Реперкусиите и угнетувањето кон рабитниците продолжуваат.
Елтон Дебреши, рударот, кандидат за пратеник на парламентарните избори кои се одржаа на 25-ти април во Албанија, не успеа да го премине нерепрезентативниот изборениот праг од 1% на ниво на државата за да биде избран. Елтон и активистите на Организата политике се сомневаат на изборна кражба, а за овие сомнежи имаат и основано сомнение. Имено на 25-ти април, на денот на изборите во моментите кога заврши гласањето и пред да се предадат кутиите со избирачките ливчиња, набљудувалите на Елтон Дебреши, насилно беа извадени од избирачките места, при што им беше одземена можноста да присуствуваат на самото примо-предавање на кутиите. Иако наблудувачите на Елтон се обратија во полиција, сепак полицијата не презеде ништо.
„Злобниците од големите партии се плашат од нашите гласови. Исто така, полицијата наместо да го почитува законот, застанува на страната на оние кои го прекршуваат и врши опресија врз набљудувачите“ – стои во изјавата на Елтон Дебреши.
Опресијата кон Елтон почна уште додека тој беше рудар. Имено, Елтон и останатите рудари кои не беа задоволни од постоечкиот синдикат, кој служел повеќе на газдите отколку на работниците, формираа нов синдикат, така што Елтон стана претседател на синдикатот. Многу кратко после тоа, Елтон и останатите рудари кои имаа некоја функција во новиот синдикат беа отпуштени од работа. После ова и со поддршкат на Организата политике, рударите одлучија дека мора да имаат нивен претставник во Собранието, за нивниот глас да биде слушнат. Така што на првите последователни парламентарни избори Елтон се кандидираше за пратеник. Кампањата на Елтон не беше финансирана од капиталисти или од државниот буџет, туку од самите работници, така што немаше можност за одржување на големи митинзи како буржоаските партии. Но сепак тој беше жестоко санкциониран.
Имено, неколку дена после отпочнувањето на предизборната кампања Елтон беше санкциониран со 5 милиони леки или 40.000 евра. Цели 40.000 евра поради прекршување на здравствените мерки, односно групирање на отворено. Час претходно пред малиот митинг на Елтон (педесеттина лица), имало промена во протоколот за здравствени мерки. На 5-ти април, во полициската станица во Булќиза бил известен дека е санкциониран со 5.000.000 леки поради митингот на 26-ти март.
На ова Елтон одговори: „Поради одлуката на Уставниот суд и необјавувањето на новите правила во службен весник, состанокот во Булќиза беше целосно легален. Вистински нарачател на оваа парична казна е Еди Рама. Тој и другите партии се плашат од големата поддршка што ја добиваме во секое село и град на Дибра. Фактот дека Демократската партија не е казнета за исти митинзи, покажува дека сите партии се заедно. Вчера беа заедно против нашиот штрајк и протести, денес се заедно против кандидатурата на рудар. Не се плашам од парична казна. Тоа не ги плаши ниту илјадниците рудари и граѓани кои ни даваат доверба насекаде. Ова парче хартија ќе остане во историјата како срам за оваа влада“.
Но тоа не е се. Само неколку дена после изборите, односно на 28-ми април Елтон повторно беше повикан во полициска станица и му беше соопштено дека паричната казна од 40.000 евра останува во сила. Реакцијата на Елтон беше следна: „Големите партии, со пари на олигарсите, одржаа големи изборни средби. Ние рударите, со нашите сили, направивме колку што можевме и горди сме на тоа. Еди Рама го прослави својот трет мандат со десетици илјади партиски активисти на плоштад, но никој не се сети да го повика на одговорност за пандемијата. Нашите заеднички напори штотуку започнаа. Ќе дојде ден кога власта на олигарсите ќе користи поугнетувачки мерки отколку парични казни од неколку милиони. И тогаш, обединети ќе бидеме подготвени да се соочиме со тоа“.
Веднаш после објавувањето на ова вест од страна на Елтон, на Еди Рама му беше поставено прашање од новинар во врска со случајот на Елтон и дали полицијата исто ќе постапи и поради нивната голема прослава за изборната победа. Еди Рама даде доста „дипломатски“ одговор. Призна дека погрешиле и дека ги прекршиле здравствените мерки. Кажа дека и тој бил изненаден поради непочитувањето на здравствениот протокол и ги обвини организаторот на настанот, додавајќи дека тој помислил и да не излезе на бината поради овие причини, но сепак сфатил дека тоа би било многу претерано. На прашање на новинарката, дали полицијата го санкционираше и него, Еди Рама додаде дека нема добиено такво известување до сега. Но, повторно призна дека погрешиле. Од изјавата на Рама, може да сфатиме дека е подготвен да ја плати казната ако биде санкциониран.
Нема да бидам изненадена ако Рама биде санкциониран, а уште помалку ако ја плати казната, бидејќи тоа ќе му биде одличен пи ар момент и за неговата т.н трезвеност и одлична реклама за функционирањето на институциите и искоренувањето на корупцијата. А што ќе први нашиот Елтон? Елтон правдата ќе ја бара на повисоки инстанци, обжалувајќи ја ова одлука. Познавајќи ја „правната држава“ во капиталистичките земји, и немам многу надеж дека Елтон ќе успее да се извлече од висока парична казна.
Не заборавајте, иако капитализмот и парламентарната демократија ви ги пружаат сите т.н човекови права, меѓу кои и правото да избирате и да бидете избран, сепак тие права можете да ги остварувате само и само ако имате пари.
Џејлан Велиу