Осум години Дуња ја претставува пркосната искра во сивилото и едноличноста на капитализмот, активно поддржувајќи ги борбите кои почиваат на класна, антинационалистичка и антиимперијалистичка основа во земјата и светот.
Од Колективот на Дуња велат: „Преку солидарност и заедничарење успеавме да стигнеме до осмата година од нашето постоење, а најголем поттик наоѓаме токму во класно раслоеното експлоататорско општество, кое пред нас се појавува во разно разни облици. Низ годините преку вредностите кои ги негуваме, но и непокорноста и борбата против национализмот, империјализмот и капитализмот, успеавме во Дуња да го создадеме и живееме општеството за кое се бориме. Пред осум години тргнавме со паролата „подобро општество е нужно и возможно“, денес цврсто целиме кон изградба на новото општество!“
За време на роденденскиот настан посетителите ќе имаат можност да учествуваат на различни активности, меѓу кои и проекција на документарната „Прогресивното минато и сегашност на Скопје“ изработена од Гласни идеи.
Програма:
11.10.2024 (Петок) – Ден 1
13:00 – Размена на книги и облека во организација на „Второ азно“
16:00 – Заедничко готвење и ручек
18:30 – Проекција на Документарна „Прогресивното минато и сегашност на Скопје“ во организација на „Гласни идеи“ и дискусија
20:30 – Музички перформанс на Антез (Франција)
21:30 – Џем сесија и караоке
12.10.2024 (Сабота) – Ден 2
13:00 – Чајанка и размена на книги
16:00 – Заедничко готвење и ручек
17:00 – (Дискусија) 76 + ЕДНА ГОДИНА ГЕНОЦИД ВО ГАЗА: Интернационална солидарност во борба против империјализмот, во организација на „УКИМци за Палестина“
20:00 – Свирка на Pathogen (prog/death metal) и PIKË3 (hardcore grunge) (Косово)
22:00 – Medarski: електронска музика
Линк од настанот тука.