Во оваа епизода на Депрограма, Зоран, Здравко и Александар разговараат на повеќе теми поврзани со зголемувањето на милитаризмот во Европа, со фокус на Украина. Во текот на дискусијата се отворија повеќе дилеми, меѓу кои:
– зошто се зголемуваат воените буџети на државите додека дипломатите водат преговори за мир?
– дали САД се повлекува од доминантната воено-политичка улога во Европа за сметка на претстојната (економска) пресметка со Кина, или се работи само за ребрендирање на надворешната политика на САД од промотор на либерални слободи во чувар на конзервативните вредности затоа што „народот тоа го сака“?
– после последните случувања во Овалната соба во Вашинтон и преговорите во Саудиска Арабија, дали се реални очекувањата на светската јавност за мир во Украина и Европа;
– каква ќе биде реакцијата на европските народи и работници кога ќе се соочат со кратење на буџетските средства за здравство, образование и социјала за сметка на вооружувањето до заби?

