домаКултурни дописиСеменувачница во „Бостание“

Семенувачница во „Бостание“

Семенувачница - Бостание
Семенувачница – Бостание

Општествената градина „Бостание“ објави дека на 19 Март, 2023 ќе се одржува размена на семенски материјали, а во прилог следи текстот од објавата:

„На 19 март (недела) на пладне – 12.00 часот – во општествената градина Бостание ќе одржиме средба за размена на семе.

Понесте си ги дупликатите од семенскиот материјал и разменете ги за семчињата што ви недостигаат, за да си ја засеете бавчата.

Настанот е отворен за сите, ќе има музика и други активности поврзани со семенувањето.

Повелете да семенуваме заедно!“

Одете до „Бостание“ и разменете семенски материјали или пак бидете дел од таа општествено одговорна активност.

RELATED ARTICLES