Во четврток (28.03.24) С.Ц Дуња организира проекција на филмот Фарха (2021) чиешто дејствие се одвива за време на Накба, а во фокусот на фимот се наоѓа приказната на 14-годишно девојче од Палестина. Филмот, базиран на вистински настани, прецизно ја доловува состојбата на жените во колонијални услови, особено сексуалното насилство како составен дел од колонијализацијата.
Од С.Ц Дуња истакнуваат: „Од почетокот на последната агресија на Израел врз Газа изминаа пет месеци, а геноцидот врз палестинскиот народ од страна на империјалистичките сили не стивнува. Во март, како месец на женската борба, повторно застануваме солидарно со нив, бидејќи нема феминизам и антиколонијализам без Газа“.
После филмот следува дискусија на темата, како и споделување искуства од и за Газа.
Линк од настанот тука.