домаКултурни дописиЕтика на македонската модна индустрија / Etika e industrisë së modës...

Етика на македонската модна индустрија / Etika e industrisë së modës maqedonase

"Lesotho - Maseru Shining Centuary Textiles - John Hogg - 090625 (4)" by World Bank Photo Collection is licensed under CC BY-NC-ND 2.0.
“Lesotho – Maseru Shining Centuary Textiles – John Hogg – 090625 (4)” by World Bank Photo Collection is licensed under CC BY-NC-ND 2.0.

Македонската текстилна индустрија има долга традиција и како индустриска гранка е особено значајна за македонската економија. Текстилната индустрија учествува со околу 13% во вкупниот бруто-домашен производ (БДП) и со 27% од македонскиот извоз и вработува околу 35.000 лица, што претставува приближно 27% од сите вработени во производствениот сектор.

Просечната нето плата по вработен во 2010 година во индустријата за производство на облека била 9.728 денари, додека во 2019 година изнесувала 16.191 денари, што покажува пораст од околу 60 проценти. Платите во индустријата за производство на текстил бележат уште позначително зголемување.

Ова се податоци од Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија кои прикажуваат позитивна слика за текстилната индустрија, примарно поради нејзиниот удел во целокупниот индустриски сектор кај нас.

Но, каква е всушност реалноста во оваа индустрија под површината? Каква е сликата внатре, во македонските текстилни погони, меѓу работниците? Каква е етиката на нашите текстилни компании? Какво влијание има текстилната индустрија врз нашата животна средина?

Историја на македонска модна индустрија

Историјата на македонската модна индустрија започнува кон крајот на ХIX век, поточно во 1880, со основањето на текстилните претпријатија во битолските села во Дихово, Магарево и Трново. Ова производство било едно од поголемите во европскиот дел на Отоманската Империја. Кон крајот на XIX век и почетокот на XX век постоеле десетина текстилни работилници кои биле затворени и уништени во Првата светска војна.

Понатамошниот развој на оваа индустрија се развива во две позначајни фази: првата фаза се одвива од 1918 до 1933 година и се карактеризира со поспор развој, главно на неколку компании. Втората фаза која трае од 1933 до 1944 година се одликува со поинтензивен развој и основање девет нови претпријатија.

Во периодот меѓу двете светски војни македонската текстилна индустрија била во постојан развој. Во втората половина од овој период производството особено се зголемило и тогаш биле основани индустриските претпријатија „Тулбенд“ во Скопје, „Вардар“, исто така во Скопје, текстилната фабрика „Скопје“ и други.

Со програмата за петгодишно планирање, Владата на СФР Југославија одлучила да ја промени македонската економија од примарно занаетчиска во индустриска. За таа цел биле направени инвестиции во неколку клучни сектори: во производството на електрична енергија, во металургијата, во хемиската индустрија, во тутунската индустрија, во кожната, во прехрамбената и во текстилната индустрија. Во текстилната индустрија биле инвестирани значителни 16,7% од севкупните инвестиции во индустрискиот сектор во периодот меѓу 1947 и 1952 година.

Во однос на текстилната индустрија во Македонија биле изградени и два огромни капацитета – „Тетекс“ во Тетово и „Македонка“ во Штип. „Тетекс“ бил назначен за производство на волнени предива, платна и штофови, а „Македонка“ била планирана за создавање памучно предиво и ткаење памучни штофови. Овој потег на власта на СФРЈ создал услови за балансирано текстилно производство и пропорционален раст. Инвестициите значително придонеле кон зголемување на вработеноста воопшто во индустријата во Македонија, од 393 лица (5,3% од сите вработени  во индустрискиот сектор) бројката пораснала на 9850 лица или 32% од вработувањата во индустријата.

Во социјалистичкото уредување, текстилните и трикотажните индустрии постојано растеле сè до 1989 година, особено во декадата меѓу 1960 и 1970 кога индексот скокнал од 35 на 100. И покрај намалувањата во осумдесеттите, позитивниот тренд траел до 1989 година. Производството на штофови, на пример, пораснало до фасцинантна бројка од 63.727.000 м2 во 1984 година.

Градењето на текстилната фабрика „Памучна индустрија Македонка“ започнало во 1950 според деловниот план на инженерот Павел Домицељ од Словенија. Изградбата на гигантскиот објект завршила во април, 1952 година, кога започнува со работа со вработување 120 лица со нови машини од компанијата „Плат“ од Велика Британија.

Tекстилната фабрика „Памучна индустрија Македонка“
Tекстилната фабрика „Памучна индустрија Македонка“

Комплексот „Памучна индустрија Македонка“ бил детално проектиран со гардероби, тушеви, ресторан и продавници, амбуланта, лаборатории и административни простории, и своевремено фабриката била една од најголемите и најмодерните во СФР Југославија. Во комплексот постоел и еден ресторан што служел еден бесплатен оброк на ден за вработените, три продавници и една библиотека. За потребите на вработените подоцна биле изградени станбени згради, со поточно 171 двособни и 120 еднособни станови. „Македонка“ имала политика на кредит без камата за децата на вработените кои студирале, а во 1965 година било формирано и Културно-уметничко друштво „Македонка“ со бројни добиени награди и дипломи.

Модниот систем денес

Текстилната индустрија го достигнува климаксот во седумдесеттите години и по ова е во постојан пад до ден денес. За разлика од сјајот во социјалистичка СФР Југославија, моменталната состојба е лоша. Македонските фабрики и текстилни погони, како и нивното производство се алтернатива за азиската ефтина работна рака.

Преку сто фабрики и помали погони, од кои повеќето се лоцирани во Штип, зависат целосно од нарачки од европски брендови на „брза мода“ чијшто единствен интерес е ниската цена и брзата и навремена изработка. Работниците работат во супстандардни услови, се вработува необучен кадар што може незначително да се плати за да се исполнат квотите на европските работодавци и најважно – нивните барања за ниски цени. Покрај ова, македонските текстилни фабрики имаат и сопствено конфекциско производство на колекции за широка потрошувачка и сопствени бутици, но тоа најчесто е само мал процент во нивниот годишен баланс, затоа што колекциите се продаваат во подолг временски период и значителни намалувања на цените па со тоа ниски маржи на профит.

Сепак, овие претпријатија во приватна сопственост имаат 13% удел во домашниот бруто-производ и во никаква мера не се вклучени во светските трендови за одржливо, етичко претприемништво или заштита на животната средина. Како никому да не му пречи фактот што и понатаму работниците прифаќаат работа во овие фабрики под законската минимална плата и во неетички услови без никакви работнички регулативи.

Малку кон север во државава, во главниот град Скопје, може да се најде пак гламурозна модна сцена, водена главно од добростоечки дизајнери и дизајнерки на женска мода, односно вечерни фустани. И тука сликата е радикално различна од текстилните фабрики на истокот.

Овие македонски дизајнери бргу започнаа да го применуваат вокабуларот на одржливата мода во нивните промотивни соопштенија. Дали е вистинит или не, воопшто не е ни важно затоа што нивното производство е многу мало споредено со дневните налози во текстилните фабрики во Штип, Делчево или Кочани.

Кај овие дизајнери, можноста да го зголемат нивниот бизнис што се базира на индивидуални нарачки е спречен од фактот што единствените производители на поголеми количини и серии производи не се технички подготвени да ги реализираат нивните дизајнерски производи. Така продолжува поларизираната состојба во македонската модна индустрија. Дизајнерските колекции на модните дизајнери најчесто образувани и обучени во европските престижни школи на едниот крај и “брзата мода“ во текстилните фабрики и погони на другиот крај.

Етиката на брзата мода

Светските брендови на “брза мода“ ги продаваат колекциите во огромни бутици на фреквентни локации во поголемите градови или на интернет преку динамични виртуелни бутици. Тие нудат стотици нови производи неделно, а во поново време електронските страници се ажурираат дневно со нови понуди од значаен број производи. И сè тоа по цени што се апсурдно ниски.

Тоа значи дека овие производи мора да се произведат брзо, во огромни количини, по апсурдно ниски цени. Затоа „брзата мода“ мора да се произведува во неразвиените и сиромашни земји каде што работниците едвај можат да преживеат со таквите плати. Освен тоа, прекумерното производство значи неконтролирана употреба на ресурси и енергенси  и директно загадување на животната средина, палење на непродадените производи, нивно фрлање на депонии, нерегулиран текстилен отпад, токсични отпади од боење текстил со синтетички бои итн. Ова е можно само во далечните азиски земји, каде што западните модни брендови произведуваат децении наназад.

Факт е дека за да може западните консументи безгрижно да купат фустан или јакна по цена на едно кафе, тој производ мора да е платен по најниска цена и да е направен во супстандардни услови без никакви работнички права. Згора на тоа, тој фустан е дел од системот што ја уништува нашата планета.

По пандемијата, во новонастанатите услови од економската криза, за жал може да се констатира дека ваквото производство е преселено и во Македонија, особено заради конкурентната ниска работна рака. Истовремено, кога во трговските центри пристигнуваат сè повеќе брендови од интернационалната „брза мода“.

Во земја како нашата каде ефтиното е добра карактеристика и се користи во секојдневниот говор како синоним за квалитет, би сакал да се сетите дека секој пат кога ќе купите нешто „по неверојатно ниски цени“ тоа има неверојатно штетни последици по животот и работата на оние што го направиле и е дел од системот што прекумерно ја загадува Земјата. Сетете се дека можеби е направено од ваша сограѓанка или сограѓанин кои можеби живеат недалеку од вас.

Ефтиното не значи добро, барем не во модната индустрија.

Драган Христов

Портрет на Драган Христов

Драган Христов е моден дизајнер на брендот „Лудус“, основан во 2010 година, посветен на еколошка и одржлива работа, преку употреба на природни материјали, боење текстил со ботанички состојки и ревитализација и развој на традиционалните македонски занаети и нивна трансформација во современи дизајнерски прозводи. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и Академијата за ликовни уметности „Брера“ во Милано на отсекот за современа уметност. Тој е исто така куратор на модни и дизајнерски изложби, саеми и интердисциплинарни проекти. Основач е на „Slowscapes“ – платформа за прикажување македонска еколошка мода и дизајн што постои од 2018 година и вклучува етаблирани и нови македонски модни дизјанери припадници на движењето „бавна мода“.

Industria tekstile maqedonase ka një traditë të gjatë dhe si degë industriale është veçanërisht e rëndësishme për ekonominë maqedonase. Industria e tekstilit merr pjesë me rreth 13% në totalin e prodhimit të brendshëm bruto (BPV) dhe me 27% të eksporteve të Maqedonisë dhe punëson rreth 35.000 njerëz, që përfaqëson afërsisht 27% të të gjithë të punësuarve në sektorin e prodhimit.

Paga mesatare neto për punëtor, në vitin 2010 në industrinë e prodhimit të veshjeve ishte 9.728 denarë, ndërsa në vitin 2019 ishte 16.191 denarë, që tregon rritje prej rreth 60 për qind. Pagat në industrinë e prodhimit të tekstilit shënuan rritje edhe më të ndjeshme.

"Textile workers. Jaipur, India" by varfolomeev is licensed under CC BY-NC 2.0.
“Textile workers. Jaipur, India” by varfolomeev is licensed under CC BY-NC 2.0.

Këto janë të dhëna nga Enti Shtetëror i Statistikave të Republikës së Maqedonisë së Veriut që tregojnë një pasqyrë pozitive të industrisë së tekstilit, para së gjithash për shkak të pjesëmarrjes së saj në sektorin e përgjithshëm industrial në vendin tonë.

Por cili është realiteti i kësaj industrie nën sipërfaqe? Cila është fotografia brenda, në fabrikat maqedonase të tekstilit, mes punëtorëve? Cila është etika e kompanive tona të tekstilit? Çfarë ndikimi ka industria e tekstilit në mjedisin tonë jetësor?

Historia e industrisë së modës maqedonase

Historia e industrisë së modës maqedonase fillon në fund të shekullit të 19-të, më saktësisht në vitin 1880, me themelimin e ndërmarrjeve të tekstilit në fshatrat e Manastirit, në Dihovë, në Magarevë dhe Tërnovë. Ky prodhim ishte një nga më të mëdhenjtë në pjesën evropiane të Perandorisë Osmane. Nga fundi i shekullit të 19-të dhe në fillim të shekullit të 20-të, ekzistonin dhjetëra punishte tekstili të cilat kanë qenë të mbyllura dhe shkatërruara në Luftën e Parë Botërore.

Zhvillimi i mëtejshëm i kësaj industrie u zhvillua në dy faza domethënëse: faza e parë zhvillohet nga viti 1918 deri në vitin 1933 dhe karakterizohet me një zhvillim më të ngadaltë, kryesisht në disa kompani. Faza e dytë, e cila zgjat nga viti 1933 deri në vitin 1944, karakterizohet me zhvillim më intensiv dhe themelimin e nëntë ndërmarrjeve të reja.

Në periudhën ndërmjet dy luftërave botërore, industria tekstile maqedonase ka qenë në zhvillim të vazhdueshëm. Në gjysmën e dytë të kësaj periudhe prodhimi  veçanërisht  është rritur dhe atëherë janë themeluar ndërmarrjet industriale “Tulbend” në Shkup, “Vardar”, po ashtu në Shkup, fabrika e tekstilit “Shkupi” dhe të tjera.

Me programin e planifikimit pesëvjeçar, Qeveria e RSF Jugosllavisë ka vendosur të e ndryshojë ekonominë maqedonase nga primare zejtare në industriale. Për atë qëllim janë bërë disa investime në disa sektorë kyç: në prodhimin e energjisë elektrike, në metalurgji, në industrinë kimike, në industrinë e duhanit, në industrinë e  lëkurë, të ushqimit dhe të tekstilit. Në industrinë e tekstilit kanë qenë të investuara nja 16.7% të konsiderueshme të investimit total në sektorin industrial , në periudhën midis viteve 1947 dhe 1952.

Sa i përket industrisë tekstile në Maqedoni, janë ndërtuar dy objekte të mëdha – “Tetex” në Tetovë dhe “Makedonka” në Shtip. “Tetex-i” ishte caktuar për prodhimin e fijeve të leshta, pëlhurave dhe stofave, ndërsa “Makedonka” ishte planifikuar për prodhimin e fijeve të pambukut dhe thurjen e stofave të pambukut. Ky potez i qeverisë së RSFJ-së ka krijuar kushte për prodhim të balancuar të tekstilit dhe rritje proporcionale. Investimet në Maqedoni dukshëm kanë kontribuar  në rritjen e punësimit në industri  në përgjithësi, nga 393 persona (5,3% e të gjithë të punësuarve në sektorin industrial) numri u rrit në 9850 persona ose 32% të punësimit në industri.

Nën rregullimin socialist, industria e tekstilit dhe e veshjeve të thurura, deri në vitin 1989 vazhdimisht rriteshin, veçanërisht në dekadën midis viteve 1960 dhe 1970 kur indeksi ka kërcyer nga 35 në 100. Pavarësisht rënieve në vitet tetëdhjeta, tendenca pozitive ka vazhduar deri në vitin 1989. Prodhimi i stofave, për shembull, është rrit në një shifër fantastike prej 63,727,000 m2 në 1984.

Ndërtimi i fabrikës së tekstilit “Industria e pambukut Makedonka” ka filluar në vitin 1950 sipas planit të punës të inxhinierit Pavel Domicelj nga Sllovenia. Ndërtimi i objektit gjigant ka përfunduar në prill të vitit 1952, kur filloi punën duke punësuar 120 persona, me makineri të reja nga Kompania Platt e Britanisë së Madhe.

Kompleksi “Industria e pambukut Makedonka” ishte projektuar në mënyrë të detajuar me gardëroba, dushe, restorant dhe dyqane, ambulantë, laboratorë dhe hapësira administrative, dhe në një kohë fabrika ishte një nga më të mëdhatë dhe më moderne në RSF të Jugosllavisë. Kompleksi kishte gjithashtu një restorant që shërbente një vakt falas në ditë për punonjësit, tre dyqane dhe një bibliotekë. Më pas për nevojat e punonjësve u ndërtuan edhe ndërtesa banimi, me saktë 171 apartamente dydhomëshe dhe 120 njëdhomëshe. “Macedonka” kishte një politikë kredie pa interes, për fëmijët e punonjësve që studionin, dhe në vitin 1965 u themelua Shoqëria Kulturore Artistike “Macedonka” me shumë çmime dhe diploma të fituara.

Sistemi i modës sot

Industria e tekstilit arriti klimaksin e saj në vitet 1970 dhe pas asaj e deri më sot, është në rënie të vazhdueshme . Për dallim nga shkëlqimi në RSF-ve të Jugosllavisë, situata aktuale është e tmerrshme. Fabrikat maqedonase dhe fabrikat e tekstilit, si dhe prodhimi i tyre, janë një alternativë për fuqinë punëtore të lirë aziatike.

Mbi njëqind fabrika dhe reparte më të vogla, shumica e të cilave janë të locuara në Shtip, varen tërësisht nga porositë e markave evropiane “fast fashion-modë e shpejtë”, interesi i vetëm i të cilave është, çmimi i ulët dhe prodhimi i shpejtë dhe në kohë. Punëtorët punojnë në kushte sub standarde, punësohet kuadër i pa trajnuar, të cilët mund të paguhen shumë pak për të përmbushur kuotat e punëdhënësve evropianë, dhe më e rëndësishmja – kërkesat e tyre për çmime të ulëta. Përveç kësaj, fabrikat maqedonase të tekstilit kanë edhe prodhimin e tyre të gatshëm të koleksioneve për konsum masiv dhe butikët e tyre, por kjo zakonisht është vetëm një përqindje e vogël në bilancin e tyre vjetor, sepse koleksionet shiten për një periudhë më të gjatë. koha dhe uljet e ndjeshme të çmimeve, dhe me atë pra janë edhe marzhet e ulëta të fitimit.

Megjithatë, këto ndërmarrje private kanë  peshë prej 13% të  bruto prodhimit vendor, dhe në asnjë mënyrë nuk janë të përfshira  në tendencat botërore për sipërmarrje të qëndrueshme, etike apo mbrojtje të mjedisit jetësor. Dhe Sikur askujt të mos i pengon  fakti që punëtorët ende vazhdojnë të pranojnë punë në këto fabrika me pagë nën minimalen ligjore, dhe në kushte jo etike pa asnjë rregullore pune.

Pak më në veri të vendit, në kryeqytetin Shkup, mund të gjeni një tjetër skenë të modës magjepsëse, e udhëhequr kryesisht nga stilistë dhe stiliste të mirënjohur të modës së grave, pra fustaneve të mbrëmjes. Dhe këtu, tabloja ndryshon rrënjësisht nga fabrikat e tekstilit të lindjes.

Këta stilistë maqedonas së shpejti filluan të aplikojnë vokabularin e modës së qëndrueshme në mesazhet e tyre promovuese. Është e vërtetë apo jo, as nuk ka rëndësi sepse prodhimi i tyre është shumë i vogël, në krahasim me porositë ditore në fabrikat e tekstilit në Shtip, Dellçevë apo Koçan.

Për këta stilistë, aftësia për të rritur biznesin e tyre në bazë të porosive individuale pengohet nga fakti se prodhuesit e vetëm të sasive dhe serive më të mëdha të prodhimeve nuk janë teknikisht të gatshëm për të realizuar prodhimet e tyre të dizajnuara. Kështu pra vazhdon, situata e polarizuar në industrinë e modës maqedonase. Koleksionet e dizajnit të stilistëve të modës që  kryesisht janë të arsimuar dhe trajnuar në shkolla prestigjioze evropiane në njërën anë, dhe “fast fashion-moda e shpejtë” në fabrikat dhe repartet e tekstilit nga ana tjetër.

Etika e modës së shpejtë

Markat botërore të “modës së shpejtë” shesin koleksionet e tyre në butikë të mëdhenj, në vende të frekuentuara në qytetet e mëdha, ose në internet përmes butikëve dinamikë virtualë. Ato çdo javë ofrojnë qindra produkte të reja, dhe në kohët më të reja faqja e internetit përditësohet çdo ditë me oferta të reja për një numër të konsiderueshëm prodhimesh. Dhe e gjithë kjo me çmime, që janë absurde të ulëta.

"Textile factory" by Travel Aficionado is licensed under CC BY-NC 2.0.
“Textile factory” by Travel Aficionado is licensed under CC BY-NC 2.0.

Kjo do të thotë se këto prodhime duhet të prodhohen shpejt, në sasi të mëdha, me çmime absurde të ulëta. Kjo është arsyeja pse “fast fashion-moda e shpejtë” duhet të prodhohet në vendet e pazhvilluara dhe të varfra, ku punëtorët mezi mbijetojnë me paga të tilla. Përveç kësaj, prodhimi i tepërt nënkupton shfrytëzim të pakontrolluar të burimeve dhe energjisë dhe ndotje direkte të mjedisit, djegie të prodhimeve të pashitura, hedhjen e tyre në deponi, mbetje tekstili të parregulluara, mbetje toksike nga ngjyrosja e tekstilit me ngjyra sintetike etj. Kjo është e mundur vetëm në vendet e largëta aziatike, ku markat perëndimore të modës  prodhojnë prej dekadash.

Fakti është se, që munden konsumatorët perëndimorë, të blejnë pa kujdes një fustan apo xhaketë me çmimin e një kafeje, ai prodhim duhet të jetë paguar me çmimin më të ulët, dhe të jetë prodhuar në kushte substandarde, pa asnjëfarë të drejte punëtori. Për më tepër, ai fustan është pjesë e sistemit, që po shkatërron planetin tonë.

Pas pandemisë, në kushtet e reja të krizës ekonomike, për fat të keq mund të thuhet se ky lloj prodhimi është zhvendosur edhe në Maqedoni, veçanërisht për shkak të fuqisë punëtore të ulët konkurruese. Në të njëjtën kohë, kur në qendrat tregtare mbërrijnë gjithnjë e më shumë marka ndërkombëtare të “fast fashion-modës të shpejtë”.

Në një vend si i yni ku e lira është një tipar i mirë dhe përdoret në të folurin e përditshëm si sinonim i cilësisë, do të doja që të mbani mend, se çdo herë që blini diçka “me çmime tepër të ulëta” se ajo ka pasoja tepër të dëmshme për jetën, dhe puna e atyre që e kanë  bërë, është pjesë e sistemit që tej mase ndot Tokën. Mos harroni se mund të jetë bërë nga një bashkëqytetar ose bashkëqytetare, të cilët ndoshta  jetojnë jo larg jush.

E lirë nuk do të thotë e mirë, të paktën jo në industrinë e modës.

Dragan Hristov

Përktheu  E. M.

Dragan Hristov është stilist i markës “Ludus”, e themeluar në vitin 2010, i përkushtuar ndaj punës ekologjike dhe të qëndrueshme, përmes përdorimit të materialeve natyrore, ngjyrosjes së tekstilit me përbërës botanikë dhe rivitalizimit dhe zhvillimit të zejeve tradicionale maqedonase dhe shndërrimit të tyre në prodhime bashkëkohore dizajnësh. Ka diplomuar në Fakultetin Filologjik “Blazhe Koneski” në Shkup, dhe në Akademinë e Arteve të Bukura “Brera” në Milano në Degën e Artit Bashkëkohor. Ai  gjithashtu është edhe kurator i ekspozitave të modës dhe dizajnit, panaireve dhe projekteve ndërdisiplinore. Ai është themelues i “Slowscapes” –  platformë për shfaqjen e modës dhe dizajnit ekologjik maqedonas, që ekziston që nga viti 2018 dhe përfshin stilistë të njohur dhe të rinj maqedonas, që i përkasin lëvizjes “modë e ngadaltë”.

RELATED ARTICLES