домаКултурни дописиВо СЦ „Дуња“ се одржа „Панк и субкултура“

Во СЦ „Дуња“ се одржа „Панк и субкултура“

С. Ц. „Дуња“
С. Ц. „Дуња“

Во саботата на 8.10.2022 година во Социјалниот центар „Дуња“ се одржа настанот „Панк и субкултура“, настан во склоп на „Крик“ – фестивалот за критичка култура, во организација на Здружението „Контрапункт“. На настанот имаше значаен број посетители, покрај официјалните гости на фестивалот гости имаше и од активистите кои самостојно го одржуваат социјалниот центар „Дуња“.

Бен Вотсон, британски писател за музика и култура на марксистички погледи, одржа предавање за неговите искуства кога бил во Лидс (1979 -1993), поточно кога панкот беше поврзан со Ф Клубот, односно кога британските скинхедси погрешно ги толкувале свастиките на Вивиен Вествуд и мислеле дека панкот е фашистички. На тој начин гостите можеа да научат нешто ново за британската и европската култура и преку личните доживувања на предавачот. Сезгин Бојник, пак ја претсваи публикацијата „Панк супрематизам“, која што го вклучува првиот англиски превод на теоретските делла за панкот, уметноста, социјализмот, бирократијата и национализмот од Славој Жижек, Растко Мочник и Зоја Скушек. „Панк супрематизам е првиот том од серијата за истражување на панк иницирани од Rab-Rab Press. Серијата тргнува од идејата дека панкот е пауза, а ќе се фокусира на панкот како нешто целосно одвоено од буржоаската култура.“, објавија од организацијата.

На настанот беше презентирана и публикацијата и истражувањето за субкултура на доктор Садику Артан и Ѓорѓе Јовановиќ именувано „Скопје: Вовед во движење одоздола“, во склоп на биеналето „Манифеста“ и во партнерство со „Термокис“ Приштина. Беа прикажани и документираните видео материјали како краток документарен филм истоименуван „Скопје: Вовед во движење одоздола“.

За крај, како забавен дел на настанот настапуваа Марија Каева и „40ес дена“. Гостите и присутните имаа можност да видат и во живо како функционираат движењата одоздола за да можат своите теоретски знаења да ги дополнат со стварноста што ја живеат активистите кои се грижат и го одржуваат просторот каде што овој настан и се збидна. Подолу можете да погледнете дел од фотографиите од атмосферата на настанот од фотографката Лени Вон Гелева, а се преземени од официјалниот профил на „Крик“ на социјалната мрежа Facebook.

RELATED ARTICLES