И оваа година 1 Мај се одбележа протестно. На протестниот марш организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија – ССМ и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија – КСОМ, учество земаа и Марксистичките организации „Социјалистичка зора“ и „Црвени“, како и Социјалниот центар „Дуња“. Збирното место на работниците беше Работнички дом.
Протестот започна со интонирање на Интернационалата, а продолжи со скандирањата: „антикапитализам“, „работничка борба“, „класна борба“ итн.
Комунистите и анархистите протестираа под паролите: „Работници обединети против наемното ропство“, „Да живее 1 Мај и Социјалистичката револуција“, а упатени беа и други пораки.
Пред Стопанската комора гласно се скандираше „Долу капиталот“, „Ние не сме робови“ и „30 часа работа“.
Протестниот марш заврши пред Влада, каде синдикалните претставници одржаа говори и упатија конкретни барање до следната извршна власт.