АнТез – повторно во Дуња. Овој пат со локална поддршка од BumblingBilboBlowingOnHisBigBlueBalloonBaboonBalls.
На 12 Октомври, со почеток во 20 часот ќе се одржи пристојна забава во Социјалниот центар „Дуња“ со музички групи од Франција и Македонија. Ова е текстот од фб настанот:
„Антез (Франција) е амбиентален музичар, звучен скултпор, кој ја истражува звучната материја манипулирајќи со звучни текстури, фреквенциски распони и со специфични звучни одлики на предметите што ги користи и што тој ги нарекува „уреди“.
Со музика се занимава од својата десетта година почнувајќи со home-made гитара, а во 80-тите го основа својот прв експериментален бенд Primitif Soon. Продолжува да соработува со многу артисти и бендови, како La Cellule d Intervention Metamkine, Jérôme Noetinger, Seijiro Murayama.
Во среда ќе настапи со својот проект Континуум. Повеќе за АнТез: https://antez.org/
BumblingBilboBlowingOnHisBigBlueBalloonBaboonBalls (или скратено BumblingBilbo) е гитарски импров, соничен напад произведен од двајца другари од Скопје. BumblingBilbo се Лука Јованоски и Мартин Џорлев.“