војната и конкретно за овие простори, односите меѓу Македонија и Бугарија.

Промоцијата беше одбележана со полна соба присутни гости, а промоцијата беше водена од страна на тројца членови на марксистичката југословенска организација „Црвени“, чиј официјален билтен претставува „Нова Искра“. 

За почеток, членот Дејан Лутовски зборуваше за историјата на „Нова Искра“ и „Црвени“. Имено, порталот на „Нова искра“ е формиран во 2009 година, а по одредена пауза, продолжува со работа во 2016. „Црвени“ е организација на работници и студенти собрани околу идеите за марксизмот, чија долгорочна цел е градење работничка партија за воспоставување власт на работничката класа. Како југословенска марксистичка организација, Црвените имаат филијали во Босна и Херцеговина, Македонија и Србија. Во 2020 година стануваат полноправна членка на интернационалата „Интернационална марксистичка тенденција“. Лутовски истакна дека кај нас, јавноста е најзастапена со десничарски анализи, додека „Нова Искра“ нуди една многу потребна левичарска перспектива на актуелните случувања.

По него, излагање имаше Алек Атевиќ, кој зборуваше за првиот текст насловен „Инфлацијата на цените и растот на платите“. Атевиќ објасни дека тоа е актуелна тема од светски рамки, чии последици и ние ги чувствуваме, повикувајќи се на теоријата на трудова вредност на Маркс што тие ја сметаат за единствена која е валидна. Текстот ја елаборира моменталната криза, споменува за инфлацијата во СФРЈ која се јавила поради недостаток на фиксни цени и прави осврт на растот на работничките плати и девалвацијата на вредноста на парите.

Следно, збор зеде Петар Чуриќ, кој направи промоција на вториот текст „Интернационалистичко и комунистичко „не“ на фанцускиот предлог”. Чуриќ истакна дека левичарите не смеат да се плашат да зборуваат на скокотливата тема национализам, бидејќи таа е презаситена од десничарски наративи. Тој истакна дека „националните истории се митологизации за затскривање на вистината и криење на класниот идентитет“ и дека тие служат за обединување на работниците и газдите под некаков заеднички национален идентитет, кога во суштина класната поделба е единствената и вистинската поделба на населението. Текстот пошироко го анализира прашањето за интеграцијата во ЕУ и НАТО како еден сон, продаден за маскирање на бедата којашто ја создава капитализмот. Чуриќ го истакна и лицемерието на ЕУ која застанува зад предлогот на Бугарија за наметнување на барањата за идентитет и јазик над друг народ, додека ја напаѓа Русија за истите империјалистички тенденции, со заклучок дека ЕУ сепак е алатка на крупниот капитал и отворениот пазар и не се грижи за добросостојбата на обичниот човек.

Третиот текст со превод на македонски јазик, гласи: „Криза, протекционизам и инфлација: војната го подготвува патот за револуцијата“. Истакнати се корелацијата помеѓу кризата, војната во Украина и пандемијата. Извадоци како: „Со вакви сериозни изјави, многу работници ќе се запрашаат дали некој ќе го побара нивното мислење? Дали здравјето на нивните деца, вреди да се жртвува на олтарот на империјалистичките амбиции на НАТО?„ и „Консеквентно, комбинацијата на поскапени енергенси и ѓубрива, создава хаос во производството на храна во оранжериите“, покажува за квалитетните изјави и во третиот текст. Всушност, целото списание, заедно со неговите претходни публикации е високопрепорачливо четиво за сите оние кои сакаат да добијат толкување за настаните и општествените и економските појави низ марксистичка призма, а тоа пак е неопходно за секој работник и млад човек, за борба против опресорите и експлоататорите.

Настанот заврши со успешни дискусии меѓу присутните гости и организаторите. Се зборуваше за работничката борба, војната во Украина, значењето на одредени национални симболи, се поставија теоретски прашања околу марксизмот, како и се потенцира дека е важно комунистите отворено да ја промовираат својата идеологија, бидејќи во суштина таа не е радикална како што некои ја перципираат, туку тоа се едноставно неопходни барања за подобар и достоинствен живот.

Во списанието пишува „сметаме дека ова прво печатено издание ќе допре до младината и работниците желни да се запознаат со марксизмот, но истовремено и да го поддржат ширењето на идеи спротивни на владејачките“. Доколку напишаното ви пробуди желба да го прочитате списанието, истото може да го порачате преку фејсбук страната на „Црвени“ по солидарна цена од 50 денари. Нов број на „Нова Искра“ излегува секое тримесечје, а од членовите беше истакнат планот за печатена верзија и на следниот примерок. Во меѓувреме, можете да ги прочитате претходните четири броеви на списанието, и истите можете да ги најдете на нивната веб страна.

Исто така, „Црвени“ објавуваат повик за сите оние кои сакаат да допринесат кон борбата за нов и похуман свет и за градење на силите на работничката класа, да им се придружат и да ги контактираат преку профилот на социјалните мрежи или нивната официјална веб страна каде што имаат дополнителен телефонски број за контакт и електронска адреса. Нивната порака е „Доколку се сложувате со нашите идеи, не седете сами, не очајувајте и немојте да паѓате во цинизам. Дојдете заедно со нас да изградиме комунистичка сила што ќе го зајакне работничкото движење, што ќе бара алтернатива на политичкиот, економскиот и општествениот систем“. 

Сите заинтересирани може да ги поддржат „Црвени“ и Социјалниот центар „Дуња“ преку социјалните мрежи и преку активизам, а засега оставаме да ги разгледате фотографиите од настанот кои ја доловуваат убавата атмосфера меѓу присутните и ве повикуваме да присуствувате и на другите претстојни настани од овој тип, како и на останатите разни настани во С.Ц. „Дуња“.

Подолу можете да погледнете фотографии на Симона Наумоска од атмосферата на промоцијата.

Симона Наумоска

Лектура: Е. М.

Симона Наумоска / Simona Naumoska

Симона Наумоска е родена во 1997 година во Прилеп. Таа е студентка по општа медицина на Медицинскиот факултет во Скопје. За време на средното образование била извидник, а паралелно учествувала во еколошки активности и иницијативи за помош на социјално загрозени категории. Како студентка била дел од студентски организации на Медицинскиот факултет. Сега е дел од колективот на Социјалниот центар „Дуња“. Таа е активист за работнички права, социјална правда, женски и ЛГБТИ права. 

Më datë 22.10.2022, në Q. S. “Dunja”, u mbajt promovimi i numrit të parë të shtypur të revistës marksiste “Nova Iskra”. Revista ka katër numra pas saj në formë online, por për herë të parë kemi mundësinë të marrim të njëjtën në  version të printuar. Numri i pestë i këtij “Zëri marksist i punëtorëve dhe i rinisë” ofron tre tekste për lexim me tema aktuale që, si dukuri në historinë e kapitalizmit, padyshim kanë ndikim në jetën e punëtorëve kudo, dhe ato janë: inflacioni, lufta dhe konkretisht për këto fusha, marrëdhëniet mes Maqedonisë dhe Bullgarisë.

Promovimi ishte shënuar me një sallë të plotë të të ftuarve, ndërsa promovimin e bënë tre anëtarë të organizatës marksiste jugosllave “Të kuqët”, buletini zyrtar i së cilës është “Nova Iskra”.

Fillimisht, anëtari Dejan Lutovski foli për historinë e “Nova Iskra” dhe “Të kuqët”. Përkatësisht, portali “Nova Iskra” është themeluar në vitin 2009 dhe pas një pushimi të caktuar vazhdon të punojë në vitin 2016. “Të kuqët” është një organizatë e punëtorëve dhe studentëve të mbledhur rreth ideve të marksizmit, qëllimi afatgjatë i të cilëve është ndërtimi. një parti punëtore për të vendosur pushtetin e klasës punëtore. Si një organizatë marksiste jugosllave, të kuqtë kanë degë në Bosnje dhe Hercegovinë, Maqedoni dhe Serbi. Në vitin 2020, ata bëhen anëtarë të plotë të internacionales Tendencës Internacionale Marksiste”. Lutovski theksoi se në vendin tonë opinioni më së shumti përfaqësohet nga analizat e djathta, ndërsa “Nova Iskra” ofron një këndvështrim shumë të nevojshëm të majtë për aktualitetin.

Pas tij pati një prezantim nga Alek Ateviq, i cili foli për tekstin e parë me titull “Inflacioni i çmimeve dhe rritja e pagave”. Ateviq shpjegoi se është një temë aktuale me suaza mbarëbotërore, pasojat e së cilës i ndjejmë edhe ne, duke iu referuar teorisë së vlerës së punës të Marksit, të cilën ata e konsiderojnë të vetmen që është e vlefshme. Teksti shtjellon krizën aktuale, përmend inflacionin në RSFJ që ka ndodhur për shkak të mungesës së çmimeve fikse, dhe shqyrton rritjen e pagave të punëtorëve dhe zhvlerësimin e vlerës së parasë.

Më pas fjalën e mori Petar Çuriç, i cili bëri promovimin tekstit të dytë, „„Jo” internacionaliste dhe komuniste për propozimin francez”. Çuriç theksoi se të majtët nuk duhet të kenë frikë të flasin për temën gudulisëse të nacionalizmit, sepse ajo është e ngopur me narrativa djathtiste. Ai vuri në dukje se historitë kombëtare po mitizohen për të fshehur të vërtetën dhe për të fshehur identitetin klasor” dhe se ato shërbejnë për të bashkuar punëtorët dhe pronarët nën një identitet të përbashkët kombëtar, kur në thelb ndarja klasore është ndarja e vetme dhe e vërtetë e popullatë. Teksti analizon më gjerësisht çështjen e integrimit në BE dhe NATO si një ëndërr, të shitur për të maskuar mjerimin e krijuar nga kapitalizmi. Çuriç theksoi gjithashtu hipokrizinë e BE-së, e cila qëndron pas propozimit të Bullgarisë për të imponuar kërkesat e identitetit dhe gjuhës ndaj një kombi tjetër, ndërsa sulmon Rusinë për të njëjtat tendenca imperialiste, me përfundimin se BE-ja është ende një mjet i kapitalit të madh dhe tregut të hapur. Dhe se nuk kujdeset për mirëqenien e njeriut të zakonshëm.

Teksti i tretë me përkthim në gjuhën maqedonishte, thotë: „Kriza, proteksionizmi dhe inflacioni: lufta përgatit rrugën për revolucionin”. Të theksuara janë korrelacionet midis krizës, luftës në Ukrainë dhe pandemisë. Fragmente si: „Me deklarata kaq serioze, shumë punëtorë do të pyesin veten nëse dikush do të kërkojë mendimin e tyre?” A ia vlen të sakrifikohet shëndeti i fëmijëve të tyre në altarin e ambicieve imperialiste të NATO-s?” dhe Rrjedhimisht, kombinimi i energjisë dhe plehrave më të shtrenjtë krijon kaos në prodhimin e ushqimit në serra”, tregon deklaratat cilësore në tekstin e tretë. Në fakt, e gjithë revista, së bashku me botimet e mëparshme, rekomandohet të lexohet shumë për të gjithë ata që duan të marrin një interpretim të ngjarjeve dhe fenomeneve shoqërore dhe ekonomike përmes një prizmi marksist, dhe kjo është e nevojshme që çdo punëtor dhe i ri të luftojë. kundër shtypësve dhe eksploatorëve..

Veprimtaria përfundoi me diskutime të suksesshme ndërmjet mysafirëve të ftuar dhe organizatorëve.  Foleshte për luftën e punëtorëve, luftën në Ukrainë, kuptimin e disa simboleve të caktuara kombëtare, u ngritën pyetje teorike për marksizmin, dhe u theksua se është e rëndësishme që komunistët të promovojnë hapur ideologjinë e tyre, sepse në thelb, ajo nuk është aq radikale. siç e perceptojnë disa, por këto, thjesht janë  kërkesa të domosdoshme për një jetë më të mirë dhe dinjitoze.

Në revistë shkruhet besojmë se ky botim i parë i shtypur do të arrijë tek të rinjtë dhe punëtorët e etur për t’u njohur me marksizmin, por në të njëjtën kohë për të mbështetur përhapjen e ideve të kundërta me ato në pushtet”. Nëse ajo që është shkruar ju shtyn ta lexoni revistën, të njëjtën mund ta porosisni përmes faqes së Facebook-ut të “të kuqëve” për një çmim solidar prej 50 denarë.  Numër i ri i “Nova Iskra” del në çdo tre muaj, dhe nga anëtarët u vu në pah plani për version të printuar edhe të kopjes së radhës. Në ndërkohë, mund të lexoni katër numrat e mëparshëm të revistës dhe  të njëjtat mund t’i gjeni në web faqen e tyre.

Gjithashtu, „Të kuqët” publikojnë thirrje për të gjithë ata që duan të kontribuojnë në luftën për një botë të re dhe më humane, dhe për të ndërtuar forcat e klasës punëtore, t’u bashkohen dhe t’i kontaktojnë përmes profilit të tyre në rrjetet sociale ose web faqes së tyre zyrtare. ku kanë numër telefoni shtesë për kontakt dhe adresë elektronike. Mesazhi i tyre është „Nëse jeni dakord me idetë tona, mos rrini vetëm, mos u dëshpëroni dhe mos bini në cinizëm. Ejani bashkë me ne të ndërtojmë një forcë komuniste që do të forcojë lëvizjen punëtore, që do të kërkojë alternativë ndaj sistemit politik, ekonomik dhe shoqëror”.

Të gjithë të interesuarit mund të i mbështesin „Të kuqët” dhe Qendrën Sociale “Dunja” përmes rrjeteve sociale dhe përmes aktivizmit, ndërsa tani për tani ju lëmë të shikoni fotot nga eventi që kapin atmosferën e bukur mes të pranishmëve, dhe ju ftojmë të merrni pjesë në ngjarje të tjera të ardhshme të këtij lloji, si dhe në ngjarje të tjera të ndryshme në Q.S. „Dunja”.

Simona Naumoska

Lekturoi: E. M.

Përktheu: E. M.

Simona Naumoska ka lindur në vitin 1997 në Prilep. Ajo është studente e mjekësisë së përgjithshme në Fakultetin e Mjekësisë në Shkup. Gjatë shkollimit të mesëm ka qenë skautiste, dhe njëkohësisht ka marrë pjesë në aktivitete dhe iniciativa mjedisore për të ndihmuar kategoritë e padrejtësuara sociale. Si studente ka qenë pjesë e organizatave studentore në Fakultetin e Mjekësisë. Tani ajo është pjesë e ekipit të Qendrës Sociale “Dunja”. Ajo është një aktiviste për të drejtat e punës, drejtësinë sociale, të drejtat e grave dhe LGBTI.

RELATED ARTICLES