домаКултурни дописиСамостојна изложба и промоција на книга на Невена Алексовски

Самостојна изложба и промоција на книга на Невена Алексовски

PrivatePrint

Невена Алексовски прв пат ќе изложува пред македонската публика во склоп на десеттото издание на фестивалот „Прво па женско“. Невена Алексовска има бројни групни и самостојни изложби и многу активна уметница од независната словенечка културна сцена. Во галеријата на „PrivatePrint“ ќе се претстави со изложбата „Земјата во нашите џебови“, курирана од Јана Старделова, продуцирана од „Тииит! Инк.“ и истовремено ќе биде промовирана и нејзината книга „Меланхолија на напуштените краишта“, издадена од „PrivatePrint“. Подолу, мал дел од промотивниот материјал на галеријата.

„Изложбата, како и книгата, се всушност комуникација со претците, со кои врската била прекината заради нивните преселби или заради предвремена смрт (каква што била смртта на нејзините баби и дедовци). На изложбата, користејќи материјали како земја, камења, парчиња цемент, стари облеки и друг текстил, таа го проучува односот со почвата, територијата, просторот, како и со ограничувањето, присвојувањето и исклучувањето. Преку уметничката, визуелна артикулација на личното преселничко искуство, односот со претците и со семејната историја, таа се обидува да упати на универзалното во овие искуства, особено во смисла на едно интимно, чувствено и ирационално искусување на споменатите состојби и околности.“

Промоцијата на книгата и разговор со авторката ќе има во „PrivatePrint“ на 13.10.2022 во 19:00 часот. Изложбата ќе биде отворена час подоцна, во 20:00 часот. Изложбата ќе може да се посети до 12 Ноември, од среда до сабота од 12 до 18 часот.

Овој е линкот за фб настанот за ова збиднување, а подолу е постерот од изложбата на Невена Алексовски.

Постер за „Земјата во нашите џебови“
Постер за „Земјата во нашите џебови“
RELATED ARTICLES