домаКултурни дописиПромоција на книгата „Постсоцијалистички политички графити на Балканот и во Централна Европа“

Промоција на книгата „Постсоцијалистички политички графити на Балканот и во Централна Европа“

С. Ц. „Дуња“
С. Ц. „Дуња“

Следниот петок, на 28.10.2022 година со почеток во 18:00 часот во просториите на Социјалниот центар „Дуња“ ќе биде промовирана книгата „Постсоцијалистички политички графити на Балканот и во Централна Европа“, издадена од Македонското студентско етнолошко друштво, под уредништво на професор Црвенковска Ристеска Инес. Промотор на книгата ќе биде Филип Јовановски, а модератор Еда Старова Тахир.

Линк до фејсбук настанот, направен од страна на организаторите на промоцијата можете да најдете тука.

Подолу можете да прочитате извадок од текстот за промоцијата на книгата:

„Oваа теориски и емпириски заснована книга ги истражува политичките графити во пост-социјалистичките балкански и централно-европски земји како субверзивни политички средства.

И покрај зголемената глобална дигитализација, графитите остануваат широко распространети и популарни, нудејќи визуелна индикација за културните услови, социјалната динамика и структурите на моќ во едно општество, и тоа преку само неколку зборови или слики. Користејќи квалитативни и квантитативни методи, како и детална интердисциплинарна анализа на поимот „патриотски“, екстремно десничарски, навивачки, носталгични и шовинистички графити и улична уметност, Великоња се занимава со тоа кој и зошто го користи графитот како политички медиум и која е неговата целна група на којашто се обраќа.“

Одете и поддржете ги активностите на Социјалниот центар „Дуња“.

RELATED ARTICLES