домаКултурни дописиСимона Наумоска: „„Hustle“ култура, машкост и мизогинија“ / Simona Naumoska: „Kultura „Hustle“-...

Симона Наумоска: „„Hustle“ култура, машкост и мизогинија“ / Simona Naumoska: „Kultura „Hustle“- Kultura e ngutjes, burrëria dhe mizogjinia“

"Feminism rocks" by Kristjan Wager is licensed under CC BY-NC-SA 2.0.
“Feminism rocks” by Kristjan Wager is licensed under CC BY-NC-SA 2.0.

Класните разлики меѓу луѓето се појава која е инхерентно поврзана со капитализмот. Нееднаквоста што произлегува од нив, ја поттикнува желбата на едната група луѓе да наликува повеќе на онаа другата, која ужива повеќе удобност и привилегија. Токму тој раздор е искористен од страна на оние кои се веќе дел од повисоката класа, како еден начин за одржување на системот, преку промоција на одредени мотивациски приказни за начини на поголема заработка на пари. Тие приказни се консумирани од страна на обичниот човек, а најчесто проработуваат кај помладите, бидејќи тие најлесно може да бидат импресионирани. Па така, полека се раѓа т.н. „hustle culture“, односно култура која ги учи своите следбеници дека доколку го посветат целото свое време на прекумерна работа, тие ќе станат богати. Но, не само што ова доведува до прегорување или „burn out“, доведува и до создавање други ентитети во рамките на оваа култура, меѓу кои и потрагата по машкост и објективизирање на жените.

Културата на богатење привидно промовира дека нејзините следбеници може да имаат сè што ќе посакаат и дека единствениот начин до тоа е макотрпната работа. Меѓутоа, на крајот од денот, повторно профитот оди кај капиталистите, додека обичните работници кои во работата вложуваат преголем дел од своето драгоцено време, повторно се експлоатирани. На сите ни е јасно дека за ефикасност при извршување на било каква работа е потребен психички и физички одмор. Но, ваквата култура кажува дека не смее да има одмор и дека доколку не се постигне посакуваното богатство, секогаш е лична вина на индивидуата која „не работела доволно“, занемарувајќи ги сите надворешни фактори (непотизам, сексизам, болест, природни непогоди, несреќи итн.) кои придонесуваат кон успех или неуспех во работата. Па така, системот никогаш не е виновен, виновни сме ние самите. Но кога вината е падната врз рамењата на луѓето, разбирливо е дека се јавува незадоволство со самите себеси и една огромна желба за да се надмине тоа незадоволство. Голем дел од луѓето веруваат дека за да се надмине истоштеноста, проблемите и празнината што ги носи сиромаштијата, е да станат богати. Но факт е дека за да се одржува системот, не може сите да бидат богати. Мора да постојат сиромашните и невработените кои претставуваат (потенцијална) работна сила. За да се одржи нивната мотивација и доверба во капитализмот, полека се конструирале некои фиктивни мерила за вредност на личноста кон кои наводно треба да се цели. Делува како на голем дел од конзервативната младина, омилено им е да консумираат прикани за т.н. „маж со висока вредност“ и „жена со висока вредност“. Таквите лица се дефинирани како луѓе на повисоко ниво од оние кои се сиромашни, не се фит, не работат, се мажи кои немаат убави жени околу нив или пак жени кои не се партнерки на богати мажи, односно луѓе со „пониска“ вредност. Особено во последниов период бевме сведоци на појавувањето на една многу контроверзна индивидуа, која на социјалните мрежи промовираше вакви бајки, а тоа е наводно самостојно направениот милионер Ендру Тејт.

"End Toxic Masculinity" by labnusantara is licensed under CC BY-NC-ND 2.0.
“End Toxic Masculinity” by labnusantara is licensed under CC BY-NC-ND 2.0.

Ендру е еден од многуте луѓе на интернет кои нудат совети за брзо збогатување. Тој нуди посебна школа за неговите следбеници во која ги учи да заработуваат како него. Привлечноста која Тејт ја создаде кај својата публика (која во најголема мера се состои од малолетни момчиња) произлегуваше од неговиот луксузен начин на живот. Тој постојано на социјалните мрежи објавуваше лични слики каде што тој носи скапа облека, пуши пури, вози скапи автомобили, патува со приватни авиони, постојано е опкружен со убави и разголени жени… Но покрај најверојатно лажните совети за збогатување, исто така страшно е тоа што Тејт ги користеше своите платформи, како и платформите на други инфлуенсери кои промовираат слични идеологии, за да шири крајно сексистички и мизогинични пораки за жените, како и неговите објаснувања за тоа што значи да се биде маж. Според Тејт, должност на жените е да го задоволат својот маж, единствено да се грижат за домот и за децата кои мора да сакаат да ги родат, да бидат сосема во ред со фактот дека нивниот маж од време на време може да ги изневерува (бидејќи според Тејт, доколку мажот е многу богат и со „висока“ вредност, тој постојано е опкружен со жени и има целосно право да ги користи нив за задоволување на своите сексуални потреби), меѓутоа жената мора да биде лојална и не смее да го изневерува својот маж. Жените мора да бидат благодарни што мажот им дава пари, не треба да целат кон финансиска независност, дополнително жестоко обвинувајќи ги жените дека не знаат да возат или да управуваат други превозни средства. Тој исто така дава совети за тоа како мажите треба да се однесуваат со жените, совети кои базично ги деградираат припадниците на женскиот пол и истакнува дека жената е во сопственост на мажот, паралелно ставајќи ги мажите во супериорна положба. Ова се само мал дел од изјавите на Тејт, за кој се зборува дека бил обвинет за криминални актив, меѓу кои и принудување жени на онлајн сексуална работа. Во очите на овој човек, за да се биде вистински маж мора да се заработува точно толку, колку што тој заработува. Мора да се биде многу силен, да се биде во развиена физичка форма, во никој случај да не се покажува слабост или емоции (Ендру исто така има изјавено дека не верува во депресија), во своја сопственост да се има минимум една убава жена, или со други зборови да се биде „алфа маж“. 

Но, ваквите изјави не се продукт само на Ендру Тејт, иако тој се истакна како еден од највлијателните инфлуенсери од т.н „маносфера“. За среќа, профилите на Ендру на социјалните мрежи беа блокирани по бурните реакции од јавноста, но за жал останатите конзервативци, промотери на „hustle culture“ и антифеминисти, сè уште имаат многу активни платформи со голем број следачи. Според сè ова, можеме да го поставиме прашањето: Што е тоа што ги тера овие луѓе да чувствуваат толку голема потреба да се докажат како „алфа мажи?“, Зошто се чувствуваат како да им се одзема машкоста? и Зошто во себе носат омраза кон жените и ги перцепираат како објекти за нивно задоволство и служба?

Апсолутно е точно дека самото воспитување на мажите во рамките на патријархалните вредности има огромна улога во длабокото вкоренување на ваквите сфаќања, меѓутоа би сакала да анализирам еден модерен аспект кој потенцијално може да е поттикнувач на овие појави. Мажот до ден денес, во најголем дел од светот, се смета за главен извор на финансии за семејството. Во време на постојана споредба преку социјалните мрежи и постоење на вакви стандарди за „вредност“, одредени преку финансиската положба, кога еден маж би се нашол во ситуација на сиромаштија и неможност за обезбедување луксузен животен стил (според  таквите како Тејт, не е доволно да се имаат само нормални услови за живот), тој може да се почувствува како целосно непотребен и невидлив. Особено доколку партнерката е таа која заработува повеќе, тоа може да претставува уште поголема закана за мажот кој живее по овие правила, на кого му е наметнато дека треба да биде „големиот шеф“ во домот. Сè повеќе се зборува за тоа како одредени мажи целосно страдаат и не можат да стапат во врска со припаднички од женскиот род, како недоволно посакувани во денешницата. Сè ова пак води до целосна омраза кон жените, кои во овие сфери знаат да бидат претставувани како заинтересирани само за површни работи, целосно материјалистички настроени и нелојални.

Поради сè тоа, тие мажи си земаат за право сексуално да ги објективизираат жените, наместо да ги перципираат како целосни индивидуи, со еднакво ниво на интелектуална развиеност, со сопствен живот и емоции. Често ваквите мажи знаат да ги обвинуваат жените дека се виновни за тоа што се заводнички и дека тие знаеле да прелажат маж, а мажите се тие кои наивно потпаѓаат на „играта“ на жената. Тука целосно се занемарува фактот дека жената е таа која е постојана жртва на објективизација на нејзиното тело во секојдневието, нешто што е константно присутно во културата и медиумите. Многу интересно за ваквиот наратив, дека жената има голема моќ, е тоа што често тој произлегува од истите тие мажи кои ја сметаат жената за подредено суштество и нивна сопственост, истовремено прогласувајќи се себеси за високо интелигентни личности, што всушност се две контрадикторни изјави. За жал, сведоци сме дека ова доведува и до себе-објективизација на жените, кои може да се гледаат себеси преку „машкото око“ и да ја поистоветуваат својата вредност само со нивната убавина и сексуална привлечност.

Жената во ваквите конзервативни кругови се гледа само како некоја награда на мажот. Поради тоа, никогаш не згаснува профитирањето на целата индустрија за убавина, која на некој начин незбежно, ги претвора жените од најмали нозе во доживотни консумеристи кои бркаат стандарди за убавина што не се само променливи, туку и намерно се создадени да бидат тешко достижни. Денес, поради постоење на социјалните медиуми, жените можеби се поранливи од било кога, во однос на нивната самодоверба и чувство на вредност. Исто така, жените се значително побројни корисници на естетски процедури и пластични операции. Покрај проблемот со објективизирање на жените, тие исто така се поголеми жртви на физичко насилство од страна на мажите, тие се двојно експлоатирани во рамките на економскиот систем и често за одлуки кои се во домен на нивната телесна автономност одлучува некој друг (пример: скорешното менување на „Roe v. Wade“ што гарантираше право на абортус во САД, или забраната за абортус во Полска). Во една епизода од подкастот „Revolutionary left radio“, гостинката Таи Ли зборува дека во фашизмот (ултрадесничарска, авторитарна, широко распространета идеологија, во чии рамки, меѓу другото, е и псевдонаучниот концепт на „расна чистота“) е есенцијална ваквата контрола над жената, бидејќи независноста на жената е ризик за таквиот поредок.

Жално е што вакви убедувања се промовираат на широка публика, убедувања кои со себе носат алиенација на луѓето, празен и неисполнет живот. Убедувања кои само поттикнуваат нездрава форма на натпревар меѓу луѓето. Сè поголем број луѓе од било кој род, се чувствуваат несреќни и очигледно е дека нешто недостига. Доколку подобро се воочи потеклото на овие интернет појави кои ги глорифицираат материјализмот и хедонизмот, не е тешко да се дојде до заклучок дека најголем дел доаѓаат од луѓе кои живеат во западниот „развиен капиталистички свет“, а особено САД. Ова не е случајност, а особено кога зборуваме за САД како капиталистичка земја со енормно високи трошоци за живот (за здравство, едукација, домување и сл.). Луѓето не само што не можат да си дозволат пристоен живот, туку и веќе евидентно е дека новите генерации се многу финансиски понестабилни споредено со генерациите на нивните родители. Во вакви средини, многу е лесно да се живее со сонот за богатство и статус, како што е лесно и да се потпадне под влијание на ставовите на личностите како Ендру Тејт.

Првиот чекор кон разобличување на овие празни вредности е да се направи целосна деконструкција на структурите што го градат системот и да се промовираат алтернативните политичко-економски идеологии што промовираат класна еднаквост и егалитарност. Затоа е многу важна едукацијата и создавањето критичко размислување кај младите. Исто така, секој треба сам да си направи интроспекција и да ја бара сопствената вредност во карактерот и во однесувањето кон другите на добар и емпатичен начин. Треба да биде јасно дека да се сака некоја личност, значи и истата да се почитува. Гледањето на некого како лична сопственост не е љубов. Емоционалната благосостојба и здравите односи со луѓето, особено со интимниот партнер се многу поважни за исполнетост, од повеќето материјални добра.

За крај, не смееме да паѓаме на стереотипите кои се наметнуваат за било кој род и мора да ги гледаме луѓето како целосни суштества со богат внатрешен емотивен живот. Треба да целиме кон зголемување на емпатијата, бидејќи само така ќе можеме да се соживееме со другиот и да градиме цврсти односи базирани врз здрави темели, еднаквост и партнерство.

Симона Наумоска

Лектура: Е. М.

Симона Наумоска

Симона Наумоска е родена во 1997 година во Прилеп. Таа е студентка по општа медицина на Медицинскиот факултет во Скопје. За време на средното образование била извидник, а паралелно учествувала во еколошки активности и иницијативи за помош на социјално загрозени категории. Како студентка била дел од студентски организации на Медицинскиот факултет. Сега е дел од колективот на Социјалниот центар „Дуња“. Таа е активист за работнички права, социјална правда, женски и ЛГБТИ права.

Dallimet klasore midis njerëzve janë një fenomen që në thelb lidhet me kapitalizmin. Pabarazia që rezulton prej tyre, nxit dëshirën e njërit grup njerëzish për t’u bërë më shumë si  grupi tjetër që gëzon më shumë rehati dhe privilegj. Pikërisht kjo mosmarrëveshje është shfrytëzuar  nga ana e  atyreve që tashmë janë pjesë e klasës së lartë, si një mënyrë për të mbajtur sistemin, përmes promovimit të disa historive të caktuara motivuese për mënyrat për të fituar sa më shumë para. Ato histori i konsumohen nga ana e njeriut të thjeshtë, dhe më së shumti punojnë me më të rinjtë, sepse ata më lehtë mundet të impresionohen. Ashtu pra, ngadalë lind e ashtuquajtura “hustle Culture”, kulturë pra, që i mëson ndjekësit të saj se nëse i kushtojnë gjithë kohën punës së tepërt, do të bëhen të pasur. Por, jo vetëm që kjo çon në djegie ose “burn out”, por gjithashtu çon në krijimin e entiteteve të tjera në suaza të kësaj kulture, mestjerash duke përfshirë edhe kërkimin e burrërisë dhe objektivizimin e grave.

"Toxic masculinity" by subetheric is licensed under CC BY 2.0.
“Toxic masculinity” by subetheric is licensed under CC BY 2.0.

Kultura e pasurimit duket se promovon, që ndjekësit e saj mund të kenë gjithçka që duan, dhe se e vetmja mënyrë për ta pasur atë, është përmes punës së palodhur. Megjithatë, në fund të ditës, sërish fitimet shkojnë tek kapitalistët, ndërsa punëtorët e thjeshtë që investojnë shumë nga koha e tyre e çmuar në punë, sërish janë të eksploatuar. Të gjithëve ne, na është e qartë se për efikasitet në kryerjen e çdo pune,  nevojitet pushim mendor dhe fizik. Por, kjo kulturë tregon se nuk guxon të ketë pushim, dhe se, nëse nuk arrihet pasuria e dëshiruar, faji gjithmonë është i individit i cili “nuk ka punuar mjaftueshëm”, duke injoruar të gjithë faktorët e jashtëm (nepotizmi, seksizmi, sëmundjet, fatkeqësitë natyrore, aksidentet etj.) që kontribuojnë në sukses ose dështim në punë. Ashtu që, sistemi kurrë nuk është fajtor, fajtor jemi vetë ne. Por kur faji ka rënë mbi supet e njerëzve, është e kuptueshme që paraqitet pakënaqësi me veten, dhe një dëshirë e madhe për ta kapërcyer këtë pakënaqësi. Shumica e njerëzve besojnë se të kapërcehet rraskapitueshmëria, problemet dhe zbrazëtia që sjell varfëria, do të thotë të bëhen të pasur. Por fakti është se për të ruajtur sistemin, nuk mundet të gjithë të jenë të pasur. Doemos të ekzistojnë  të varfrit dhe të papunët, që përfaqësojnë fuqi (potenciale) punëtore. Për të e ruajtur motivimin dhe besimin e tyre në kapitalizëm, ngadalë janë konstruktuar disa masa fiktive të vlerës të personit, kah të cilat gjoja duhet synuar. Duket sikur një pjese të madhe të rinisë konservatore, u pëlqen të konsumojnë histori, për të ashtuquajturën. “burrë me vlerë të lartë” dhe “grua me vlerë të lartë”. Personat e tillë janë definuar si njerëz të nivelit më të lartë, se ata që janë të varfër, nuk janë fit, të paaftë, nuk punojnë, janë burra që nuk kanë gra të bukura rreth tyre, ose gra që nuk janë partnere të burrave të pasur, dmth. njerëz me vlerë “më të ulët”. . Sidomos në periudhën e fundit, ishim dëshmitarë të paraqitjes të një individi mjaft kontrovers, i cili  në rrjetet sociale  promovonte përralla të tilla, që gjoja në mënyrë të pavarur, është milioneri i vetëbërë   Andrew Tate.

Andrew është një prej shumë njerëzve në internet që ofrojnë këshilla për  pasurim të shpejt. Ai ofron një shkollë të veçantë për ndjekësit e tij, në të cilën i mëson ata, të fitojnë si ai. Tërheqshmërinë që Tate e krijoi te publiku tij (i cili kryesisht përbëhet nga djem të mitur) buron nga stili i tij, i jetesës luksoze. Ai vazhdimisht postonte foto personale në rrjetet sociale, ku ai vesh rroba të shtrenjta, pi puro, drejton makina të shtrenjta, udhëton me avionë privatë, vazhdimisht është i rrethuar nga femra të bukura dhe të zhveshura… Por përveç këshillave, ndoshta false, për t’u pasuruar, është edhe e frikshme edhe ajo se Tate i përdorte platformat e tija, si edhe platformat e influenserve të tjerë, që promovojnë ideologji të ngjashme, për të përhapur mesazhe jashtëzakonisht seksiste dhe mizogjene për gratë, si dhe shpjegimet e tija, se çfarë do të thotë të jesh burrë. Sipas Tate, është detyrë e grave që t’i kënaqin burrat e tyre, vetëm e vetëm të kujdesen  për shtëpinë dhe fëmijët që duhet të duan të i lindin, të jenë krejtësisht mirë me faktin që burri i tyre, herë pas here mund të i tradhtojnë ( sepse sipas Tate, nëse një burrë është shumë i pasur dhe me vlerë “të lartë”, ai është vazhdimisht i rrethuar nga gra, dhe ka çdo të drejtë t’i përdorë ato, për të kënaqur nevojat e tij seksuale), por  gruaja duhet të jetë besnike dhe nuk guxon ta tradhtojë burrin e vet. Gratë duhet të jenë mirënjohëse që burri u jep para, ato nuk duhet të synojnë pavarësinë financiare, dhe plotësisht duke i akuzuar ashpër gratë se nuk dinë të vozisin  ose të drejtojnë mjete të tjera transporti. Ai gjithashtu jep këshilla sesi burrat duhet t’i sillen me gratë, këshilla që në thelb degradojnë gjininë femërore, dhe thekson se gruaja është në pronësi të burrit, ndërsa në të njëjtën kohë, në mënyrë paralele i vendos burrat në një pozitë superiore. Këto janë vetëm disa nga deklaratat e bëra nga Tate, për të cilin thuhet se është akuzuar për veprimtari kriminale, mes të cilave edhe detyrimin e grave në punë seksuale në internet. Në sytë e këtij njeriu, për të qenë një burrë i vërtetë, duhet të fitohet po aq sa fiton ai. Njeriu duhet të jetë shumë i fortë, të jetë në formë të mirë fizike, në asnjë mënyrë të mos shfaqë  dobësi apo emocione (Endrju gjithashtu ka deklaruar se nuk beson në depresion), të paktën të posedojë një grua të bukur, ose thënë ndryshe të jetë një “mashkull alfa”.

Por deklaratat e tilla nuk janë produkt, vetëm i Andrew Tate, megjithëse ai u shqua si një nga influencuesit më me ndikim nga e ashtuquajtura “manosferë”. Për fat të mirë, llogaritë e Andrew në mediat sociale ishin të bllokuara pas reagimit të zhurmshëm nga publiku, por për fat të keq, pjesa tjetër e konservativëve, promovues të “hustle culture – kulturës së ngutjes” dhe antifeministë, ende kanë  platforma shumë aktive me ndjekës të shumtë. Sipas gjithë kësaj, mund të shtrojmë pyetjen: Çfarë është ajo që i bën këta njerëz të ndiejnë  nevojë kaq të madhe për të treguar veten si “mashkuj alfa?”. Pse ndihen sikur po u hiqet burrëria? dhe Pse ushqejnë urrejtje ndaj grave dhe i perceptojnë ato si objekte për kënaqësinë dhe shërbimin e tyre?

Është absolutisht e vërtetë, që vetë edukimi i burrave në kuadrin e vlerave patriarkale, ka rol të madh në rrënjosjen e thellë të kuptimeve të tilla, megjithatë do të doja të analizoja një aspekt modern që mund të jetë potencialisht nxitësi i këtyre fenomeneve. Edhe sot e kësaj dite, në shumicën e vendeve të botës, burri konsiderohet burimi kryesor i financave për familjen. Në  epokë të krahasimeve të vazhdueshëm përmes mediave sociale, dhe ekzistimit të standardeve të tilla të “vlerës” të përcaktuara nga gjendja financiare, kur një burr do të gjendej në  situatë varfërie dhe të paaftë për të siguruar një mënyrë jetese luksoze (sipas njerëzve si Tate, nuk mjafton të kesh vetëm kushte normale jetese), ai mund të ndihet krejtësisht i panevojshëm dhe e padukshëm. Sidomos nëse partnerja është ajo që fiton më shumë, ajo mund të përfaqësojë  kërcënim edhe më të madh për burrin që jeton sipas këtyre rregullave, të  cilit i është i imponuar të jetë “bosi i madh” në shtëpi. Gjithnjë e më shumë flitet se si disa burra vuajnë plotësisht dhe nuk janë në gjendje të lidhen me gratë, si pamjaftueshëm të dëshiruar në të sotshmen. E gjithë kjo, nga ana tjetër çon në urrejtje të plotë për gratë, të cilat në këto sfera mund të përfaqësohen si të interesuara vetëm për gjëra sipërfaqësore, krejtësisht materialisht të përshtatura dhe jo besnike.

"geek + feminism" by 3eyedmonsta is licensed under CC BY-NC-SA 2.0.
“geek + feminism” by 3eyedmonsta is licensed under CC BY-NC-SA 2.0.

Për shkak të gjithë kësaj, ata burra marrin për të drejtë seksualisht të i objektivizojnë  gratë, në vend që t’i perceptojnë ato si individë të plotë, me  nivel të barabartë të zhvillimit intelektual, me jetën dhe emocione personale. Shpesh burrat të tillë dinë të i akuzojnë femrat se ato janë fajtore për arsye se janë joshëse, dhe se ato dinë të mashtrojnë burrë, ndërsa burrat janë ata që me naivitet  bien në “lojën” së femrës. Këtu plotësisht anashkalohet fakti se gruaja është viktimë e vazhdueshme e objektivizimit të trupit të saj, në jetën e përditshme, diçka që është vazhdimisht e pranishme në kulturë dhe media. Ajo që është shumë interesante në këtë rrëfim, se gratë kanë fuqi të madhe, është se, shpesh vjen nga të njëjtët burra, që gruan e  konsiderojnë si qenie të varur dhe pronë e tyre, ndërsa në të njëjtën kohë deklarohen si persona shumë inteligjentë, që në fakt janë. dy deklarata kontradiktore. Fatkeqësisht, jemi dëshmitarë se kjo çon edhe në vetëobjektivizimin e grave, të cilat mund ta shohin veten përmes “syrit të burrit” dhe të e barazojnë vlerën e tyre vetëm me bukurinë dhe tërheqjen seksuale.

Në qarqe të tilla konservative, gruaja shihet vetëm si një shpërblim për burrin. Për shkak të kësaj,  kurrë nuk pushon  përfitimi nga e gjithë industria e bukurisë, e cila në njëfarë mënyre që në moshë të re gratë i shndërron në konsumatore të përjetshme, që ndjekin standardet e bukurisë, dhe  jo vetëm që janë të ndryshueshme, por qëllimisht janë bërë të vështira, për t’u arritur. Sot, për shkak të ekzistencës së mediave sociale, gratë ndoshta janë  më të cenueshme se kurrë më parë, për sa i përket vetëvlerësimit dhe ndjenjës së vlerës të tyre. Gjithashtu, femrat janë dukshëm më shumë përdoruese të procedurave estetike dhe operacioneve plastike. Përveç problemit të objektivizimit të grave, ato janë edhe më shumë viktima të dhunës fizike nga burrat, ato janë dyfish të eksploatuara në suaza të sistemit ekonomik, dhe shpeshherë vendimet që janë në domenin e autonomisë së tyre trupore, vendosen nga dikush tjetër (p.sh. ndryshimi i fundit i “Roe v. Wade” që garantonte të drejtën e abortit në SHBA, apo ndalimin e abortit në Poloni). Në një episod të podcastit ” Revolutionary left radio – Radio e majtë Revolucionare”, e ftuara Tai Lee thotë se në fashizëm (një ideologji ultra e djathtë, autoritare, gjerë e përhapur, në korniza të cilës, ndër të tjerash, është edhe koncepti pseudo-shkencor i “pastërtisë racore”), ku lloji i kontrollit mbi gratë është thelbësor, sepse pavarësia e gruas është rrezik, për rregullimin e tillë.

Është për të ardhur keq që bindje të tilla promovohen në një audiencë të gjerë, bindje që me vete sjellin tjetërsimin e njerëzve, jetë boshe dhe të paplotësuar. Bindje që vetëm inkurajojnë një formë jo të shëndetshme të garës mes njerëzve. Gjithnjë e më shumë njerëz të të gjitha gjinive po ndihen të palumtur, dhe është e qartë se diçka mungon. Nëse më mirë perceptohet origjina e këtyre fenomeneve të internetit që e glorifikojnë materializmin dhe hedonizmin, nuk është e vështirë të arrihet në përfundimin, se shumica e tyre vijnë, nga njerëz që jetojnë në “botën e zhvilluar kapitaliste” perëndimore, dhe veçanërisht në Shtetet e Bashkuara. Kjo nuk është rastësi, dhe sidomos kur flasim për SHBA-të si një vend kapitalist me kosto jashtëzakonisht të larta të jetesës (për shëndetësi, arsim, strehim, etj.). Njerëzit jo vetëm që nuk munden të lejojnë një jetë të denjë, por tashmë është evidente, se gjeneratat e reja, janë shumë më të paqëndrueshme financiarisht në krahasim me gjeneratat e prindërve të tyre. Në mjedise të tilla, është shumë e lehtë të jetohet me ëndrrën për pasuri dhe status, ashtu siç është e lehtë të biesh nën ndikimin e pikëpamjeve të njerëzve si Andrew Tate.

Hapi i parë drejt shpërfytyrimit të këtyre vlerave boshe, është të bëhet një dekonstruksion i plotë, i strukturave që ndërtojnë sistemin, dhe të promovohet ideologji alternative politiko-ekonomike, që promovojnë barazinë klasore dhe egalitaritet. Prandaj shumë i rëndësishëm është edukimi dhe krijimi i mendimit kritik tek të rinjtë. Gjithashtu,  gjithkush duhet që vetë të bëjë introspeksion, dhe të e kërkojë vlerën personale në karakterin dhe sjelljen ndaj të tjerëve, në  mënyrë të mirë dhe empatike. Duhet të jetë e qartë, se të duash një person, do të thotë ta respektosh atë. Të shohësh dikë si pronë personale nuk është dashuri. Mirëqenia emocionale dhe marrëdhëniet e shëndetshme me njerëzit, veçanërisht me partnerin intim, janë shumë më të rëndësishme për t’u përmbushur, sesa shumica e mirave materiale.

Për në fund,  nuk guxojmë të biem në stereotipat që imponohen ndaj cilës do gjinie, dhe njerëzit duhet t’i shohim si qenie të plota me jetë të pasur të brendshme emocionale. Duhet të synojmë kah rritja e empatisë, sepse vetëm në këtë mënyrë do të jemi në gjendje të bashkëjetësohemi me tjetrin, dhe të ndërtojmë marrëdhënie solide të bazuara në baza të shëndetshme, barazi dhe partneritet.

Simona Naumoska

Lektura: E. M.

Përktheu: E. M.

Simona Naumoska ka lindur në vitin 1997 në Prilep. Ajo është studente e mjekësisë së përgjithshme në Fakultetin e Mjekësisë në Shkup. Gjatë shkollimit të mesëm ka qenë skautiste, dhe njëkohësisht ka marrë pjesë në aktivitete dhe iniciativa mjedisore për të ndihmuar kategoritë e padrejtësuara sociale. Si studente ka qenë pjesë e organizatave studentore në Fakultetin e Mjekësisë. Tani ajo është pjesë e ekipit të Qendrës Sociale “Dunja”. Ajo është një aktiviste për të drejtat e punës, drejtësinë sociale, të drejtat e grave dhe LGBTI.

RELATED ARTICLES