Денес во Социјалниот центар Дуња, со почеток од 19 часот, ќе се одржи промоција на марксистичкото списание – Нова искра, кое го издава Марксистичката организација Црвени.
На промоцијата ќе се дискутира околу содржините во последниот број каде се обработени повеќе релевантни домашни и меѓународни случувања од марксистичка перспектива. Присутните ќе можат да се вклучат во дебатата со членовите на МО Црвени и да купат примерок од списанието.
Линкот до настанот тука.