Во оваа епизода на Депрограма, Руфат, Мариглен и Џејлан, поттикнати од се поголемиот број случаи на семејно и врсничко насилство, разговараат за причинско последичните врски кои доведуваат до нив, проширувајќи ја темата и на трудовата експлоатација. Иако официјално се води борба против овие појави, особено во делот на спречувањето на семејното и меѓуврсничко насилство, сепак се добива впечаток дека тие и натаму остануваат вкоренети во „кодот“ на однесување на луѓето. Но зарем луѓето по природа се насилни? Што е со мерките што се преземаат, погрешни се или недоволни? Дали воопшто може да се помисли на искоренување на било кое насилство, доколку точно не се утврдат неговите основи?

