домаКултурни дописиПрв собир на политичко-уметничката заедница „Антидот”

Прв собир на политичко-уметничката заедница „Антидот”

Постер за првиот настан на „Антидот“
Постер за првиот настан на „Антидот“

Претставување на „Антидот“

На 19 Ноември во Социјалниот центар „Дуња“ се одржа првиот настан и собир на Антидот. Настанот започна во 17:00 часот и заврши во 23:00 часот. Настанот беше составен од уметничка изложба од уметниците: Анастасија Саздовска, Марија Гушкова, Калин Малевски и Ангела Георгиевска, а музичката свирка од: Калин Малевски и Максим Киранџиски. Исто така, имаше целодневни активности од типот на: кутија за повратни информации и продажба на торби.

Антидот е културна заедница создадена од млади уметници и филозофи со заеднички интерес, да се подобри светот и да се направи подобро место за сите и со заеднички интерес да се направи синтеза помеѓу индивидуата и колективот, помеѓу интересот да се подобри индивидуата без тоа да го наруши квалитетот на животот на другите.

Антидот е формиран земајќи го предвид фактот дека нема ниту една догматска идеја којашто е посовршена од сложените, односно комплексни фрагменти на семислечкиот жив Контрадиктор, но исто така заради идејата дека нема да се стигне никаде без да се пробуваат овие догматски идеи па затоа Антидот е крајно радикална, политичка формација, којашто директно соработува со синдикати, студентски и работнички сојузи, и со различни антикапиталистички и антистатусни кво културни движења. Ако Антидот некогаш престане да ги тестира можностите на човекот и светот, и престане да се бори за своите идеи да заземат место во светот, ќе престане да го тепа Отровот и ќе падне под климата на светот.

Антидот не е врзан кон национални, етнички, религиозни, кулутрни, идентитетски или социјални идеи, и тоа му дава огромна предност. Тактиката е да зборува и својата медија да ја спонзорира, скоро исклучиво на англиски јазик, бидејки тоа е најголемиот број на активни корисници на интернетот, и тоа му дава предност  и дава огромна придобивка во однос на досегот и потенцијалните гледачи и посетители. Антидот се смета како универзален портал, со универзални идеи за светот.

Главната практика на Антидот е самоуправување, дисциплина, самоконтрола и создавање парагон од луѓето, односно креирање милитанти, на самоуправувачи, на луѓе заинтересирани за светот и неговото постоење, константно во борба со светот, во константно рециклирање идеи, во константна потрага за вистината. Антидот мисли дека човекот во моментов е воден од луѓе кои ги немаат истите интереси како него, и го гледа самоуправувањето и самоконтролата како начин да се избегне и противречи кон вградената корупција којашто се наоѓа во хиерархијата.

Антидот е циничен кон светското управување, може да се каже дури и дека не вреднува ништо освен идеите и нивната резолуција, дека го гледа севкупното, конечно и сегашно автоматизирање и самоафирмирање на светот како заблуда, како шега, како застрашување од вистинските идеали коишто треба луѓето да ги водат.

Антидот ги перцепира концептите на восхит, гордост, успех, афирмација како крајна цел и единствена дирекција како идоли, како лажни замамувачи на умот, но исто така гледа и главен наратив и пробува да се базира врз изграден социолошки систем, и гледа само еден наратив како мета и правилен, но се смета како да е во активна потрага и еволуција кон него, преку дијалектички пристап.

Практиката на „Антидот“ 

Целта на Антидот е да се направи просечниот живот посреќен, подолг и поисполнет и да се задоволат основните секојдневни потреби на луѓето, од едноставни до посложени. Антидот го постигнува то,а така што допира до поединци лично и локално, како и преку онлајн медиуми, со намера да го едуцира поединецот за одредени прашања, особено кога станува збор за нивниот ментален и физички просперитет, нивните способности и што тие можат да направат за себеси и за другите денес, во тековниот реален момент.

Со тоа, луѓето се способни да го подобрат својот живот во сегашниот момент, да стигнат кон постабилна иднина и да го гледаат светот онаков, каков што навистина е, преку филозофски медитации, практики и водени рутини.

Антидот, исто така се фокусира и на колективното поле со цел да ја промени структурата на општеството, да се промовира посилно чувство за колективно живеење и да се подобри секојдневието на секој човек во заедницата.

Тоа го прават членовите на Антидот и со помош на други организации, кои можат да соберат широка група на самоуправувани луѓе кои се организираат самоволно, како што е во оваа ситуација Дуња.

Уметниците коишто ги спојува Антидот се здружуваат и заедно создаваат уметност, предавања и проучување на светот со цел да се најде противотров за современи економски, социјални и технолошки проблеми на светот.

Со организирање, членовите на Антидот можат да допрат до поширока публика, преку која луѓето можат да го сменат своето мислење и да дојдат до креативни начини за подобрување на нивната егзистенција и општествено искуство. Тоа може да се направи само преку соработка и демократија, којашто Антидот ја промовираше точно на настанот одржан во Дуња.

Антидот има план да патува низ Македонија па и низ поголемиот свет и да искусува идеи, како и да ги проучи сите статии и извори, да доаѓа до антрополошки, културни и идеолошки заклучоци, и да го најде најздравиот и најприродниот секојдневен живот за сите нас, да направи група луѓе кои се спремни да го живеат најблескавиот, но и најбрзиот и најпровокативен, интелектуален живот, да креира суперлуѓе надвор од секојдневната автоматизираност, да креира идеи поважни од самите наши животи, да дава начини да се победат нештата, да се стигне над нив, и ова го мисли на најреален начин, го прави тоа не заради која било друга причина или продобивка освен самата идеја на триумфот над баналното.

Прв дел

Вефикс

Лектура: Е. М.

Кон вториот дел.

Подолу можете да погледнете дел од делата на уметниците кои што беа учесници на изложбата на првиот настан на „Антидот“.

Потрет на Вефикс
Потрет на Вефикс

Вефикс е роден во Скопје во 2003 година. По завршување на средното образование, во 2021 година ги започнува своите студии по филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Истата година станува член на „Филозофското друштво на Македонија“ и добива второ место на државниот натпревар по филозофија во Македонија и станува квалификуван да оди на светскиот филозофски натпревар, каде што одбива да оди. Исто така, ја основа револуционерната политичка организација „Анархокомунистичката организација Глобал“, заедно со Натрикс, како и нејзиното македонско подглавје. Следната година, станува член на колективот на Социјалниот центар „Дуња“ и ја основа политичко-уметничката заедница „Антидот“ заедно со Калин Маловски.

Пишува поезија со социолошки теми од 2011 година и пишува научно-фантастични и трансреалистични романи со политички теми од 2015 година. Првата своја колекција и збирка романи и филозофски тези „Зера“ ja завршува во 2018 годинаи и одбива да се публицира. Во 2022 година го отвора својот билтен „Вефиксиан“, почнува да се занимава со филмска продукција и да волонтира за различни непрофитни хуманистички проекти. Исто така, го формира својот панк бенд “Д Контрол” заедно со Натрикс и Калин Малевски, станува вегетаријанец и почнува да се бори за квир, женски и животински права, а почнува и да се интересира за антропологија, префигуративни политики и историја на филозофијата.

RELATED ARTICLES