домаКултурни дописиПромоција на „Има и такви денови“ од Моника Стојановска

Промоција на „Има и такви денови“ од Моника Стојановска

Моника Стојановска
Моника Стојановска
Корица на „Има и такви денови“ од Моника Стојановска

Во среда, на 12 Октомври, со почеток во 19:30 часот во добропознатата „Буква“ ќе се одржи промоција на збирката поезија „Има и такви денови“ од младата и надежна поетеса Моника Стојановска. Промотор на книгата ќе биде младиот докторант Ведран Диздаревиќ. Ви прилог ви го пренесуваме текстот од фб настанот за промоцијата.

„Драги пријатели,

Во среда, на 12 октомври, во 19:30 часот ве покануваме на промоцијата на збирката поезија од младата поетеса Моника Стојановска, „Има и такви денови“, во издание на „Полица“.

За поезијата на Стојановска, Николина Андонова-Шопова вели дека со својата медитативност и задлабоченост во клучните егзистенцијални прашања, со леснотија успева да изрази силна, убедлива и непатетична емоција.

Петар Андоновски, пак, ќе каже дека тоа е поезија што изникнува од најдлабоките понори на човечкото и ги расплеткува читливо сите комплексности на чистата емоција, ставајќи ни мапа во раката и компас на срцето.

Промотор на книгата ќе биде Ведран Диздаревиќ.

Моника Стојановска е родена во Скопје. Дипломирала на Катедрата за италијански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Нејзината поезија е објавувана во неколку антологии и списанија и е преведувана на српски и хрватски јазик. Работи како медиумска аналитичарка и како дизајнерка и илустраторка. „Има и такви денови“ е нејзиното прво објавено дело.“

Одете и поддржете ги младите поетеси и поети во нашата држава.

RELATED ARTICLES