домаКултурни дописиПроекција на филм за Денот на Планетата Земја во С. Ц. „Дуња“

Проекција на филм за Денот на Планетата Земја во С. Ц. „Дуња“

Постер за проекција на „Планета на оган“

Почитувани читатели колективот на Социјалниот центар „Дуња“ реши Денот на Планетата Земја оваа година да го одбележи со проекција на филм. Во прилог ви го пренесуваме текстот од фб настанот на Центарот.

„22 Април е ден на Планетата Земја. Ја почитуваме ли планетата, или ја третираме само како супермаркет без касиерка? Разбираме ли дека климата на Земјата е доста кревка, или здраво за готово земаме дека таа не може да се промени, без разлика колку и да сме деструктивни? Но, каква ќе биде Земјата и нашиот живот на неа ако кревката рамнотежа што ја сметаме за непроменлива биде нарушена?

„Планета на оган“ е третата епизода од британската документарна серија „Катастрофа“. Во неа се зборува за нарушувањето на климата за време на Пермската екстинкција, едно од петте масовни изумирања на видовите во историјата на Земјата. Позната како „Големото умирање“, Пермската екстинкција резултира со изумирање на 90 до 96 % од видовите живот на Земјата.

Среде огромниот интерес за историјата, многумина ја игнорираат историјата на Земјата и поуките од неа. Пред нашите очи се случува Шестото масовно изумирање на видовите. Во последните 50 години популацијата на диви животни се намали за шокантни 70%. А сепак тоа многумина не ги допира ниту најмалку. Но, човештвото, сите ние, се потпираме на здрави екосистеми за чист воздух и чиста вода, како и за храна.

Во време кога се кова иднината, кога само забавното е добро, кога нѐ интересира историјата, но само селективен дел од неа, повелете на една историска проекција што воопшто не е забавна, но која може да нѐ направи свесни дека до нас е да го пренасочиме текот на иднината за да не се повторат едни од најужасните сцени од историјата на Земјата.

Проекцијата ќе биде на англиски јазик.“

Одете и поддржете ја независната културна сцена во Скопје.

RELATED ARTICLES