Оваа сабота на 1 Октомври, 2022 година во 17:00 часот во Социјалниот центар „Дуња“, во организација на платформата „Второ азно“ ќе се одржи собирна акција за социјално маргинализираните граѓани. Подолу можете да го прочитате целиот повик на иницијативата или пак да го отворите линкот до фб настанот.
„Добредојдовте во Второ Азно – платформа каде половните предмети имаат неколку животи!
Време е да се подготвиме за ладните денови кои доаѓаат: ќе разменуваме есенска гардероба (мантили, дуксери, блузони, капи, марами, долги панталони…). Нема ограничување во однос на земање/оставање – единствен услов е облеката да биде испрана и во уредна состојба.
Овој пат, во соработка со Пунктот за бездомни лица при Црвен Крст, организираме собирна акција за нашите социјално маргинализирани сограѓани, при што особено се потребни:
МАШКА ГАРДЕРОБА:
– машки зимски обувки (број 40-46)
– нова долна облека (килоти, долни маици, ѕиври, памучни блузи, поткошули)
– џемпери, зимски јакни
– сомотски пантолони, тренерки
– зимски пижами
ЖЕНСКА ГАРДЕРОБА:
– нова долна облека (гаќи, долни маици, боди)
– женски зимски обувки (број 35-40)
– хеланки, ролки, зимски јакни
– сомотски пантолони, фармерки, тренерки
Покрај тоа, добредојдени се и вреќи за спиење, јога подметачи, прекривки за овие лица полесно да ги поминат зимските денови.
Оставете донација за поддршка на независниот простор кој ни овозможува да организираме ваков настан.“
Одете и донирајте!