Марксистичката организација „Социјалистичка зора“ организира јавна трибина насловена како „Државни концепции за македонското прашање: 1878 – 1903 – 1944. Патот од објект кон субјект“ на 29.10.2022 (сабота) со почеток од 18:00 часот во Социјалниот центар „Дуња“.
Идејата за македонската државност ја следеле различни концепции за решавање на македонското прашање. Дискусијата ќе ја модерира Зоран Василески, а говорници на темата ќе бидат: Стефан Илиевски, историчар Руфат Јашари, историчар и Васко Гичевски, историчар.