домаКултурни дописиΨευδοπροφήτες & Sol Nocivo @ СЦ „Дуња“

Ψευδοπροφήτες & Sol Nocivo @ СЦ „Дуња“

Постер за музичка забава во С.Ц. „Дуња“

Социјалниот центар „Дуња“ најави музичка изведба на „Псевдопрофитес“ и „Sol Nocivo“ на 9.9.2022 година, со почеток во 20:00 часот, во дворот на С.Ц. „Дуња“, со адреса ул. „Рајко Жинзифов“, бр. 22, веднаш позади автобуската постојка спроти Градежен факултет, со препорачана донација за артистите. Повикот за овој настан го пренесуваме во целост:

„Во петок 9ти септември во 20 часот во Дуња ни гостуваат Psevdoprofites од Солун, придружени од домашниот бенд Sol Nocivo.

Sol Nocivo е скопски рок бенд кој постои од 2021 и го сочинуваат Давид, Михаил, Леа и Макс.
https://www.instagram.com/sol_nocivo

Psevdoprofites
Псевдопрофитес (Ψευδοπροφήτες – во превод: лажни пророци) се формирани 1996 во Солун и свират панк/ хардкор/ метал музика на грчки, со текстови кои ги изразуваат агониите на жителите на современите урбани центри и го критикуваат авторитарното општество и структури. Од пред повеќе од 10 години свират исклучиво во социјални центри, сквотови (окупирани напуштени куќи) и воглавно места кои поддржуваат некомерцијален пристап кон музиката. Свирејќи во Македонија во време на загреан национализам од сите страни сакаат особено да испратат порака дека името, границите и договорите меѓу државите нема да успеат да не поделат, бидејќи имаме многу повеќе заеднички нешта отколку причини за делба.

Нивната музика и дел од нивното долгогодишно творештво и настапи можете да ги слушнете овде: https://www.youtube.com/user/randomnickchosen/videos

Влезот ќе биде на препорачана донација за артистите.
Се гледаме во петок!“

RELATED ARTICLES