домаКултурни дописиТрет КВИР БУНТ во С.Ц. „Дуња“

Трет КВИР БУНТ во С.Ц. „Дуња“

Почитувана публика, од колективот на Социјалниот центар „Дуња“ најавија дека и оваа година, по трет пат ќе се бунтуваат против либералната парадигма за ЛГБТИ прашањата. Така, овој петок на 23 Јуни, 2023 година со почеток во 16:00 часот ќе се отвори третиот по ред квир бунт во Социјалниот центар Дуња. Во прилог следува текстот од повикот за настанот:

„На 23ти јуни (петок), по трет пат во СЦ Дуња, ќе се одржи квир бунт. Со овој настан, сакаме да потенцираме квир значи да се биде бунтовник. Квир бунт оди против либералната концепција на квир, против асимилацијата на квир заедницата во системот. Единствен начин за да се дојде до слобода е преку директна борба против нео либералните “поддржувачи” и конзервативните и фашистичките противници. Но исто така, да се покаже дека сме рамо до рамо со сите членови на заедницата. Особено во вакво време, каде што има зголемена дискриминација кон квир заедницата.

Првата активност (од 16:30 часот) на овој настан ќе биде работилница за квир анархизмот. Работилницата ќе биде шанса за секој што ќе учествува да дознае повеќе за концептот на квир анархизам; неговата историја, теоријата и практичната вредност позади нејзе. Потоа ќе има и дискусија за ново научените идеи.

Втората активност (во 19:30 часот) ќе биде свирка на македонскиот бенд Ниандра, и на грчкиот панк бенд Псевдопрофитес (во превод од грчки: лажни пророци).“

Одете и дружете се!

RELATED ARTICLES